Од Еспрумисан јас и давав 3 пати по 15,но педијатарот ми рече дека се малку. Треба 3 пати по 25 за да може да и делуваат. Па сега пробувам така. Многу промена и не гледам.
Капките за грчеви само педијатар ли може да ви ги преписе или можат и без рецепта,,,бидејки неколку пати и реков на матичната дека плаче многу има грчеви таа никако да ни препише нешто само вика ке помине од ад-млеко е....
феминки, прочитав еден куп текстови и форуми за грчевите и што се не пробав ама лек не најдов. Инаку избегнувам се што создава грчеви, зелка, грав, зелена салата, млеко, благо, цитрусни овошја итн ама сеа прочитав дека не требало воопшто да се консумираат млечни производи па и компир. Така да веке незнам ни што може да јадам. Има ли некој искуство да препорача некоја храна што добро делува при грчеви кај бебињата? И дали може капки да се користат постојано? Јас искористив 2 шишенца Еспумисан, не сум мн задоволна е сега читам за некој сируп Nursey незнам дали може да се продолжи со него?
Нас грчевите ни траеја многу долго дури до 6 и пол месеци, малава веќе седеше исе грчеше никакви капки не помагаа ама она беше на адаптирано, најмногу што ни помогна сирупот на ербавита коли б нешто така беше 1 лажичка од 5мл за таа возраст и толку беше за тој ден ги давав после тоа уште некои 10 тина дена и се збогувавме со грчевите
Феминки да ве прашам .....се работи за дете на мојата брацеда...бебето има 3 месеци и е на вештачко млеко пошто таа нема млеко и има многу грчеви во мешето.....дали тоа е последица на храната дали знаете или? Бидејќи сепак природното млеко е најубаво но кога не може не може тоа е тоа....
Храната во принцип не делува на појавата на грчеви кај бебињата, барем така тврдат консултантите за лактација. Доилката може да јаде се, умерено и разновидно, но сепак треба да се внимава со артикли кои се потенцијално алергени (цитруси, јагоди, јаткасто овошје). Нема храна што ќе помогне за грчевите, освен можеби ако мајката пие чај од сладок анасон и ким за полесно исфрлување на гасовите кај бебето. Капките не помагаат кај сите, а сирупот, Nurse Harvey's се вика, може да помогне, ама не мора да значи. Инаку тој е на база на ким, и кога еднаш ќе се отвори шишето мора да се потроши за 14 дена, или да се купи ново кога ќе поминат две недели. Даци, грчевите се нормална појава, бидејќи системот за варење кај бебињата се разработува во првите месеци. Бидејќи бебето е на ад млеко, верувам дека мајката дава водичка меѓу оброците, па може да свари малку чајче од неколку скршени зрнца ким и да му дава од тоа чајче по неколку лажички, незасладено. Затоплување на стомачето и масажа во правец на стрелката на часовникот исто помага, и секако, лежење на бебчето на стомак под надзор на мајката
И кај моето бебче започнаа грчевите..има само 15 дена.. Се храниме и со мајчино и со ад но повеќе сме на ад бидејќи имам мн малку млеко... Зедов капки еспумисан и делуваат колку толку но некако не ми се даваат лекарства на толку мало бебе... исто така имам земено и бекутан чајче само не знам по колку да му давам..и дали би и помогнал.. ај ве молам советувајтеме прво бебе ми е
Избегнувај да пиеш слатко млеко,грав,грашок,слатки во помали количини тоа ми текнува засега Можеш да му правиш чајче од ким и од анасон 3 -4 зрнца се доволни. Масирај му го мешето и ставај го во положба како да плива. Грчевите се нормални во првите 3 месеци но незначи дека толку и ќе траат
Јас користев еспумисан не сум нешто мн задоволна.Сега ми препишаа линекс по пола насабајле и навечер.(пола од прашокот од капсулата се меша во малку млеко и се дава со лажиче) па да видам дали ке делува. Инаку на бекутан чајот пишува дека се користи после вториот месец ама можеш и малку порано да го почнеш но незнам дали баш од 15 дена сепак е мн мало. (за ова со Бекутан најубаво консултирај го педијатарот или ако има некој искуство нека пише).
Така е.....фала ти на одговорот...почна по малку да применува како што напиша и стварно има по малку успеси...уште е рано но сепак масажата е многу добра и бебушот се чувствува полесно....душиче целото згрчено...
Ние веќе 3 дена мака мачиме со грчеви. Од сабајле кај 8 до кај 5-6 малата плаче, се грчи и ќенка цело време. Пишти она, мене срце ме боли. Како кифла стуткана да е, легната на мене и само така се одмара/спие преку ден и тоа по 10тина мин, некогаш и повеќе. И ја научивме во раце. И давам по 25 капки еспумисан и и топлам пелена да и ставам на меше. Колку толку тоа помага. Сакам да прашам за ова чаевите,Бекутан и тој од ким што е, мора да и го давам нејзе директно или може јас да го пијам па да се надевам дека така ќе и олеснам?
И јас пробав со капки, со чајче од бекутан со чајче од хумана но ништо не и помага. Јас и правам домашно од ким, во завриена вода ставам 5-6 зрнца ким и одкако ќе одстои малку и давам со лажичка по малку и и се смируваат грчевите.
Очекувај ги после првата недела. Ние мака мачиме со нив, јас не јадам речиси ништо освен ориз, компир и млечни производи, ама како ми се грчи верверко, срцето ми се кине кога го гледам како станува жар за секунда. И тој плаче и јас плачам со него, па татичко не теши и двајцата. Тогаш во него се смирува за секунда, најверојатно ја осеќа мојата нервоза.
И јас исто така само ориз и компири јадам а малата си има грчеви. Нормална појава се грчевите само што кај некои бебиња траат пократко кај некои подолго.
Не мора да значи дека секое бебе има грчеви. Еве синко мој нема, а јадам се, и ајвер, и грав и зелка. Благодарна сум што тера без грчеви, се надевам дека нема да се појават воопшто.
Колку пати се дава чајот бекутан за грчеви ? еднаш на ден една кесичка или како? И приметив 2 паковања.Ме интересира тоа што е по 2 месец што пишува дали се дава уште од текот на втор или пак по навршување на вториот месец.