Подобро пробиотик давај комбинација мислам , компот од сливи касни ти. Колкави сте? Да не е скок некој сега. Зголеми и број на капки по табелата, сигурно ќе се среди
вторник 4 недели полниме..давам по 6 капки..му давав и пробиотик биогаја ама му немам даено неколку дена си реков да не му ги разработува повеќе цревцата па да ни се од тоа грчевите ама не пак исто
Не му прекинувај биогаја тогаш, некои бебенца имаат помалку корисни бактерии па проблем е какањето. Продолжи ја истата комбинација, за ден-два ќе се среди сигирно.
Фала ти ќе продолжам и со колипрев и биогаја па ќе видиме..а компот од црни сливи дали сте давале на бебе или само вие пијате?
Ако сакаш земи од аптека чај против грчеви и пиј 1-2 пати на ден и он ќе го зима преку тебе. Јас сега му давам само пробиотик и плус чајот го пијам и не сме имале некои поголеми проблеми со грчеви.
Исто на Хип чај против грчеви или од Бекутан повкусен е. А свекрвата исто ми кажа дека и од ким помагал ама не сум правела досега.
пијам јас од вчера од ким не е нешто највкусно ама ако ни поминат од тоа цел ден ќе пијам...а еве сега сварив и компот од суви сливи ќе почекам па ќе молзам ако се апсорбира толку брзо..па можи и ќе се искакаме...3 ден не е какан
Мајки кај нас почнаа грчеви. Му давам саб симплекс. Дали има искуство некој со овие капки против грчеви и дали му се даваат со секоја дохрана ?
Не ми давај срц тоа е симетикон, хемија... Јас тука по препорака Колипрев земав и искрено презадоволна сум, ги препорачав и 2 другарки ги даваат исто супер.
Дали ви се случило од капки Еспумисан Л бебето да има повеќе грчеви и болки? Вчера дадов прв пат 25капки пред спиење и денес не сопира од плачење, се витка, се грчи и не може да се искака.
Мора пред секое доење да се даваат. Ако не нема да има ефект, бидејќи помагаат во варење на шеќерите од млекото, а тие ги прават грчевите. Пример ако доиш на 3часа по 5 или 6 капки во лажиче, па си доиш. Ако доиш на почедто, по 3 капки
Да мене со првото бебе ми се имаше случено, само ги групира гасовите, и кога се поголеми меури ги боли повеќе додека да исфрлат. Всушност ништо друго и не прават капките ,барем јас колку што имам читано како делуваат, а тогаш прочитав скоро се за сите капки