Блазесиви штом немате. Сте се спасиле. Бебушов мој вчера и денеска се витка ко топче од што се грчи што го боли стомачето
Не мора да значи дека им се тоа грчеви. И кај моето кога имаше месец дена му кркореа многу понекогаш, баш онака нервозно звучеше тоа, не секогаш се собираше при кркорење на црева, ама за право моево немаше грчеви, можеби минимални ама не видовме проблем со нив. Фала му на Бога. Значи тогаш му беше кркорењето, можеби од тоа што станува активна дигестијата, се прилагодува бебето на млекото. Сега моево има за некој ден 3 полни месеци, па поретко слушам кркорење. Се стабилизира. Колкаво е твоето?
Дали земаш детски чај или обичен? Во аптека имаше само бебешки па не зедов, реков да не има и некој друг бидејќи досега немам видено ни пиено...
Моево е 14 дена. Јас мислам дека му се грчеви дека се напнува да прдне и целиот како топче се витка се напрега. Целото се вцрвенува од што се мачи
Јас и пишував како да го спрема чајот од ким, јас го пијам. Ако мислеше на тој чај, купувам ким од маркет и го попарувам со зовриена вода.
Кркорењата на цревата не е болно. Исто како нас кога ни кркорат. Значи си работат, мене педијатарот ми рече дека е ок сосема да се чуе тоа понекогаш. Инаку околу 5 зрнца ким скршени се варат и може на бебе да се даде по малце со лажичка. Додуша јас не давам бидејќи со колипрев сме супер, требаше малце време ама сега се се среди.
Јас пијам чај за доилки од хумана за да имам повеќе млеко и сум презадоволна. Многу ми се зголеми млекото.
Па скршени повеќе испуштале. Под варење не мислев на да ги вриеш нешо мн него врела водата и покривам да постои
гледај да го масираш по мешето кружни движења со млеко за тело или масло за бебиња што е им олеснува..кога ке се стутне гушни го така до тебе и пробај со чај од ким нас мн ни помогна зашто исто и ние бевме така вцрвувавме додека се испразни плачевме малку и така
И ние ги користиме Саб Симплекс ама некако многу многу не ни помагаат и од вчера почнав со Еспумисан па ќе видам тие како ќе му делуваат на син ми.
Помеѓу саб симплекс, еспумисан и бекутан нема разлика. Сите се симетикони, нешто што е хемија...Сепак секоја мајка има право на своето бебе да му дава што сака. Јас само би сакала да нагласам дека најраниот развој е најважен, бидејќи после слушаме и се чудиме зошто децата имаат нервозни врева, интолеранции на ова-она, нешто што ќе ги следи цел живот. Цревата и нивната функција е многу значајна, цели трудови научниците пишуваат за тоа и не за џабе. А секаде пишува дела лактазата е најзначајна, односно секое бебе имало или не грчеви треба да прима лактаза и пробиотик се разбира. Тоа му треба на едно бебенце, а не хемии
Кој капки да се користат ? Јас поима неам прво дете ми е и се ми е ново. А пробиотик му давам Био Гаја и ок му е кога ќе му дадам му олеснува
Јас тука по совет во групата ги земав Колипрев, требаше неколку дена ама фала Богу се средија. Пробај нас само тие ни помогнаа, еве уште си ги давам иначе за секој случај