Мајки имам едно прашање,дали ви се случило од овој чај бебето да има запек? 4+ сме и деновиве многу плаче навечер само ,му давам и капки за грчеви Infacalm ,ама еве денес втор ден не е какан, а никогаш не ни се случило вака ,од првиот ден си кака редовно дури и до 3 пати на ден.Ќе ве замолам да споделите ваше мислење. Ви благодарам
Мајки здраво, Не знам дали прашањето е за тука па ако знае некоја нека каже каде да пишам. Дали некоја мајка се соочила со непаѓање на папоче повеќе од 4 недели. Педијатарот вели дека е реткост но се случува бидејќи папочната врвца била подебела, но јас сум загрижена (на првото му падна 2 дена откако се вративме од болница, а еве на второво абер нема). Го чистам со алкохол, а дополнително после бањање ставам хидроген и бивацин.
Максимум уште еден месец би траеле грчевите ќе издржиме. За столицата му помогнав со топломерче, се искака и синоќа и сабајлево.
Дали сте задоволни од сирупот nurse harveys? Ми го фалат па да прашам. Од капките ко лактазе не сум задоволна и дадов еднаш детето цел ден се мачеше .а како делуваат производите за грчеви општо сите го намалуваат прдењето или што? Оти капкиве кога и ги дадов не прдна ич цела ден а се грчеше и се мачеше цело време претходно ќе се испрдкаше и ќе си олеснеше и не дадов повеќе од нив. Нз од кај почна да плаче толку до сега немавме проблеми толку со грчеви а скоро 2 месеци правиме, до кога траат грчевите?
Постои разлика помеѓу грчеви и гасови така? Моево еве веке е 3ипол месеци а стално се напина, се витка, се стега. Давам само пробиотик Бигаја но изгледа џабе. Жал ми е така да го гледам. Инаку си има редовна столица, порано беше со секоја мокра пелена сега е 3-4пати на ден. Има начин да му помогнам некако или ќе помине само од себе?
Па кога има гасови и не може да ги испушти му се грчи телото. Вчера го читав ова може ќе помогне: https://www.ringeraja.mk/m/statija/grchevi-kaj-doenite-bebinja_1196.html
Пошто многу прета со рацето. Еве сега спие мирно со него, без со беше само плачеше, сега знам ќе и го одтсвам додека не се излади. Фала ти Јана
Не знам што да дадеме веќе за овие пусти грчеви. Биогаја пробав никаков ефект нема. Кога давам еспумисан малку му олеснува, ама се нервирам.. Претходно си какаше по 5-6 пати на ден златна боја, сега едвај еднаш ако се искака и зелено е.. Се почна откако ми дојде млеко и форсирав доење. Пред тоа кога си беше само на ад супер си спиеше и глас немаше. Сега многу се мачи, се грчи целиот, ептен жал ми паѓа..
Ние мака мачевме, нема што не пробавме. Дури и папочна кила имаше од тие грчеви. Инаку мислам дека и нас еспумисанот ни правеше запек, знам тогаш прашував тука. Еден ден прекинав да му давам од капките. Му се стабилизира и стомачето и грчевите.
Јас му давам пробиотик Рекол бимбо и капки против грчеви прво Колиеф, сега Колипрев. Досега немал проблем за какање, секој ден си сака минимум 5 пати.
Он имаше запек и не какаше два дена, откако почнавме со еспумисан по 2 пати на ден му е полесно, си се искакува, ама кога ќе видам зелено не знам што да мислам..
Чим доиш треба да внимаваш на исхрана, а ова со зеленава кака консултација со педијатар да не му е малце млекце, каката треба да биде златно жолта
Дали бебе цел ден плаче и спиењето не му е поголго од 30 мин од грчеви или нешто друго е...значи буквално на секој пола сат е разбуден со плачење одвај успевам да го нахранам ако начекм да се смири на кратко а да ме е заспан успевам да му дам млекце..ме уништи психички денес цел ден се нишкаме џабе..очињата му се полуотворени и вцрвенети за спиење ама не спие дури не испушти гасови премира..а и не е какан 3 дена да не го мачи тоа?
Дојам и знам, баш тие работи и воопшто не ги јадам. Ама не е гладен. И педијатарот мислеше така ама кога кажав дека и после доење даваме ад по 60мл, ни рече така и да продолжиме..
На доење е? Ако е само на доење 3 дена не се ништо да не кака, и по цела недела не какаат, цело млеко се искористува нема што да кака. Ако се сомневаш на запек провери му го стомачето, кај запек им е цврство на допир. И ако е запек кога ќе се искака каките му се цврсти, суви. Ако му изгледа нормално, не е запек, веројатно грчеви. Плачат многу од грчеви, до излудувње. Дали стега тупаници и дали ги витка нозете кога плаче? Се вцрвенува од силно плачење? Најверојатно грчеви. Прави му нежни движења на ножињата и кога е буден ставај го по неколку минути на стомак да се покрева.
А ад на колку време даваш или колку пати на ден? Зашто кај нас 2 дена по ред имаше зеленикава кака (еднаш дневно) и зачестив со доење и прекина. Не мора да значи дека било гладно ама ако не е ни до исхраната не знам што би било.