на мое млеко е да..ама не ги стега нозете туку ги исправа неможам да му ги свиткам и плачи дури не си прдни после се смирува минута две па пак почнува...цел ден така се збудалив веќе не му е тврдо стомачето ама стенка да кака а неможи
Па како што ми кажа педијатар. Доење на саат ипол, ако не трпи гладен ако плаче да дадам АД и следно хранење после 3 часа. Според него бебето било хрането 1 недела само со АД и кога сум почнала да го дојам од самата промена така му било,требало време цревата да му се привикнат.
Ако го доиш на двете гради, можно е да не го доцицува похранливото млеко кое се јавува подоцна во подојот, на почетокот е поводеникаво за да му ја изгаси жедта. И ако на првата града го испие само "почетното" млеко, но не и похранливото и го префрлиш на друга града и таму го пие само тоа млеко. Моето бебе поради тоа имаше зелена кака. Пребарај на гугл hindmilk и foremilk за да ти биде појасно и пишувај прашувај
И јас мислам тоа е неможи цел ден да плачи од грчеви..сношти од 10 до 3 ноќе спиеше ама се премори цел ден..и пак не е какан
Здраво мајки, Дали е можно од биогаја пробиотикот бебе да има проблем со какање. Само на доење сме, но еве веќе 4ти ден не е какана, но испушта гасови. Се мислам пробиотикот да го сменам... Инаку сме 1 месец
Синоќа се изнамачи со грчевите. Едвај заспиваше по 15 минути и пак се грчеше и плачеше. Прв пат почна со солзи да плаче, очите му се вцрвенија и солзички му се наполнија. Многу ми беше тешко не можев никако да го смирам, ни масажа ни капки нии вежби, ништо не помогна.
Не мислам дека е од пробиотикот, ама 4 дена не се многу за бебе само на доење. А му даваш пробиотик поради некој проблем или така редовно?
Редовно, по препорака од педијатар и искрено мислам дека беше грешка. Со првото исто само на доење не давав ништо и немавме вакви проблеми. Затоа не знам дали е можно од пробиотикот.
Не знам зошто таква препорака ви дал ако нема никаква индикација за пробиотик. Јас не би давала доколку нема проблем, превентивно не би давала, доењето му е доволно на бебе. Побарај си второ мислење
Кај новороденчиња клучно е да се дава пробиотик, зошто цревцата се разработуваат и од тоа се грчевите и гасовите. Пробиотик земаме и ние возрасните кога имаме дијареа или лошо варење и гасови, исто е и за нив. Дури нив им е понеопходен, мислам дека со недавање на пробиотик само контрауслуга им се прави на бебињата. Имам разговарано со нашиот педијатар за темава и ми има објаснето многу работи. Се советува и мајката да внесува што повеќе јогурт, зошто содржи пробиотик. Работата е што има мал милион капки, па зависи на кое бебе како ќе му се погодат. Инаку дека штети пробиотикот, не, баш напротив, многу погодно им делува. Некакањето не е од тоа кај новороденчињата, туку од сеуште неправилната работа на цревата. Кога ќе се развијат, се регулира и столицата. Те цитирав тебе за да се надоврзам, сакав само да споделам со мајките тука
Jas davam.probiotik biogaja use od pocetokot eve skoro sme mesec dena i nemam nikakov problem kaka duri po 5 6 pati ma den
И јас давам биогаја, ама не прават којзнае што. Вчера заборавив да му дадам сабајлето, покасно му дадов, исто се понаша и да ги пиел и да не. Ама педијатрите велат убаво е да се дава. не знам само дали смееме и друг пробиотик плус да дадеме заедно со биогаја, на следна контрола ќе прашам..