Давам и еспумисан и колиев , по препорака на педијатар , еве читам ума и колипрев капки , ме мачи што преку ден речиси и не спие , спие само на мене на града , период ли е не знам ? Чудно ми е ко ке речат бебе спиеше 3 часа , сношти чудо се деси легна 22:30 се пробуди во 6:30, ама со спиење преку ден никако, дај Боже да се промени до тоалет не можам да отидам хихи
Колку месеци е? Кај нас се менува ситуацијата секоја недела, кога беа јаките грчеви плачеше по цела ноќ, а преку ден си дремнуваше на цице само и ми се фаќаше и ден и ноќ да ми е во раце. Па почна ноќеска да врзува и по 5 саати, а дење ич. А пред неколку дена навечер го возиме во кола и спие нонстоп и дење и ноќе Сега полека влегуваме во втор скок и еве цел ден е на цице, ќе видиме ноќеска.
2,5 месеци , велат дека од 3 -4 месеци ке мени па се надевам дека ке имам време барем малце да мрднам хехехе , не дека ми е тешко ама ми е жал за него кога плаче кога се грчи , се мачи да заспие а го мачат грчеви , хехе ме утеши сега дека има и други немирковци како мојот хаха , можеби се повторувам со прашањава ама немам време ни да прочитам нешто се извинувам ама овде најповеке можам да си најдам одговори од поискусни мамички ***
Ние сме 10 дена пс како поискусна менуваат ли секој ден рсзлично? Сабајле стана во 7 и заспа дури 11 и пол до кај 2 толку... И сегс еве едвај се обидуваме да завлечи само кенкаа.. Грчеви бара да цица само пошто до тоа се смирува друго нема и поврати оти му е многу и само за то плачи да незнајш шо да му прајш
Ме теши тоа што и други бебуши имс вакви хихи , ноке спие од 22 до кај 5-6, ама некои денови памперсот му е сув , ке се консултирам со педијатар за ова, денес ми се искака после 3 дена јупиии , и далу каката со зрнца е нормална појава ? Цел ден кемка плачи се празни
Тек 4 месец ќе се мердниш заради скок и регресија во спиење хахах 5ти е после тоа топ, бар кај нас се додека не дошло до запче. Иначе мојава до 3 месец имаше многу грчеви,4 изчезнаа.
Мајки кои капки за грчеви да ги земам ? Почнав пред 3 дена со био гаја ама изгледа ќе морам во комбинација со некои капки, грчевите со био гајата не и се смируваат. Денес од кај 10 до 12 се откорна од грчење и од плачење. Морам утре да купам ама незнам кои..Ваши искуства?
Зависи кога ќе ми текне не е ограничено со време кога ќе му се даде пробиотик, некогаш давав сабајле некогаш поручек навечер...А еспумисанот е пред секој оброк.
Пред секој оброк даваш 25 капки еспумисам? Има ли ефект? Јас давам 3 пати по 25 ама ништо пак се грчи
Јас и давам 3 пати на ден по 25 капки после цицање. Моментално само и ги смирува грчевите, незнам дали коа ќе го потрошам ова шишенцр да пробам со некои други капки
Кај нас ,кај малата завршија грчевите ама синко уште има. Ни колиеф не помогна многу ,многу спас најдовме во капки инфакалм по препорака на педијатар и давам по потреба кога има грчеви 3*15 капки на ден.
Мајки како дозирате еспумисан капките? За ќере пред 3г. памтам и давав 3 пати по 25 капки, а во упатството пишува 25 капки пред или после секој подој.. нели е многу по 25 капки на секој подој?