Мајки бебе е скоро 2 месеци, давав до сега капки колиеф веќе 1 недела нема грчеви да прекинам да давам веќе или пак да купам да му давам превентивно паk да не почнат?
Јас плачам со бебето, грчеви имаме многу давам колиев и сирум Nurse Harvey's пијам чај од ким и пак има веќе незнам како да и помогнам
Јас на бебе му давам чај од Бекутан. Нас ни помага. Но, бебе прееска се искина од плачење. Толку јаки грчеви имаше, што неможев никако да го смирам.
плантекс нас повеќе ни помогна за олеснување кога не може да се искака бебе 3-4 дена. Помага и за грчеви ама не многу. Додуша немавме многу грчеви. Со првото дете користев Бекутан чај анасон и многу бев задоволна ама содржи шеќери ако тоа нешто многу ти менува но баш поради што е поблаго бебињата го сакаат
Јас на малечката и давам био гаја капки, плаче денес има грчеви. Сакав да прашам дали може покрај капките да и давам и чај од бекутан? Или пак да земам јас да пијам чај од ким, само да ми кажете каде се купува или како се прави ? Ви благодарам
Чајот од Бекутан од анасон помага кај бебиња за грчеви само ако му даваш премногу ќе го замаии, ќе го успива многу. 1-2 на ден да пие доволно е.
Нема врска тоа, не дека е многу туку не е препорачливо да се дава вода и чај на новороденче. Пробај една недела прво ти да пиеш. Јас пиев чај против грчеви од Хип (можеш и Бекутан) и плус чај од ким. Купи си ким од продавница, стави неколку зрна во шолја (зависи колку јак можеш да пиеш, јас ставав многу) и попари со врела вода. Нека стои 10-15 мин и испиј го. Во принцип гледај да испушта гасови, значи обавезно ждригање после цицање, кревај му ги нозете накај мешето свиткани во колената или како точак да вози, ставај го на меше, држи го во раце со мешето свртено надоле (твојата рака на неговото меше) или стави го со мешето на твоето колено благо да го притиснеш да прдне полесно.