@Mantub се препишуваат оти и лекарите имаат корист,двајца во фамилија ми се фарм.претставници. За жал,така функционираат работите во Мк.Се оградувам од било какво тврдење за делотворноста на истите,ете има мајки кои тврдат дека им помогнале и тоа е супер.Но не верувам дека баш на сите бебиња им се неопходни. Овде важи твоето мислење,дека терминско бебе особено природно родено и доено,нема потреба од ништо.Кога даваат суплементи или лекови,не се врзуваат со конкретен бренд. Се извинувам за офф-топик.
Јас му давам на моево и да ти кажам искрено денес 5 ден како го пие и премногу му помага. Најдобро чајче до сега. Почни да даваш многу ќе му помогне на бебето. Јас сум презадоволна. Син ми од кога почна да го пие си прцка на раат му олеснува ептен. Му го давам и сирупот и со чајот супер комбинација
Што состав има чајот Плантекс? Бебе е 2 недели старо и мака мачиме со грчеви ,давам биогаја капки ,земав и гас бимби ама некако не помага ,ставав и термофорче ама дека топло надвор па цела е вруќници после термофорчето,денес бевме на педијатар и баш го прашав докторот за топло за термофорчето ми рече летно време не се препорачува термофорче и топли пелени да се ставаат ,најдобро е раката мајката да ја става на мешето на бебето и ќе се смири .Сакам да пробам и со некое чајче зашто се мачи бебе попладне од кај 5-6неможе да се смири и да се успие убаво дури до полноќ понекогаш .
Ова е и за бебиња ние сме 45 дена. Анасон е по состав и нас најмногу му помогна овој чај. Од кога ќе го испие одма му олеснува. Се смирува одма. Во кутијата има 10 пакетчиња а се продава и по едно. Ама убаво е да си земеш цела кутија.
Zdravo majki sakam da ve prasam kako gi koristite kapkite colief za vasite bebinja go sledite upatstvoto ili ne
Јас првиот месец кога користев давав според упатството ама немаа ефект и ги баталив..ако ги даваш давај според упатство секогаш
Се случува да дадам капки, ама исклучиво по потреба, бидејќи сметам дека дејството им е моментално па каква корист да пие без потреба 3 пати на ден или како и да е. Кога забележам дека се мачи давам а не како превентива. Други додатоци, чај, вода, пробиотик- не.
На бебето му давам чај од Бекутан од 11 ден. И многу му помага, фала му на Господ. Секое бебе е приказна за себе. Што помага кај едно не помага на друго и тн. Мислам дека не е во ред да се кажува не користи ова или користи она. Ова смее, она несмее. Секоја мајка бара само најдобро за своето бебе.
Бебе мое се искина од плачење од грчеви. Душа моја сега престана. Секогаш кога ќе му дадам пробиотик, бебе плаче не запира. Толку со пробиотикот. Повеќе не му давам. Колку плачеше душа ме боли.
И јас вчера прв пат и дадов био гаја, после тоа на секој саат плачеше се грчеше. Се думам дали да и ги давам. Некако бетер е со нив.
Дали сирупот го давате редовно и по колку пати бидејќи и јас го земав и давам само кога има грчеви ама не и помага..дали грешам ..како вие го користите @Bilbilce
Од кога исфрлив млечни производи од исхраната бебето се смири од јаки грчеви. Има многу ретко но не се толку јаки како што се одеруваше од плачење