Еден саат може да се пие ад? Нас ни рекоа 20 мин. само. Јас гледам на часовник 20 кога ке поминат, ако не го дојаде, го фрлам. Не знаев дека може 1 час. Или кај нас, дека пред време родени така препорачаа?
Капките на хумана против грчеви, на природна база биле, ги има ли некој користено. На мажот ми му го препорачале во Зегин, демек ептен добри биле. Мојава, од колиеф повракјаше, бекутан капки против грчеви давав, ама не Видов некој резултат.
Еден саат може..додуша јас не сум чувала оти спремам ко ќе почни да кемка и ако не го допие го истурам иако педијатарот ми рече можи да се чува во фрижидер до наредно хранење и демек тоа дека не треба да се дава е само реклама за да се трошело млекото...не сум давала стоено подолго од еден час..
До 1 час и јас знам, а со Колиефот секако мора да стои 30 минути, па бебето после го пие, не може 20 мин да е.
Мајки помагајте, бебе е месец и три дена мака мачиме со грчевите, кога ќе се уплаче нема смирување со солзи и и се менува бојата на лицето. Еве една недела давам сируп нурсе два пати по 5мл,сега педијатарот вика да пробаме 4пати по 1,5мл да видиме дали ќе и помогне. Инаку еден дн ако е добра другиот ја фаќаат еден саат третиот цел ден
Па смемувај тогаш...не е за дозирањето само, него компонентата што е внатре значи не му помага. Јас 3 та среќа имав . Прочитај тука имаш доста искуства мислам...нас еве само Колипрев ни помогна конкретно
Купи си инфакалм оил ем е дупло поефтин од нурсе ем е поефикасен.20 капки сабајле 20 навечер пред доење и бебето е раат.Во меѓувреме му давам 2 пати по 25мл чај од анасон на бекутан и супер си е
Мајки хелп! Уште шо не пробав, саб симплекс, еспумисам, био гаја, чајчиња, чај од ким, термофор, масажи, фен... свашта.. бебе ми мени боја и глас од грчеви, срцево мислам ќе ми прсне. Дајте некоја идеја или начин да се решат тие пусти грчеви.
Гас бимби капки, чајот на Плантекс и масажи тоа не спаси. Инаку исто уште што не пробав, многу пазаев на исхрана и уште пазам пак имаше
Се си пробала. Да не си јадела некое овошје или зелен зеленчук? Колкаво е бебето? Ставај го неколку пати дневно на меше полесно да испушти гасови. И пиј си б комплекс или безалкохолно пиво навечер да се опуштиш.
Драга пред доење земи чај од камилица. На бебето исто така може да му дадеш малку чај од камилица ама ептен малку капка по капка во текот на денот. Инаку може да се направи блага масажа на стомачето со кружни движења со масло од камилица (уште подобро доколку е домашно подготвено во маслиново масло). Значи внимание не говорам за етерично масло од камилица туку билно масло од камилица.
Зеленчук никаков немам јадено а од овошје само праски, круша и ретко банана. Инаку бебе е 3 недели, затче мало... Го ставам и на стомак, го тупкам и по газе.. Се молам побргу да помине тој период оти готово и јас скренав.. ко жив мртовец сум Идејата за пивото и не ти е лоша ❤
Земи си лактаза капки. Јас конкретно од Колипрев сум презадоволна. Бебе ми се препороди, расположено и среќно, а и ние дома сите хехе.. само давај ги редовно без прескокнување. Џабе кимови се премачив, камилица никако кај мало бебе.
Исфрли праска и круша, бананата е супер јади секое сабајле по една. Патлиџан можеш ама без лушпата. Како што ти пишале и нас ни помогнаа Колипрев капките 4-5 пати на ден по 4 капки пред доење. Многу е добар и пробиотикот Recol bimbo баш затоа се користи, пишува и на него дека го намалува плачењето кај бебињата. И пивце за живце