Хм...за Штип не знам...ама секогаш постои можност да порачаат. Во Ск карши клинички има, Стем се вика аптеката баш неколку пати таму купував. Инаку за дозирањето, табелата е ако се мн јаки грчеви. Стандардното дозирање е 5 капки на 3 часа. Јас така сфатив од педијатарот....дека е безбедно да се зголемува дозирањето по потреба према табела за возраст, не мора постојано таа доза.
Да да тоа секако , ако е на покрсток период и мало бебенце нормално . Муабетот ми беше дека не се исто дозира како колиеф и почетна доза ќе е 5 капки на 7-8 оброка. Моето прво пиеше по 6 капки со секој оброк како минуваа неделите само си покажа дека треба да се зголеми дозата , сега пиеме по 8капки и имаме 8 оброка и на секој пие фала богу добро е. Мада што активната состојка неможеш да му биде нешто сепак е ензим кој го има во телото само не доволно. Пред да почнеме со капките бараше јадење на 2 или 2 ипол часа максимум , одкако почнавме се регулира ди јадеме на 3 х, навечер знае и подолго да спие
Сакам да споделам искуство. Бебе утре 4 недели, од саботата не беше какан. Му давав чајче бекутан, кимче, на биогаја капки за грчевите, масажи, топли купки и оак ништо. Ми рекоа дека е само на мајчино млеко и било нормално се за себе задржувал. Почна ужасно да плаче, а на биогаја капките само еднаш на ден можеш....денес бев во аптека да земам нешто што можам бар неколку пати. Ми ги предложија Co-Lactase (lactase enzyme drops to reduce lactose content in milk) Цицаше, па му ги ставив со малце чајче....во секунда се смири и после 5мин слушам дека кака. Се олесни душа мила, колку мака имал...ето за сите што имаат ист проблем, 380ден се, не знам за понатака ама сега огромна работа ми завршија
Tie kapki sodrzat laktaza isto kako colief, i i coliprev . Se davaat za grcevi kaj bebeto koi moze da se javat zaradi nedovolno prisustvo na enzimot vo organizmot za razlozuvanje na laktozata od mlekoto.
Јас си правев едно тенџерче, може литро или нешто повеќе. Некогаш ставав цела кесичка 10гр некогаш од око (кога земав од 30гр кесички ким). Да зоврие, и едно 5мин да врие и го прецедувам во бокал. После си го пијам во текот на денот.
Кај моево ништо не делуваше и прекинав со секакви капки и чаеви и за среќа грчевите му прекинаа на 2 месеци и не се појавија веќе
Јас капки за грчеви давав 1недела и некако тогаш се погоди како најтешко да и е. И ги прекинав. И овде прочитав за чајот од ким, и си варев секој ден или од ким или од анасон. И немавме проблеми и бебе си какаше и прдкаше без проблеми. Евентуално давав плантекс чајче на 2 до 3 дена, ако приметам како да се мачи да се искака. Еве скоро дури почнав и манџи да јадам, си ставам малку ким во водата уште на почеток.. Е сега дали е до пробиотикот, до чајот од ким, до чајот бебе што го пие, до вежби што правиме или едноставно до самото бебе да нема толку јаки грчеви тоа незнам. Останува секоја мама да проба да види што највеќе и одговара на нејзиното бебче
Кај нас ништо посебно не помогна. Пробав се што може ама деновите кога имаше јаки грчеви со плачки ги поминувавме. Намалуваа неколку дена и пак одново. Секако продолжете си со чаеви, капки против грчеви, пробиотик за да не паничете и да трчате во болница како мене.
Мајки, пошто на матичната на децава не можам баш да се потпрам, каков пробиотик давате за новороденче? Дали можам Био Гаја, не сум давала до сега ни на поголемото, има ли правило како, кога и колку време се дава, односно дали треба да се паузира?
Јас давам Рекол бимбо 2х5 со тој почнавме од почеток и му одговара. Био гаја се дава 1х5. Не се прават паузи. Да дополнам, исти се само Рекол е италијански, а Био гаја шведски.
Био Гаја давам на гладно, така ми кажа педијатарот, за убаво да си помине низ црева. Без паузи откако е роден давам.
Еспумисан капките во млекце ги давате или само нив во лажичка? Пошто се по 25 не знам како се даваат од вечер и со нив да се пробам