Првото шишенце ни делуваше добро, после второто веќе не делуваше и го баталивме и него. Сега со еспумисан ќе пробам.
И вие си имате мака значи.. Нема што не пробав мајкаа. Колипревот нелколку дена супер ни делуваше после уште полошо беше, еспумисанот и тој не ни делуваше :/ Дај Боже вас да ви помогне
Исто мајкаа и ние се пробавме. Колиеф, бекутан капки, нурс сирупот, шишенце томи типи, термофорче, чајче вакво такво. Ништо не помогна освен нурс сирупот првото шишенце, после исто.. Од утре со еспумисан ќе пробувам..ама како што ни кажа докторката, додека не помини само по себе само ќе се залажуваме.
Да знаеш само еспумисанот може запек да направи. Ме предупредија мене ама првиот ден си се искака, продолжив да давам и после 2 дена едвај се искака.
Дали тие што користите колипрев капки штом ги давате и бебето се смирува?Колку време требс да помине за да реагираат?Имсм впечаток дека штом ги дадам капките му ги слушам цревата како му кркорат и бебето се мачи се вцрвенува уште одма додека цица.И спас од грчеви нема.Јасно ми е дека не можат скроз да исчезнат грчевите но барем да смируваат некое врњме од денот.Се мислам да ги прекинам скроз колипревот но не знам што да давам место нив.Некој со слично искуство?
Ај ти пробај внесувај повеќе компир, ориз, банани во исхраната. Значи, доручек и ужина банана и имај компир или ориз во оброкот секој ден. Пробај исфрли го колипревот ако не помага и ставај го неколку пати дневно на меше да лежи, ако кенка занимавај го со играчки.
Здраво, те што сте користеле колипрев, кско ги нсмалувсвте пред целосно да прекинете колкав период. Гкедам на упатството пишува постепено да се намали дозата на пола пс преку едно хранење.. но на колку дена дсли знае некоја?
Јас му давав Колиеф, постепено ги намалував. Прво почнав да давам по 3 капки и едно три недели така му давав, па две исто толку, па една капка додека не ги дотрошив. Не знам како пишува во упатство, но јас решив ептен полека да му ги намалувам.
Не прекинувај. Почекај неколку дена. Најверојатно веќе имало ферментиран шеќер во цревата од пред да почнеш да даваш. Ќе се среди само трпеливо. Полошо е мн често да се менуваат работи. Таман цревата ќе се потсредат нова супстанца. И тоа не е ок. Давај ги редовно и ќе сфатиш што зборувам
Јас давам биогаја капки и пијам лактамикс чај, но многу грчеви има малата. Скоро 3 недели ќе прави, земав денес термофорче со паричка од зегин, дали сте ставале такво, има ли малку ефект? За вечер ако не да го пробам и него.
Јас користам такво термофорче ама шо знам, не ми имаше некоја разлика плус тоа со тек на користење дали негде пукнало, едно сабајле малиот беше жива вода. Пробај со фен
Како со фен?ами тоа бучи, ако ја исплашам, уште толку ќе ми врисне. И онака кога плаче, срце ме боли оти се грчи целата
Не си свесна колку те разбирам. И јас така една вечер од 20:00 кога почна со врескање до 2-3 и веќе од шо не знаев шо да правам го земав фенот, го ставив на послабо да дува и нели да не е на најтопло и од раздалеченост му дував во мешка, ем се грее ем звукот ги смирува. Пробај си
О колку те разбирам :'( Пробај и со сирупот nurse harveys.. ние го користиме моментално и потпомага ( ,пу, пу, пу)