Некои ставаат на меше пелена затоплена со пегла. Јас имам едно полнето со пченица кое се загрева во микро или во рерна и се става како појас над облека.
Овде 1000ден го купив лани за син ми. Сега може тука така да е цената Земи лжиче силиконско капни од града 3 4 капки млекце и еспумисан. И дирекно во уста.
Го има во сите аптеки мислам. Јас сум од Велес и го купив, т.е мажот ми го купи од Жива фарм, ама мислам секаде го има. Е за цената не знам точно ама мислам дека е околу 900 и нешто, ќе го прашам па ќе пишам.
@Alishan30 не мора да уклучуваш фен, пушти на телефон anti colic sounds на you tube, мојов кога имаше грчеви како бебе само тоа го смируваше. Нема да ја исплашиш не се секирај, велат тој звук го слушале слично додека биле во матка. Еве ова конкретно Знам дека е тешко ама ќе поминат грчевите за месец два, со лесно
Има и апликација baby+ има доста опции меѓу кои и приспивни песни и бели звуци. Работи и во позадина додека си правите нешто друго на тел.
Кај нас после 17ч до кај 20ч некаде , сега се намали малце ќути арно поминуваме. Смени ја биогајата во ваја за една недела ќе сетиш разлика , нема секој ден да ја боли, земете нурсе харви и давај го ко ќе почнат појаки болки
Јас ја давав таа комбинација. Дали се погоди комбинацијата или малиов немаше некои проблеми не знам, но супер помина со грчевите.
Веројатно ти кажале ама да те потсетам колиеф да ги оставаш пола саат во млекото пред да ги даваш, пишува во упатството.
Не прочитав за ова во упатството, во кое млеко? Моето, да измолзам и да стои? Јас ставив во лажичка 4капки и пред подој и ги давив, цицаше таа, и еве ја спие сега
Па јас на почеток и доев и ад давав и капките ги ставав во шишето. Не знам за доење како иде ама памтам дека се ставаа во минимум 15-20мл млеко. Ај баш прочитај во упатството или некоја поискусна да пише.
Треба да се одмолзиш, па да измешаш со млекцето за да се активира ензимот, пошто не е активен...колипревот има активен ензим и е попрактичен во тој поглед. Ама лактаза штом даваш немате гајле, само давај ја редовно. Ништо друго не може да делува на грчеви од суплементиве повеќе од лактаза
Го има ли некоја ова перниче за грчеви или слично да ми каже како се загрева торбичката? Во микро? И колку време? По грешка ја фрливме кутијата, па немам упатство
Не, на своја рака давам. Систина колиеф ми препорачаа, ама реков ај прво со овие да пробам. Систина не знам ни кај кој педијатар да одам, сите ми се мутави.