Јас сум презадоволна од Станка. Првите прегледи мерат и следат напредок. Ништо посебно не ни има. Ако имаш барања или нешто да е занемарено, прашувај ги. Бар Станка е многу отворена и комуникативна.
Јас имам исто. Загреј го на 20-30 секунди и види на својата рака подржи го малку за да видиш колку е загреано. Подржи на кожата своја бидејќи кога е повеќе време на кожа, може и жешко да е. Ти секако над облека ќе му го ставиш на бебето, но сепак може жешко да му е. Истестирај така со секундите во микро и после на температурата што одговара ќе го загреваш.
Може и во рерна, но ако имаш микро, сигурно нема рерна да пушташ на секое. Или можеби на рингла може во некое тавче, но не сум пробувала така. Додуша само еднаш го имам употребено
И јас давав колиеф по 4 капки во лажичка со малку измолзено млеко (кој ќе молзи 15мл) И не чекав половина час бидејќи малата немаше време за чекање,ги давав па си цицаше скоро веднаш... Нас ни помогнаа и на овој начин, грчевите многу се намалија.
Дефинитивно вака и јас ќе ги давам,бидејќи пробав на средина од подој да тргнам дете од цицка, да ги дадам и потоа со живи маки сака повторно да цица. Не ми е ефикасно ова. Подобро со малку измолзено млеко пред да почне да цица, на крај таа заспива и ништо од капкиве
за тие што ги користат капките против грчеви Lefax, како се дозираат? По колку пати на ден и кога? Се работи за 2недели бебе.
Можеш наредно да се обидеш ако сакаш со колипрев бидејќи е активен емзим и кај нив не мораш воопшто да се одмолзуваш. Во лажичка, уста, па на града. Доста практично е
Мамички, тие што користите Infacalm капки како ги давате, само по потреба кога ќе се јават грчеви или секој ден?
Како и кога плачат децата со грчеви кај вас? Вриштењето, ми кажаа дека е најинтензивно околу 3та недела од раѓање, ќерка ми е утре полна 3та недела. Многу плаче, страв ми е дека ќе се научи само во раце, и само кај мене, бидејќи по цел ден сум со неа. Не издржувам повеќе е од 2 минути да не ја земам кога се грчи во креветче. Да ја ставам ли да спие во гнездо, нели е тоа меко? Но можеби ќе и помогне
Софи кога плаче или се грчи, без разлика за што и да плаче никогаш не сум ја оставала во креветче, веднаш ја кревам. На почеток кога имаше грчеви и плачеше, бараше цице да се смири. Таа со мене е 24/7. Со никој не ја оставам. Освен со мм. И тоа да завршам нешто дома, јас да се средам..итн Еве денес сме 3ипол месеци. Не е навикната на раце, повеќе сака да лежи,да гледа тв,седи со мм без проблем, и прави глупости тој, се смее со него. Муабетот ми е. Бебушка ја бара мама и кога ја боли нешто и сл. Нема да ја навикнеш во раце. Немај гајле. Мене сите ме напнуваа, не ја држи, ќе ја навикнеш. Е ако де, едно бебе имам, тоа ми е работа, ќе ја држам. Така велев. На мојата држење во раце и тапкање по газе малку и помагаше да се смири,кога нејќеше цице.
Заспива после плачење, и само што ја оставам да спие на кревет, да не ми е во раце, почнува за 2 минути да плаче. Ја земам, се смирува и се така во круг. Страв ми е, да не јас грешам некаде
Грчевите најчесто се застапени навечер. Тоа со 3 та недела да не се оптоваруваш, не е правило, секое бебе е различно. Има бебиња и во 5 месец што имаат грчеви. Знам дека даваш лактаза. Продолжи така+пробиотик и немаш гајле. Многу е битно да си смирена и да не се вознемируваш бидејќи чувствува бебето. Остави го некоја минута и да поплаче,пуштај звуци да му одвлекуваат внимание. Не го заучувај цело време во раце,сега се како ќе го научиш така ќе биде. Да не ти отпадне половината после кога ќе потпорасне За тоа со гнездо обиди се не губиш ништо
Треба да почекаш 30 минути пред да го дадеш. Имаш и активна варијанта каде што не мораш да чекаш туку веднаш може да го пие беба млекцето, колипрев се викаат
Не грешиш, период е, мора да помине. Ете јас бев слабак да речам, и не можев да ја гледам како плаче. Минутка не сум ја оставала. Можеби ја сум грешела, ама истото и за друго бебе би го направила. Таа е беспомошна, плаче,се грчи, јас да ја оставам така? Нема шанса,макар раце ми паднале од нишање. Ама тоа сум јас. Не значи и дека е правилно тоа. Мила ти си мајка, како ти вели инстиктот така прави. Еве Софи уште има грчеви, навечер и сабајле кај 6 часот. Штом квикне одма скокам, нишам, правам се да и олеснам малце. Помага да ја држиш во раце ама на стомак да е. Мм така ја држеше Мене страв ми беше дека малечка да не ми падне. И сега си бара близина затоа плаче кога не е кај тебе. Како одат месеците нема да е таква
deka vekje gi imam ovie, da vidam dali ke se dobri pa ako se ist sostav mozam da gi zemam tie drug pat