Слободно земај ја во раце колку има потреба и колку ти душа сака. Мојава по раѓање, бидејќи прематурче, нон стоп беше во раце, де кај мене, де кај свекрва ми. Еве сега, не сака, сама кренка ако ја држам подолгу во раце. Си сака да си лежи во креветче иливо корпата од количката. Не сака многу гнавење. Така муабетот дека ке се навикне во раце не е точен.
Мојов не плаче ама многу се грчи и тогаш најмногу бара да цица па бљуцка. Шетаме надвор со количка кога мислам дека најмногу ќе го фаќаат грчевите или пуштам аспиратор или бели звуци. Нека спие во гнездо ако мислиш дека ќе помогне, ако е меко ништо страшно некој период. Тешки се грчевиве дур пројдат. Еве јас еспумисан давав сега преминав на Колиеф ама цабе мислам.
Ќе ти пишам мм како го прави бидејќи негова одговорност е вештачкото. Кога ќе го подготвеше млекото на 40 степени, капнуваше Колиеф и чекавме 30 минути пред да му го дадам, а го одржуваше топло млекото. Во целата количина од млекото се ставаат. @Alishan30 Ако е баш меко гнездото, не ја оставај долго да лежи, сепак треба на тврдо да лежи и да спие. Јас моево го научив да му дадам цице кога ќе заплаче, легнати еден до друг го галам и гушкам. Ме боли грб ако го држам долго во раце, имам проблем со искривување, па вака лежам. Окапав од лежење, но барем не го научив во раце бидејќи не можам долго да го држам.
Кога бев бремена многу читав и нешто битно што прочитав е дека бебе не треба да се остава да плаче.Штом заплаче треба да се земе одма за да знае бебето дека мајката е тука Со тоа се учи бебето дека е на сигурно и мајката е секогаш до него.Така побрзу ќе се смирува и врската меѓу вас станува се поцврста Знам колку е напорно , сама цел ден со бебе во раце.Мачно е и тешко, ама никогаш немој да се плашиш дека ќе го навикнеш во раце.Тоа е бебе , нашата градба е таква да го држиме во раце тоа е многу нормално.Верувај фаза е .Ќе дојде период кога само ќе скокне од рацете и ќе каже не сакам во раце, ќе каже не сакам да ме лулаш сама ќе си заспијам , а до тогаш уживај и знај дека сега си најбитна и најпотребна на бебето.А периодот ќе помине брзу Јас ја доев лежечи па таму си ги штедев рацете.Бабите се чудеа и ми велеа дека повраќа оти ја доам лежечкиАма јас не им се замарав и си ја доев лежечки па грбот не ме болеше На почеток ја ставав на кебенце за да не и е ладно директно на чаршавот и помалку ми се будеше.Можеш да пробаш со твоја блуза на креветот испрскана со млекце или неколку дена носена, за го чуствува мирисот и да мисли дека си таму. На почеток сите родители се нинџи.Бебето слуша многу и од секое крцкање на ламинат, крцкање на кревет се буди.Тоа било заштитено од звук 9 месеци и сега од се се плаши и се му е гласно.Ќе се навикне. Пробај и со бели звуци каде што треба да спие.Ние имавме таблет што со саати пееше таква музика.Ќе биде полесно и верувај после ќе даваш совети тука т.е на мене кога моето ќе се роди, колку е лесно , а јас ќе прашувам кога ќе заврши
Не да сме нинџиии баш вакви сме. И во секоја соба песничките одат, таа една бебешка и на релаксатор и на секоја справа пее истата. Кога спијме ретко се гасат, таман за убаво во коски на глава да ни влезат. Маж ми синоќа беше со неа цела вечер, таква главоболка имав, што само ја доев а тој нишаше и шеташе со неа по собите. Одвај чекам да помине овој период, нонстоп се преиспитувам дали грешам, но очигледно е дека мора да се стрпам и да помине. Фала ви за советите, на сите Дај биже да немаат вашите грчеви па да нема потреба јас да советувам Муабетот на мајка ми: "леле бе сине, толку се измачивте за бебе, па и терапии у бременост, мислев сега дека ќе биде мирно, оно нонстоп плаче" Тоа е-ќе помине, што друго да кажам
Доилки најмногу страадат од главоболка оти забораваат течности да пијат. Шише,бокал или било што да имаш каде ќе гледаш колку вода си испила и да те потсеќа да пиеш и гледај да јадеш редовно.Може си дехидрирала Верувај од мојата поголема плачка нема и ден денес е таква
Ќе помине, само многу трпение и смиреност треба. Моето се измачи до четврти месец со грчевите, јас и маж ми сме истрауматизирани што и сега да заплаче ние скокаме и ми се тресат нозете. Се согласувам со Ава дека не треба да се остава да плаче и треба да се одговара секогаш на потребите на детето. Прочитав некаде дека децата на кои им се задоволуваат потребите веднаш, мајката е секогаш тука да го утеши кога плаче имаат голема самодоверба кога ќе пораснат. Нормално, ова не се однесува на периодот кога се поголеми, па да се разгалуваат и да им се оди по газот за се што ќе посакаат туку додека се бебиња.
Мајки гушкајте си ги бебињата, додека да трепнете ке наполнат година и ке проодат, па нема да седат во раце ни за да ги бакнете. На бебињата им треба близина, утеха, мирисот на мајка им. Од една средина како што е матката, сега се прилагодуваат на нови звуци, мириси, движења, начин на хранење. Нишкајте, пејте, и мислете си дека ке помине. Бебето плаче затоа што има мака, не затоа што манипулира со вас. Синко на 14 месеци плаче кога сака да добие нешто, ама тоа е тантрум и манипулација, а бебе од неколкку месеци не го знае тоа.
@Ava.84 кажа се што мислам јас. И јас ја дојам лежечки. Најубаво ми е Мојава за дете што е цело време во раце ,еве сега ужива легната кога е, некогаш и плаче кога ја кревам значи муабетот дека ќе ја навикнеш во раце можеби не е точен. Може период и е, не знам, ама јас пак си ја кревам, жал ми е
Секоја од нас во мајчинството сама мора да си осознае се на крај. Секоја беба е различна. Нејќам да се наметнувам, ама бидејќи ми е 3 то, морам да ви кажам. Сунѓери се сега се упиваат. Не дека манипулираат ама основен инстикт имаат. Ако почне во раце во раце ќе сака. Ако е со лежење самите кажувате нејќе во раце, сака да лежи. Како и да е штедете се зошто не е само ова, секој период си носи нови захтеви
И моево не плчи,но многу се стега,црвенее,бљуцка од стегње и цуца цуцла нервозно. Но не е во одреден период него така како повејќе пати во денот е таа вознемиреност да ја наречам со грчење. Навечер е поизразено. На ад е. Давам и колиеф во секое шишенце и пробиотик,но мислам дека треба само време да помине. Уште во болница почна да се стега еве едн недела е секој ден е исто. А со првото дека беше на доење внимавав на исхрна но и тоа не помагаше. До 4 месеци имаше а на 2от месец мислам беа најстрашни
Мајки и мојата имаше премногу грчеви до скоро, но мислам дека му дојде крајот кој цело време сонувавме да дојди. За недела и пол прави 4м, а грчевите скоро и да исчезнаа. Сума сумарум.. Тежок период до плачки, вриштење, ноќи не спиени, испробано сите капки и термофори најмногу ни помогна нурс харви сирупот кој уште одреден период ќе го давам. Стресен период за сите дома, ама ПОМИНУВА. Сакам да Ви дадам поддршка на сите мајки кои сте во овој тежок период. Ќе помине мајки.. Тоа е дел од растот на бебето и е сосема нормален чин исто како и пиењето млеко и какањето на бебето. Најбитно од се во тој момент е Вие да останете смирени и со мислата дека тоа е само фаза која е неизбежна. Гушкај те се многууу помага, бакнувајте рачиња и тоа исто помага. Ќе помине Мајки, жени, кралици и ЛАВИЦИ.
И моето ко твоето, цела ноќ, па и дење се витка, црвенее, прди, кенка, само не плаче како другите што пишуваат, бар сега за сега. Повраќа многу. Денес од сабајле 4 пати се имаме пресоблечено, жива вода се прави. Само пере машината, нашите алишта никако да стигнат да се исперат
Исто е и со моево особено кога му се кака или има гасови. Со напнување кенкање плаченжње дури и вришти понекогаш, тоа е инфантилна дисхезија не им е коориднирано сеуште релаксација на аналниот свинктер со стегање на мешето и се мачат за испуштање гасови и какање.... некогаш успешно некогаш не после вознемиреноста. Нормално е кај новороденчиња некои порано некои покасно сваќаат како треба правилно... а до тогаш ќе се мачиме. и моето имаше грчеви плус но ова не е исто...
На тие што ви плачеа многу бебињата од грчеви како знаевте дека им поминале? Ние сме 2м и 10дена мака видовме со грчевите многу плачеше, сега е подобра почна и преку ден да спие инаку беше хорор, ама уште плаче си викам зарем навика им останува или не се скроз поминати. Насабајле само се грчи целата додека не се искака. Прашањето ми е дали откако на вашите им поминаа грчевите продолжија да бидат плачливи бебиња? Извинете на долгиот пост
Секогаш е со причина, внуката така мислевме има грчеви, нон стоп плачеше, после кога почна да разбира почна да се чеша дури до крв пуштање. Така уствари открија дека има дерматит само сирото бебе не знаело да се почеша...
Ајде да пишам јас со макиве. Софи веќе една недела има грчеви. Од 7 напладне до 8 сабајле. Ама тоа се грчи, плаче додека да прдне, после гајле нема, па пак исто цело време. Ќе спие навечер,саат два се буди со плачење,ја нишкам и давам цице, додека не прдне само се врти, се стега, штом прдне заспива. Читав некаде био гајата дека правела гасови. Ајде 2 дена веќе не и давам био гаја, пак исто е. И давам капки Co lactase ама тие сега како да не и помагаат. Го прашавме педијатарот. Рече сега нема ништо да ви дадам, обично последниот месец грчевите се најиразени. Сега сум на мисла дали да и го сменам пробиотикот,да пробам ваја? И капкине да прекинам да и ги давам штом не помагаат веќе? Еспумисан да земам? Навистина не знам што да правам.