Исти сме и ние веќе 2 дена؛ Давам колиеф и биогаја, има денови кога е супер ама еве последните 2 дена урла по цел ден и ноќ؛ Не знам дали воопшто има лек
Јас приметувам полошо кај моево станува од Еспумисан и Колиеф. Давам само биогаја, пак е со грчеви ама не се витка како кога ќе дадам некоја од другиве. Пробиотик ништо не ти мења. Мислам дур сами не пројдат џабе е сѐ.
Секое бебе е различно и рсзлични рсботи му делувсат исто така е важно дали се грчевите од воздух кој го голта или од возздух кој се ствсра од лактозата во цревцата... За жал мислам дека било кој препарат може да ги ублажи но не и целосно да ги отстрани грчевите се додека не си поминат сами
Да пишам рапорт дека не е подобро, туку е полошо одкога наполни Јована 3 недели. Ниту капки, ниту термофор, ниту ништо не помага. Вчера од 11ч почнаа претпладне, и сабајле до 3 часот беше со грчеви. Тегнење како топче, па и на назад се оптега, мрда со раце и нозе кога има грчеви. Некогаш и поминуваат со прднување, некогаш не. Битно заспива во раце мои, ја држам таква заспана околу 15-20мин, ќе заспиев над неа навечер и ја оставам и пак се одново, пак грчење, пак гримаси, пак вриштење, и тоа е.
Чим се до толку изразени грчевите пробај да смениш нешто од препаративе, белким од некое малку ќе се смират. Пробај и со аспиратор, фен или бели звуци. Има ноќи спиеме со телефонот уклучен на фен, и кај моево веќе не знам што да давам. Сега се грчеви утре заби ќе дојдат, да не си раат.
На нас од кога се роди, па до пред некое време ептен ни помогнаа Co lactase капките. Околу 400 ден се. Немаше грчеви воопшто. А сега веќе ни тие не помагаат Ептен ми е жал. Да пробаш со тие капки?
Дали овие капки за грчеви ги користите или некаде читав имало и ваква вода? Како се дозираат? И каде ги чувате? На турски е упатството
ние ги користиме капките Lefax, претходно исто се грчи се стега вришти додека прдне или напуни пелена, штом ги дадам капките за 10мин е веќе смирен. Незнам дали ги има МК јас од Германија ги зимам овде од болница ми ги препорачаа и се стварно топ. Засега немаме проблеми. Сега ги користам почесто т.е пред секое доење, и не оставам да дојде до делот вриштење и будење на комшиите..
Мое мислење дека некои од капките му го отежнуваат какањето на бебето пр бекутанот што го земав јас има хемија што му смета затоа прочитај си што содржи види во упатството па на интернет. Вајата е подобра од биогаја и поевтина. Јас би ги отфрлила капките целосно. Земаме сирупче нурс харви по потреба, на природна база е. Навечер ти се буди оти не може да се покака дај му да цица оти то како пробиотик делува, стегни го со ножината нагоре со вежби да му помогниш да се покака. Ако даваш ад може и од тоа да е ова. Смени го со друго млеко со пробиотик.
Само на доење сме. Си кака нормално,нркогаш еднаш на ден, некогаш еднаш на два дена и тоа без проблем,ама мака мачиме со грчевите. Да пробам ваја да и дадам. Пошто еве трет ден е без пробиотик, нема разлика.
Не ве следам кој што зошто, не знам како се доите- цицање или шише? Мислам дека тоа има врска со колку воздух ќе се налапа, па после воздухот прави грчеви. Веројатно знаете, битно е после секој подој да ждригне. Со мојата лепотица, редовно игравме тигар. И заспиваше така. Помага тоа за мешето. Не знам дали го знаете, изгледа малку страшно (мене ми беше) ама се учи. Можеби нешто од ова некому ќе помогне
Маж ми вака ја држи и и помага тоа малку, ама ете не сме знаеле дека треба да се масира. Ќе пробаме и вака. Фала ти
Нонстоп истава вежба ја правам, на доење сме само. Рекорд ќе правиме уште 1 час, точно 24ч со мали паузи е со грчеви....
Ве гушкам вас сега што се соочувате со грчеви Ќе поминат, мора да помине тој период и после нема веќе такви плачки.
Мајки пробајте со сирупот Nurse Harveys кај нас беше хорор цел втор месец сирупот ни го даде докторка од ремедика и си најдовме спас ..пробајте...кај нас кога прекинав колиеф и еспумисан и кога почнав со сирупот видовме раат иначе имаше многу плачки.
Женски јас забележав има различни грчеви , колики секој ден во скоро ист период од денот час и стандард ко ќе се грчи и ко ќе не можи да кака.