Ај тука да прашам, бебе на менување пелена ја крева цела куќа во вис. Бришам газе и третирам папок кој на конче се држи. Дали нешто го боли или од грчевите плаче, не разликувам?
Кај моето да си кажам на почеток како беше вриштење и пиштење небаре некој го коли. Многу пати му помогна менување положба пример на меше, на страна, колку пати на скут ми има заспано, на цице. Секогаш различно завршуваше плачењето. После почнав да го заспивам пред да почни да го боли оти на аларм она хах.Најчесто со сирупчето го давам и смирено во секунда. Битно не се нервирај . Сигурно имаш некој слушалки низ дома да си пуштиш музиче ко ќе почни да пишти и пробувај да го утешиш то е ќе помини
Исти сме. Кога треба да сменам пелена се препотувам, вришти, сѐ крева во воздух. Мојата е таква од почеток, нема врска со грчевите (барем кај нас) Мислам дека со возраста сме тука некаде. Ние на 17-ти правиме месец. Овие денови грчевите се многу изразени, нон стоп ми е во раце, само на цице спие.
Мајки и мојата беше хорор.Не знаев дали прво да цица или да менам пелена.Оти ако е гладна е хорор , а ако не и сменам ќе заспие после доење.Па имав една тропка ама многу гласна ја оставав на комодата и и тропав .Таа сместа престануваше јас набрзина ќе направев нешто , таа пак сака да почне да плака јас пак со тропката и така и менев пелена успешно првите неколку месеци. Не знам пробајте може ќе успее и кај вашите
Истооо. И ми се темни кога ке се искака во 3 сабајле и од тоа викање го стнува и брат му. Плачат од допирите мислам не верувам баш тогаш да имаат јаки грчеви или други болки
Кај мене плаче дека се чувствува несигурно, се штрека дека е гол и сам. Го држам за нозете со едната рака додека го пресоблакам или за раче. И поголемото ми вриштеше при пресоблекување. Комшиите и ден денес ме прашуваат дали уште плаче толку
Нема врска..јас го давав пред зашто откако ќе се нацица може да бљуцне па вака пред ми беше посигурно, да на напоменам само дека нас ни беше препишано 2 пати на ден...
Заспаконечно. Мајки кои сте тука некаде со моето бебче, незнаете колку сте ми утеха кога читам дека не сме само ние со вакви вриштења. Стварно на никој не посакувам вака да им плаче бебето. Се сум и направила, пресоблечена, нова облека, лице измиено, вежби за раце, нозе и меше, и ме слуша и гледа дур и зборувам, и наеднаш почнува да се грчи и вришти. Помислив едно време дека од мојот лик плаче, па трчав да се средам да не ја плашам, додуше изгледам малку како "зомби" Едно време ми беше топла, од плачење, па и мерев и температура, 36,8 и беше. Заспа пред малку, и со брзина на светлината, сменив постелнина, пуштив перална, измив садеви, и еден туш мавнави видов дека денес сум ја расцепила малку раната, ваљда од триење меѓу нозе дури одев низ соби Се средив, и сега пијам лактамикс, и чекам кај и да е 2 ипол часа се, ќе стане да цица. Држете ми среќа да заспие, да не остане будна после подој до сабајле
Не видов таква тема,ама бидејќи овде сите сме тазе породени, сакав да споделам искуство со вас. После породување ми се појавија хемороиди. Патронажната сестра ми препорача гел кој доста ми помогна. Се вика Ректовенал и дозволен бил кај родилки. Да знаете ако некоја има таков проблем. Имајте мирна ноќ со бебушките
Да знаеш само колку те разбирам, мене бебето ми е сега скоро 4 ипол месеци, вториот месец бевме во хаос секојдневно плачење поготово попладне до вечер и иако ми е второ дете се вадев од памет еднаш дури и така се собравме избезумени и право на лекар ☺ мислев дека и е нешто...ама да знаеш дека е минливо само не се тревожи и биди смирена давај на сопругот да ја подржи малку во тие моменти и излези земи воздух до тераса или двор многу значи, така ме советуваше и педијатарот. Пуштај и бели звуци или вози ја во кола многу се смируваат. Кај мене после втори месец се среди како од осигурач да се исклучи ☺ дали беше до време или сирупот што го пишав толку помогна незнам ☺ со лесно периодов ќе помине.
Пробај со Lefax нема да згрешиш, инаку ние сме 4 недели, на ден по 6,7 пати пред цицање. Обавезно насабајле, напладне, навечер и полноќ кога станува за цицање, а останатите измеѓу, зависи како бара да цица. По двапати стискам од шишенцето, незнаеме што се грчеви, дајбоже да ви помогнат и вас
Ако имате до 7 подои, на секој подој по 4 капки. Ако се над 7 подои, на секој подој по 2 капки. Вкупно 28капки дневно одприлика
Мене педијатар ми кажа дека ако се стави во лажичка, ќе има ефект само на млекото во лажичката, не и во тоа што ќе го исцица, вика не можеш да ставиш капки во градата. Јас сум комбинирано, и дојам и пие ад, никогаш не дадов капки кога го доев, само во целото млеко во шишето со ад ставав. Плус ако треба да се чека 30 минути, како тоа би се извело со доењето, нелогично ми е.
Ни мене не ми е јасно како да се постигне тоа со доаење, а логично е тоа што ти го кажал педијатарот. Ќе пробам секако па да видиме како ќе има ефект..
Нема грчеви, ама ја крева цела куќа во вис. Него, пиете ли чаеви за доилки? Јас и за првото и за ова пијам Хип по 2, некогаш и 3 чаши на ден. И првиот пат и сега убедена сум дека ми влијае на грчевите на бебето. Пробајте со ова. Нели има ким во самиот чај, а тој смирува, па нема штета да пробате.