Грчевите се најизразени од 4-6 недела... @eli.karameli и моето беше исто првиот месец јас после јадење му менував зошто најчести какаше кога јаде подоцна приметив дека ако не ждригнал како што треба (некогаш се случува 3-4 пати дали едно по друго или на радтојание од 30 тина сек ) а го спуштам во лежечка положба вришти битно го надминавме тој проблем сега знае да плаче само ако се мачи да прдне или да се искака а се погодило тогаш да е мн мокар и да треба да се смени пелена. Ќе помине ќе се навикне и тие мора да се навикнат на новата средина и тоа што им се случува... Моето од кога се роди па два дена може и повеќе цело време плачеше и сестрите од детска собс се жалеа не може да се прилагоди душичката
Да ве известам, денес е подобро. Софија нема грчеви. Прди без мака, кака нормално. Вчера ова време вриштеше, денес еве ја нема гајле. Сирупот ептен ни помогна.
Страв ми е да пишам. Но денес е добра, спие станува, си цица, пак си заспива. Плачеше, ама малку е тоа во споредба со минатиот ден. Нека биде вака и во иднина
Само да ве гушнам @Alishan30 @Kate Rina 93 За жал, грчевите се трауматични за секој родител, колку и за бебето. Правиш и пробуваш се за да му олесниш, а некогаш ништо не помага и се чувствуваш најбеспомошно на светот. Добрата вест е дека ќе помине, треба само да се издржи
Редовно го даваш или само кога има грчеви? И јас го земав вчера дадов со шишенце се смири и одма заспа.
Редовно, сабајле и навечер Така ќе и давам некое време после ќе и давам само по потреба. Го раствори прашокот што е во капачето?
Втор бран има ,да Првиот пат Co lactase капките и помогнаа многу. Сега сирупов. Се надевам готово е веќе со грчевите @elcezelce @Thallia lia
Леле не!! Сега гледам дека има прашак во капачето. На малово му се слоши од сирупот, почна да ја пени устата како да пљука. Се стресовме. Сега дремеме над него. Да ти се плукнам на сирупот.
Што му бидна? Како е? Не верувам да е нешто страшно, на природна база пишува дека е, башка прашокот не си го растворила
Не знам, одеднаш почна да се гуши како да сака да повраќа, па пљукаше и устата му се пенеше. Многу страшно. Му давав од шишенце. Капачето не ни видов дека има прашак. Го фрлив сирупот, ништо веќе не давам. Умрев од страв.
Ние денес втор ден на Колиеф и одма има разлика. Денес скоро и да немаше грчеви. Ми купија и некои чаеви ама не и ги давам. Се мислев дали ако јас ги пијам може да и помогнат преку доењето?
Колку време помина? Давај му нека цица да помине млеко низ цревата. Се надевам сте добро. Со билните препарати мора секогаш претпазливо. Не е исклучена интолеранција или алергиска реакција, т.е не може да се предвиди. Затоа кај мало бебе само пробиотик и лактаза, бидејќи се составен дел од нашето тело. Ништо друго