едно нешто не ми е јасно,можеби ќе звучам смешно..навечер кога бебе цица и спие, дали доколку го дигнам да изригне ќе изригне или не дека спие нели...прво бебе :/
и моето исто така вчера двапати, неможеше здив да земе, ми се скрати живот, Дрнедка бев на педијатар ми кажаа дека тоа било оти се прејал претходно...па сега еве незнам искрено :/
Ама ти за доилки Хипот го пиеш така? И јас го пиев тој на почеток дур ми надојде млеко, ама многу почна да ми надоаѓа од него и го прекинав. Ќе пробам со овој Хумана ако не... Нз што е со бекутан производиве. Исто и капките за грчеви врска немаат, а педијатри ги даваат
Форсирав цицање, се исповрати, се искака ама господ го видов. Никогаш повеќе нема да земам нешто на база на билки. Жал ми е, не знам како да му помогнам. Еспумисан и Колиеф бетер му направија.
Душиче мало...а вие сте се преплашиле можам да замислам. Јас пуштам аспиратор од звуци и мн.го смирува. Иначе нас колипрев ни помагаат многу, знам дека си исплашена сега ама пробај. Летово кога бев Дојран не можев да ги најдам па земав колиеф, ама и нас не ни делуваа. После од Гевгелија ми порачаа и кога се вративме на старо беше бајче
Денес ќе пробам и со колипрев. Синоќа од полноќ до 5часот сабајле беше плачки, тегнење и грчење. До кај 4 издржав, потоа раце ми откажаа, а богами и нозе, и кичма и мозок. Маж ми ја држеше потоа. Незнам како но во 5 заспа. Сега сме кома и двете, мене матка и јајници страшно ме болат, маж закасна на работа. Грејниот си дојде сега и покосен легна на креветот До кога ќе биде вака?
@Alishan30 @eli.karameli пробајте со Co lactase капките. Навистина помагаат. Нас педијатар ни ги препиша на првата контрола веднаш. Од одма се виде подобрување Ве гушкам .
Еве слика Да, ги има. Околу 380-400ден се. Се даваат по 4 капки пред доење 6 пати на ден. Јас во лажиче капнувам малку од моето млеко и 4 капки од капкиве и давам и ја ставам на цице да продолжи да цица
Ама нели се сите или на база на симетикон или лактаза? Мислам само дека фирмите се различни, а составот ист. Колактза со првото дете хорор ни направи. Кај секој различно све делува. Инаку аспираторот и мојов го смирува ама пак додека не прдне мава со раце нозе, се вцрвенува цел абе леле...
Не сакав вчера да ви пишам ама имам читано многу лоши работи за тој сируп неколку пати е повлекуван од употреба само да знаете .Грчевите мора да поминат мислам дека ништо не помага ,ставај топли пелени на меше давај превриена вода со неколку зрна ким ако сака ,пробиптик редовно.Јас земав и еспумисан,и колактаза и гас бимби .Ништо посебно не помагаше ,од гас бимби само полесно какаше .Ќе помине периодот само мора да се издржи кај нас два месеци траеја .
Не знам дали се грчеви ама мојава додека не подздригне урла؛ И цело време како да и се враќа млекце؛ Дали е лакома и мн цица нз ама ние такви маки тераме
Ние можеби имавме среќа незнам на 40дена точно прекина грчевите.. И тоа со еспомисан доста ни помогна. Али и топли пелени практикував па меше со меше свртени на гола кожа и тоа го смируваше, тапкање по газето. Фактички гледаш да му одвлечеш внимание од болка. Многу читав и мислам многу практикував само да му помогнам ради што ние замиравме, зајдувавме со пиштење не е убав период али ќе помине за брзо. Трпение само
Да лактаза е... ама единствена активна лактаза има колипревот. И тоа е предноста и ефектот. Делува,а да не се одмолзуваш и чекаш 30 минути. Во лажичка и директ во уста,па на града. Веројатно од друг извор е изолирана лактазата,па има малце различно дозирање. А симетикон немој никако! Тоа е пак хемија, бетер од се... може да направи запек често,а и на бебе не ви давала нешто хрмиско јас искрено воопшто
Мајки ве читам и ми се враќаат слики од тој период со грчевите, престрашно беше со зајдување со вриштење ама кратко траеа фала богу.. Најизразени беа од 6-8 недела и една недела потоа исчезнаа скрос сами од себе.. Додека траеа беа како со аларм наближува 20:00 почнуваше бебка да пишти,да се стега,да се вцрвува и најкасно до 00 после тоа како ништо да не било ама јас до ден денес имам трауми од толку пиштење.. Јас прекинав да давам било што после пробани колиеф,колипрев,бекутан.. чај од ким му варев со две три ливчиња нане и од тоа му се смируваа.. Сакам само да ве изхушкам и да ви кажам дека престрашно изгледаат ама ќе помонат мора само да сте стрпливи и да зачувате нерви за подоцна
Пробајте и со топло да држите на мешето, има термофорчиња како појас што се, со лепенка, баш се практични. Топлото навистина олеснува со грчевите, можеби ќе помогне и кај вас
Дали го има некој користено пробиотикот Ваја капките што се даваат по 7 на ден? До сега користев друг пробиотик, но некако ми намали со какањето бебето и многу повеќе му кркорат цревцата. Давам и колиеф капки за грчеви...