Јас давам Ваја паралелно со Еспумисан и синко кака на 3-4 дена. Сега го исфрлив Еспумисанот откако ме преплашија коментарите за составот кои ги прочитав тука, а пак ти сега ме замисли да не е до Вајата проблемот, што не ми се верува, искрено. Мислам дека за добро какање најголема улога игра исхраната. Почнав да јадам суви сливи и кајсии, they work like magic.
Па сега проблем, можеби лошо се изразив бидејќи синко одлично качува на тежина, инаку 3 месеци. Судејќи по она што гледам дека на други им какаат почесто, не знам, помислувам да не треба баш секој ден или преку еден ден да кака. Знам дека со фактот што е на ексклузивно доење е нормално, се консултирав и со матичната и рече се до 7 дена е ок. Ама кога му доаѓа за какање време, додека го држам во раце исправен, целиот се витка и ги крева двете раце паралелно со телото и се потпира на мене само со градниот кош. Исто така се почесто кака додека цица, ама го гледам дека му е мачно, цел ден знае да се напрега. Па му ги вкрстувам ноџињата и ги притиснувам кон него и се олеснува. Ми паѓа чудно толку да се мачи. А запек нема, редовно правам и масажи и точаче. Затоа сега ќе видам како ќе биде само со пробиотик, бидејќи грчеви реално и нема. Матичната рече дека Еспумисанот помага и за гасови, па главно затоа и го давав.
И по 10 дена не какаат ако се само на доење, скрос најнормално, мајчиното млеко цело се искористува, нема што да кака. Ако има запек каките му се цврсти како топчиња, темни и мешето му е подуено и цврсто. Ако нема запек, а само изгледа ко да се мачи, само грчеви се, нормално е да не кака по 3-4 дена, не се секирај
А кога почнуваат поретко да какаат? Ние сме скоро 3 недели и си кака 6-7 пати во денот. Некогаш 5, некогаш 8.. Едит: само на доење сме
Ние сме исто 3 недели и кака по 3 пати максимум но сме и на ад и на мајчино комбинирано. Затоа мислев пробиотикот ваја ми го фалеа многу дека бил добар за да знам дали ќе и смени нешто бидејќи мешето и е подуено
На мајчино млеко и по 1 недела да не какаат, не е страшно. Кај моето бебе никогаш немало 6-7 столици дневно. Најмногу до 3-4. Или знае на 2 дена да има каки, или знае најчесто1-2 столици да има во ден, сега ја гледав апликацијата, денес ниту еднаш не е искакана, а вчера имала 2 столици.
Некаде 2ри месец. Тогаш мислам и навечер не какаат. Едвај го чекам тој период. Наааајмачно нешто навечер каките да ги менувам. Глава ми паѓа бебе плаче,станува и брат му и он по него
Моето бебе е 7 недели, од прв ден какаше еднаш на ден но количински повеќе. После 3та недела откако почнав да го дојам ексклузивно почна на 6 на 7 дена а еве денес 10ти ден како не е какан. И јас пред една недела биогаја ги сменив со ваја но не верувам да има врска тоа. Педојатар неколку пати ми потенцираше дека може до 13 дена да не кака кога е на ексклузивно доење. Мене тоа не ми е нормално, ама еве се случува. Исто го масирам, топла купка, дури му сварив чај од една сува слива ја испи водичката и пак ништо..мешето му е меко, не ми изгледа ко да има мака освен грчевите, повеќе ја се нервирам што не е какан...
Мајки има ли капки зс грчеви кои може да се дадат на бебе старо 5 дена? Хорор е денес се уби од плачење му дадов биогаја но незнам дали има нешто што може да земам зашто е многу мал? Хелп плс
Не се грчи баш, цица убаво не е гладен ќе заспие малку и се буди вришти се стега еднаш се испрди се смири но пак одново почна ко бранови на вриштење да има
Може да се јават грчеви и кај помалечки. Се зависи од цревцата, во која недела е родено? Само лактаза можеш да даваш. Колипревот ти е топ и практичен
Да може од 1 ден веднаш, на одделение во ремедика им даваат од одма. Пред секој подој давај само редовно. Не скокај дози и не се плаши, тоа е составен дел на аншето тело. Само во Betty аптеки има да знаеш и ремедика аптеката
Леле моево е само на ад млеко. Давам колипрев во секое шишенце и не ми е на подобро работава. Него се засилуваат плачките. А цела ноќ е само кемкање и испуштање звуци како се мачи и стега'рже... А кажи ми моево е родено 36та недела има врска неделите на раѓање со грчеви?
Да има врска. Цревните ресички не се развиени, ако е порано родено, уште повеќе рачунај. Тоа ќе си дојде на свое место ама треба време. Биди упорна не се откажувај сигурно ќе се среди. Сега ако се послабо развиени може треба некој ден за да профункционираат. Кај нас од одма смирија сега. Ама со преходното после 5 ти ден редовно давање. Ама па после редовно си давав и не се повторија.
И мене не ми се верува да се грчеви толку рано, може само има многу гасови. Стави го врз тебе во полулегната позиција да му се стопли мешето, ќе му помогне. Кревај му ги нежно нозете накај мешето да му помогнеш да испушта гасови и одбегнувај храна која вообичаено прави гасови. Кога ќе почне да плаче ставај го на града ќе се смири. Гушкај го многу.
Правам се тоа но ме се гасови си испуша гасови и се искака дури, по се што читам баш грчеви се и мене ме чуди како од сега се јавуваат