Само близина, гушкање и цице нонстоп. Важно да му е топло на мешето, мислам дека тоа најмногу помага. А да знаеш дека бебиња плачат и ако им е претопло, внимавај и на тоа. Јас еднаш на почеток кога уште ми доаѓаше млекото качував температура и ме фаќаше треска, сум ја претоплила собата и не можев пола саат да го смирам бебето, вриштеше на цел глас. Среќа мм влезе и рече дека во несвест ќе паднел, одма отвори прозори и бебето се смири.
Фаќаат грчеви и на толку мали. Јас двете деца од прв ден како дома сум ги донела со грчеви сум се расправала.
Мојата е родена 39та недела а одговараше на 35та затоа бев со царски. Од грчевите страв имам што ли не пробав Гас бамби и ги ублажуваше само 4х5 капки давав
Здраво, бебето ми е 13 дена, после секое јадење(ад) почна да се грчи многу, ни дадоа co-lactase да ставаме во млекото по 4 капки, но сеуште вришти после секое јадење. Имате ли совети, нели е многу мала за вакви грчеви
Јана педијатарка ми рече да му дадам биогаја и колиеф како ги дозираш кога едно кога друго, инаку баш топла пеленка на меше му помага но жал ми е да го гледам како се мачи да видам дали ќе е подобро со капките
Биогаја сабајле на гладно 5 капки или како што ти кажал доктор. Колиеф ќе ставаш 4 капки во шишето, ќе го оставиш пола саат да се активира ензимот и ќе го промешуваш повремено, па тогаш да го испие. Ќе ставаш 7 пати на ден значи максимум 28 капки дневно.
Земи си колипрев, искрено не можам а да не го пофалам. Прво што со ад не чекаш пола саат. Гладно бебе+грчеви и да чекаш пола саат за да му дадеш нешто е кошмар. Второ јас користев колиеф и не му делуваше. Дали дека колипревов смее да се оди со повеќе од 4 капки или друго не знам...ама според мене е подобар @ni.na истиов совет и за тебе
Гас бимбито се билки...еднаш имав пишувано околу тоа. Искрено мало бебе, коешто не знаеме дали може да пројави некоја алергиска реакција, да не се ризикува според мене. Драго ми е што ви помогнало, само претпазливо секогаш
Од кога смее да се дава waya пробиотик? Се преиспитувам тука со вас зашто некако не можам да се потпрам на мислењето на матичната...
Колипрев нигде ги нема, ни во Бети аптеки. Еспумисан давам, не се толку страшни грчевите ама ги има. Педијатар ми вели давај симетикон зошто на оваа старост 1 месец цревцата сами произведувале лактаза и џабе капки на таа база. Јас и викам дај препиши за мене дијазепам, од капкиве за грчеви фајде нема
Цревата произведуваат после 3 ти најрано лактаза... по учебник така е. Е сега некаде малце порано, а некаде ни во 5 ти нема доволно. Сепак е индивидуално... А дијазепамче богами ич не е на одмет Јас си пуштам антистрес музика на јутуб цело време врши работа хахахха
Мајки Колиеф ги давам во шише измолзено 15мл дали е така во ред или подобро е 4 капки во лажичка со измолзено ?
Педијатар ми кажа дека капките ќе имаат ефект само во млекото што е ставено во лажичето, во тие неколку капки или само во млекото во шишето. Ако е така, сеедно е каде ќе ги ставиш. Друг ми кажа дека нема гајле и дека во мешето ќе се растворат, па и ако е така, пак е сеедно дали во лажичето или во шишето. Тебе како што ти е полесно.
Бебето е 5 недели. Мака мачиме со какањето.Далу може да му дадам водичка од слива или е мало? Негде прочитав и една лажичка маслинов ама мислам дека е мало или ?
Мало е и за тоа и за тоа. Земи ти јади сливи и пиј ја водата, земи ким неколку зрна, направи чај и ти испиј го. Ова ако доиш, па преку тебе да стаса до него.
И ние имавме грчеви, веќе од 5ти ден. Моментално сме на мајчино и АД. Многу и помогнаа капки co-lactase (ги има во еурофарм) по 4 капки во адаптирано, по 3 во мајчино. Може да се даваат од раѓање. Ако доиш измолзи некои 20 мл и додај ги капките, нека испие и продолжи со доење. Плус давам bio- gaia капки, по 5 на ден. Понекогаш кенка и ги грчи нозете, ама кратко трае, се трпи
Почнав со колиеф 2 дена давам но нема некој посебен ефект после 6 како ќе фатат ќе почнам и јас да врескам со него. Им давам шанса викендов ако не ќе пробам со овие да видиме дали ќе има ефект