Фала ти со лажиче најлесно супер чим и така може.. пред секој оброк се даваат не повеќе од 28 на ден така?
И јас ги почнав тие. Ама да не зарекнам од прво давање имаат ефект кај нас. Инаку прашав и погоре како штп гледам пред секој оброк се даваат 4 капки со малце млеко? Така правиш и ти?. Дека си пишала само од 7 ноќе му даваш..
Пред доење даваш, а за вкупниот број не ми текнува, види во упатството. Јас за доење не давав капки и не знам колку максимум е дозволено.
моржето вришти ако голтнало мн воздух а не ждригнало, да не е тоа проблемот? Некогаш и на сред јадење го подигам ждригнува па продолжуваме
Па не пред секој до кај 7 не му давав после почнав пошто само 1 недела е старо реков да не му давам по цел ден пошто до кај 7 си е супер ама после 7 до 4 ноќта хорор ми е Да почнам може треба цел ден вака не приметив некок ефект голем
Тоа сакав да кажам може треба цела доза да си ја даваш пред секој оброк 4 капки Душиче многу рано ве фатиле кај нас сега почнаа скоро 20 дена ќе прави се надевам ќе ви помогмат
Па не му ги почнав такс пошто уште нема ред и некогаш цела вечер ми се чини дека виси на града ама ќе пробам да му давзм по цел ден да видиме ако не ќе ги менувам
Давај му ги по упатството, вака ќе нема ефект. Почни од денеска 7 пати на ден по 4 капки и стрпи се 3-4 дена да се покаже резултат. Ако не помогнат пробај со Колипрев или некои други.
Сма ако му го давам пред секој подој повеќе подоии имаме тогаш по 2 ќе треба да давам ќе има ваљда и така ефект... А колипрев ги нема нигде тие ги барав прво но во Бети аптекиве ги нема
Колипрев ги има во аптеката во Ремедика ако ти е близу. Еве ова го најдов на нет: Ако бебето се храни 7 пати на ден се дава по 4 капки при секој оброк. Ако бебето се храни повеќе од 7 пати, со цел да не се надмине дневната доза од 28 капки се дава по 2 капки при секој оброк. Придржувај се до ова неколку дена и ќе видиш дали има ефект. Не е мало за капки, не се секирај и нас не отпуштија од болница со препорака за Колиеф.
Да да, од денес така ќе пробам. А биогаја исто даваш по 5 капки така? Јас во чаир се пораѓав од таму ништо не ми кажаа се мора самоука да сум
@ni.na и преку ден ќе си ги даваш капките. Мојата нема грчеви денски, повеќе се навечер или попладне, но давам капки на секој подој. Ако јаде на 1 час знам да прескокнам капки, за одприлика да излезат 7 пати дадени во 24часа. Одприлика рачунам на 2ипол- 3 часа да дадам капки за грчеви. Био гаја давам еднаш дневно по 5 капки. Моментално подбри се покажаа кај моето бебе ко-лактаза капките, од колиефот
Давај редовно и не се плаши воопшто! Лактазата е составен дел од нашето тело. Ако скокаш дози не може да има ефект! Иначе колипревот јас на доста места ги купувам има,во капитол аптеката, карши клиника стем, сарафарм...кај нив можеш да одиш со повеќе капки и не мораш да се одмолзуваш. Ама давај што и да имаш од лактаза без гајле. Може од прв ден единствено само тоа.
Колку време даваше колиеф па се префрли на други, нас 3 ден ни е сакам до понеделник да видам дали ќе има ефект ако не на ко лактаза да се префрлам
Толку 4-5 дена давав па ги сменивме. Делуваа и тие, но многу кратко. Со ко лактазата подолго ја држат
Само кај моево ли појаки му се грчевите со било кои од капкиве? Кога не давам ништо има грчеви ама не се мачи толку. Луѓе вчера не спиевме цела ноќ. Како зомби сум. Му велам на маж ми стара сум веќе чим со една непроспиена ноќ, другиот ден сум како болна.
секоја вечер сме вакви. Моја смена е од 12-3ч, на маж ми е пд 3-6ч, за држење. Капките помагаат ама тогаш за тогаш, инаку плачењето е на високо ниво во зградата гарант сите не слушаат. Сите наши детски песнички и ги пуштаме, пееме и ги сака. Зомби сме и ние. Смрт ми е кога во 3ч и е полна пелената, и додека ја менувам, почнува да мочка или кака а уште незалепен памперсот, и е лом, вклучувајќи ме и мене. Скроз гола соблекување, па ново боди, пижами и дете уште толку вришти Тешко, тешко. Срам ми е да пишувам, зошто само ќе треба да се жалам, и се нервирам дека моето бебе многу плаче
Скрос исто @Alishan30. Другото дете ми е 4 год, и кога ќе ми текне што све треба да поминам со бебево си викам господ да ми даде и нерви и снага капак ми беше денес комшиката ми вика пее малиот ноќно време, јас велам тоа му е работа. Душичка, дека роден порано со царски па недоквачен е, ми вика
Идиотка е комшика ти Јас пред некој ден ми тропаат под мене, кога се нажежав. Кај вришти дете, шетам по соби, уште да ми тропаат бре. Потоа слушам бор машинка, они си реновирале, а јас се спремам за расправање, ако ми спомнат за плачењево на детето