Недоквачен бил бе Што сѐ гази по земјава еј @eli.karameli со таква комшика сигурно и кафето ти е многу слатко @Alishan30 исти сме. Преку ден и вака и така, се издржува. Од кај 9 вечер почнува журката, синоќа до 3 ипол Само на цице се смирува, така па изгледа се прејадува и потоа цело бреме бљуцнува. Додека смениме повратени алишта таа се покакала, додека менувам пелена мора да се помоча па и кога прди шприца цела лом ме прави. Се така во круг. Со син ми не се сеќавам да имало вакви повраќаници и каканици со шприцење Обично машките знаат повеќе да мочкаат кога се голи ама еве нема правило и момите можеле
Дали стварно така ти рече??? Јас да бев ќе и речев може ти си квачела, јас моите не ги квачев туку под срце ги носев. Ај да не кажам што е...
Боже господе работа му е да плаче на бебе...јас од прв ден кога искочивме од болница хорор доживувавме ми идеше да се фрлам веќе не можев од толку вриштење дури да нема глас на крај и веќе засипна од дерење ден и ноќ не сопираше се си мислев немам млеко психички се пореметив давав еспумисан не помогаа мислам дека ми одмогна повеќе и почнав со бекитан чај од анасон сабајле и навечер па после 5 дена редовно користење видовме аир од него можеби и дека малце топло му доаѓа на цревата па подобро му е пробај и со ова види
Ич ни на крај памет не ја стаив комшиката, си имам други гајлиња со детево, за коментарот од едно ми влезе од друго излезе. И бекутан чај давам и колиеф ги пробав, бекутан, еспумисан капки, тој харви сирупот,од све е бетер. Аспираторот од кујна ќе цркне, и бели звуци од телефон, се можно правам. И реков ништо веќе не давам, ама тешко се поминуваат ноќи без сон.
Особено со две деца не да немаш спиено...кога вриштат џабе е и бели звуци пробај крај краева и ништо да не даваш неколку дена баш педијатарот ми кажа дека од еспумисан и другите на некои бебиња проблем повеќе им ги прават им ги ширеле цревцата па затоа и додатно можат да плачат едино за смирување голо да го соблечеш и на тебе да лежи кожа на кожа...кај мене се смируваше со стомачето накај мажот ми свртено и така да заспие па гледавме некое чаре
Може ли чај на толку мало бебе? Прашувам бидејќи мене педијатарот за син ми секогаш ми нагласуваше не чаеви, не вода, за сокови и да не зборувам се додека не почнеме со храна. И потоа пак само вода, ништо друго. Според него нема потреба од чаеви и сокови.
Тоае исто како ти да имаш менструални болки и да не пиеш ништо и да си трпиш ... мојот педијатар спротивно вика давај му слободно чаеви, ако тие се напраени за една недела по раѓање значи можат да се даваат...во случај некој од родителите да има алергија на храна,билки,течности тогаш не се препорачува да се дава иначе слободно можеш јас од кога почнав да давам среќно бебе имам дома да ти е мерак да го чуваш
Како подготвувате чај од ким - за јас да пијам? Најобично - зовриена вода со неколку (5-6) зрна ким? Дали да пијам пр. 1/2 саат пред доење? Или 1 саат?
Јас знам дека ви е мачно ама кога читам мене ми е полесно не сум била само јад со вакви маки, си мислев моето највеќе плаче а хормони до плафон и одма себе си се обвинувам
Кога ти е тешко помисли на нас друшките од форумот и одма подруго е Шала на страна, знам како е. Во право си, кога ќе видиш дека не си единствена се тешиш. Па и за тоа е форумот, да споделуваме искуства и да се тешиме Инаку, ситуацијата и оваа вечер кај нас е иста. Еве дреме на цице, само да ја мрднам одма се ококорува и вришти. Тек е полноќ, до 3 има време, ќе се нишкаме
Исто и ние сме, спиеше 2 часа, сега стана, цицаше 13минути и ете ја се грчи, вришти и во секунда заспива. По неколку минути пак грчење и плачење. Или 3 ќе заспие или 6, тие ни се 2 саати кои не ги промашува. Забележав овие 2 дена кога завршува со јадење, за 5 минути ги става рацете во уста и шмука, цуцла исто шмука како да е гладна. Ја ставам на града, цица 5 минутки и спие повторно Луд ни ца
Се менува саатот денес од денес па натака ќе се смени може некој ритам на спиење ако фаќа цуцла ич не му ја мисли само да не вришти мислам дека мозокот ни се пржи кога вриштат
Цела ноќ,буквално од 23 до 06 не престанува да кемка,да стенка,некои чудни звуци испушта како јачење. И се искака и па продочжи ни во раце ни во кревет никаде не се смирува освен во wc со вентилација. Па предремав во wc. Постариот многу плачеше од грчевите, а ова ваквиве звуци животински што ги испушта малиов ме плашат дури. И јас сум на мисла дали да продолжам да давам било колиеф,колипреф до сега еве мирен не бил а давам во секое шишенце. Само провен пробиотик ке давам.
И јас го прекинав Еспумисанот откако прочитав за неговиот состав тука, на форумов. Синко знаеше да не кака по 3-4дена, си имало мака, кутро мое зајче, се напрегаше по цел ден. Се префрливме на Колипрев и Ваја и сега си кака секој ден.
Гледам доста активна држава периодов, па да споделам искуство. Синко имаше многу грчеви по цел ден кога го прашав педијатарот како да си помогнеме рече да го знаев одговорот сега ќе бев богат човек . Ама ми даде совет да го лулам горе доле на пилатес топка. Па кога се грчеше многу го земав ќе го гушнам и на топката, мислам по цел ден го лулав горе доле. Кај нас тоа повеќе од капките го смируваше, па да споделам. Нормално не прави чуда но во моментот малце помага да се потсмири.
Не се препорачуваат чаеви бидејќи имаат многу шеќери, особено тој на Бекутан. Вода нема потреба, млекото е и вода и храна, се препорачува вода кога ќе се почне со храна. Секој си одлучува дали ќе даде или не.