Мене не ми дадоа ништо како пробиотик. Т.е. колиеф за грчеви му давам и Д3 тие капките... да земам на моја рака био гаја?
Да. Обавезно пробиотик и јас давам био гаја. И мене не ми спомна педијатарот, па јас самата ја прашав дали треба и дали може да давам па ми потврди дека може
Моиве две р'жат и пуштаат звук ко коњче моево спие и само пушта звуци. Така беше и поголемата. Кон 3ти месец ги снема звуците. Е сега пречи звукот, навечер посебно, не знаеш дали се буди, спие и се на штрец сум. Она спие, јас дежурам ко будала
Фала многу! Ептен ме нервираат не кажуваат ништо ја од кај да знам прво дете. Педијатарот мисли дека јас се треба да знам
Кој педијатар ве отпушти од болница? Чудно ми е дека обично на сите препорачуваат, баш и јас прашував во Совети дали да го прекинам зашто веќе 6 месеци скоро го пие. Мене ми пишува препорака на тој белиот картон. Ај провери баш може си го пропуштила. Можеш да даваш нема штета, баш напротив. Јас му давам Рекол бимбо, можеш и Био Гаја.
Реколот ли е пробиотик? Смотана сум. На него пишува анти колик мислев за грчеви е. Значи да го терам тој напоредно со колиефот? Др јадранка само не кажа пробиотик дека е туку Давај така и така од реколот...
Хаха да, да. Претпоставував дека не си го видела. Пробиотик е ама пишува на него дека помага и за грчеви, го намалува времетраењето на плачењето. Ист е како био гајата само е италијански. Давај му по 5 капки сабајле и навечер, на гладно е идеално или како што ти кажал доктор.
Фала ти многу ме просветли иначе немаше ни да ми текне да прашам ќе си ги терав колиефот. Затоа читам сите по 2 работи даваат да не сте ми вие на форумот...
Од што читав на форумов во бременост стварно многу научив. Кога нѐ испуштаа од болница имав список со 15тина прашања секако дека неколку од нив ги одговори во упатствата за дома, ама остатокот изгледаше кога да ја седнав на испит докторката Али да, стварно форумов ми дава самодоверба и сигурност за тоа за што треба да прифатам дека е нормално кај бебуш, како треба да постапам во ситуација, што треба да ме загрижи и сл. Фала ви мајки што споделувате
Мојата прави звук како тигре или пони коњче Значи сите кои бевме блиску со термините од труднички, сега сме тука и слични работи ни се случуваат. Со доење, грчеви и еве "звуци" од бебињата наши Баш, убаво друштво сме
А јас "ѓуле мало", оти се грчи и станува потемна во фацата, се прави како топче, а има образи и мислиш ќе и испукаат кога се напнува, и така се смеам со маж ми за неа.
Леле исто среќа што се споделуваат вакви работи, едно време помислив нешто не е во ред со детево, да го носам на педијатар, ама што ќе му кажам...детето во сон ми кокодака
Леле а јас ќе прашував педијатар зошто детево вакви звуци испушта хаха. Мојот ржи или како магаре ика
Ние се префрливме во спална да спиеме и големава само се штеца на секое "прррр" Уште па се врти од една на друга страна и прави звук ко да крева нешто тешко. Циркузи.
А од ова пробиотиков биогајата можно е да му ствара мака при какање? 2 дена како му давам се грчи уште од сабајле на секое какање се напнува дете со фаци чиниш кој знае што му се дешава?