Јас не сум забележала, давам био гаја веќе 5 недели секој ден. Досега само 3 пати имала проблем со какање на 2-3 дена. Инаку си кака секој ден
Кака и он но претходно какаше без мака, сега во било кој период од денот се грчи додека се искака а грчеви не го држат од сабајле затоа се мислам од пробиотикот да не му е
Може тогаш да е од нив и да не му одговараат. Пробај не давај 2 дена, може и се погодило баш да се грчи или од твоја храна да му реагира нешто. Мојата се навечер имаше грчеви и попладне, но нема правило има денови и наутро да се грчи па попладне да и е смирено мешето. Пробај 2 дена без нив, па ќе споредиш дали ќе има разлика
Леле како ве читам за звуците и кај мене исто на почетокот се изненадив кога го слушнав после си сватив дека е нормално а мм се чудеше и ме прашуваше зошто така прави а навечер јас не го сеќавам може оти сум кома Шала на страна кај мене цица на саат ипол два Немам врзано повеќе од 1 саат сон, како капак на се поголемото од вчера е со температура и мм со него во 1 соба јас со бебе во друга, поделени сме и немам помош ни од него
Женички, давам Инфакалм капки, но во упатството пишува да не се употребува повеќе пд 30 дена. Дали е тоа така, зошто да не се продолжува ако има ефект?
Баш сакав за звуците да прашам мислејќи дека нешто не е во ред, сега гледам дека секоја од вас има по едно животинче по дома До годината ќе да е, или до короната можеби. Не се сеќавам син ми вакви звуци да испуштал. Мм исто ме прашува, зошто синко не правел така а сестра му сега блее како јаре
Мојов прави звуци не како животно.. како зарибана машина или запчаник И некогаш се издишува со воздивнување, као да му е којзнае колку тешко
Кај нас исто од Биогајата доби запек и педијатарот одма ни ги прекина. Ни објасни дека биогајата или им одговара или не, кај мн бебиња прави запек и треба да се прекине. Доколку бебето е на мајчино млеко нема потреба да прима пробиотик бидејќи мајчиното млеко е всушност пробиотик. А доколку има грчеви, препорачувам Инфакалм, веднаш помагаат, а и бебето лесно си се искакува.
Маж ми викаше леле ко козичка да имаме во спална Син ми исто не испушташе вакви звуци ,изгледа стварно до годината е или дека женски овие има нешто Доброто е што престануваат после 2 месеци негде па ќе си спиете во тишина
Мене чудно ќе ми биде, ако ги снема звуциве Пред малку станала и испушта звук како "ждребе" и веднаш ме буди, како што сум кома, баш со ваквите звуци ме будии се смеам, зошто ми текнува на муабетите од тука. Корона година и бебињава се звучни
Јас со првото ништо не памтам. Вчера го бањам бебево и си викам и сега како, нешто се збунив, како правев со големата? Ништо не ми текнува... Не па за звуциве
Јас па на глупости се сеќавам, на некои суштински не. Да видиш јас како ја бањам под туш Некако посигурно се осеќам овој пат.
Да се пофалам. Еспумисан и се е како подмачканоДобро не до толку грчевите се потсмирија пак не се наспавме ама го немаше тоа врескање и грчење ко претходните денови со колиефот, а му дадов само еднаш 25 капки, така да ако немате ефект од колиефот пробајте со еспумисанотСамо совет плис задолжително ли е пробиотик со еспумисанот и колку пати на ден давате? Многу ми е по упатството 25 капки на секое доење...
И јас вака се радував на Еспумисанот се додека не почна синко да кака на 3-6дена. Јас се префрлив на Колипрев и вреди за парите искрено, си кака секој ден сега. Но, личен избор, нели Еспумисан се дава три пати дневно х25 капки. Пробиотикот не е поврзан со Еспумисанот, но се препорачува секако. Јас давам Ваја, 7 капки дневно.
Лелеее не ме плаши сега таман му се израдував дека најдов лек хахаха му давав биогаја јас 2 дена ама од тие ми се мачеше да се искака да пробам да му сменам може треба
И јас мислам дека многу ги исфорсираа биогајата. Други пробиотици подобри ми се покажале. Кај големото дете биогаја прави опасен запек. Се научиле сите педијатри земи биогака најдобар е. Абе пробиотик, што има тука најдобро жити се. Не сум спиена пак цела ноќ, греота детево. Се кифли пустиот од болка. Нема како да му помогнам. Се тешам не се памтат овие болки. Јадев туна салата, си велам од туната да не е!?