Мајки сегде читам грчеви после втора недела почнуваат, кај нас почнаа веднаш кога се вративме од болница. Секој ден интензивно плачење од грчеви, по цел ден и ноќ. Го фаќаат на пола саат се стега, плаче. Не може да се наспие. Буквално има грчеви скоро нон стоп. БиоГаја пробиотик секој ден.,еспумисан,колиеф,нурс харви сируп, чај бекутан и пак немаме некое подобрување. Некој совет? Искуство од некоја мајка дали ке завршат порано дека и многу порано се почнати? Хелп? Инаку сме 23 дена...
И ние бевме со грчеви штом дојдовме дома. И давав био гаја само на почеток. После и давав капки ко лактазе,а пробиотикот и го прекинав и додека и ги давав капките немавме мака. Штом влезе во 3ти месец пак почна да се мачи, ни капки ни пробиотик помагаше. Сега сирупот и го давам и немаме проблеми, а за неколку дена 4 месеци ќе прави. Не знам,да пробаш пробиотикот да го смениш. Читав био гајата некаде правела проблеми.
Баш денес не дадов пробиотик и чекам да видам како ке помине ноќта.Сирупот како го даваш? И дали само сируп или заедно со капки?
Пробај два ,три дена не и давај или смени го пробиотикот. Ваја е подобар мислам. Инаку само сирупот го давам. Прво неколку дена и давав насабајле и навечер по 5мл. Ама пошто грчевите и се навечер сега и го намалив, само навечер 5мл. Веднаш се смирува, нема болка, прди без вриштење, без да се собира и кака секој ден по еднаш. А пробиотик веќе не и давам.
Nurse harvey и јас да го пофалам, од вчера го почнавме. Имаше малку грчеви но не не беа со хистерично вриштење. Дадов 3мл.многу голема количина ми беше 5мл, и добро и делуваа и тие 3 мл. Еве ја денес си има гасови, ги витка ноџињата, но далеку е тоа, од тоа што беше. Нас колиеф и колипрев не ни помогнаа. Ко лактазата, беше добра но кратко ја држеше, со сирупот спиеше, стануваше да цица и ноќта помина поспокојно.
Сите што давате само капки, сте пробале со термофорче на стомаче? Од оние ко мече што се, со паричка внатре. Мои блиски доста ми го фалеа, ептен смирувал грчеви. До душа со првата ќерка немав мака со грчеви ама се спремам за бебето, па еве почнав да ве читам за капките. Знам дека уште одма ќе земам термофор..
Да, го користевме, се додека не ми падна врз рингла жешка вадејќи го од зовриената вода, и толку од него.се дупна. Околу 500 ден е, ефикасен е, но следно не би купила, заради процедурата да се стави во зовриена вода, па потоа се чека да олади па повторно да се користи. Губам околу 40тина минути а бебето ми плаче. Подобро друго термофорче, ги има со семки од вишни/цреши, други видови.
И нас брзо ни се дупна, после една недела користење и тоа при кршење на паричката... А и тоа со водата да врие па да се лади, баш во моментот кога ти треба и кога вришти бебе дали да го топлиш да го ладиш или да смируваш, не е баш најидеална опција. Ние после зедовме како појас со лепенка, со восок полнето и се загреваше со пегла, многу брзо а плус ептен практично и ефикасно се покажа.
Ние користиме со семки од цреша али кога ќе му го ставиш уште толку вреска не ни врши воопшто работа, само нишкање и нишкање
Море јас кога ви викам лекот е дијазепам, вие не верувате. Опни еден тампон на уши и љуљај брате по цела ноќ
И ја бев спремна да купам тампони ако продолжеше или да се фрлев од негде трета опција немаше можеби масло од канабис ќе не опушти барем на природна база е
Аиии смее? Не сум пиела цела година, од 3 голтки белким ништо не им е на бебињава. Инаку се витка ко кифла, го нишкам и пишувам. А денес дадов уште 850 денари за капки не знам кои се по ред. Врска немаат ниту едни, само се залажуваме. Да варам кафе, долга ќе биде ноќта
Пијам дење,ама баш кога се грчевите не би пиела...навечер и онака на нервно сум, али на винцено како му се мерачам...