Удри бригу на весеље да не ви е нервозно пуштете си музика играјте пејте на вас да ви е забавно бебето секако ќе вриска кога го боли нешто
Маж ми заспива додека го заспива син ми. После чекаме бебето да заспие и го заспивам големото. Тоа до кај 1-2 саат. Е после почнува малото да се грчи, цица, повраќа и така до сабајле со неколку дремки.
Кога пиеше молзено млеко се бев напила кафе(го пијам многу слабо) поради главоболка после спиналната и по совет од анестезиолог ,цела ноќ вриштеше и не спиеше
Мајкии по колку време ве држат грчевите? Јас мислам полудев вчера од 11 до 4 на полнок врескаше бес престан 3 пати се заспавме на по 10 мин и пак одново, дете се вчрвени мислам ќњ зајдеше од викање бев спремна веќе на ургентно да го однесам( а и дента на неколку наврати имаше епизоди со врискање по саат два) не еспумисан не чајче на цицка па голо па масажа на меше, па топли пеленки на крај сабајлето и колиеф капки му дадов од мака мислев ќе полудам... Кај сите ли е вака или моево нешто го мачи
По 4-5 саати просек. Му даваш капки нонстоп? Ставај му топло на мешето, прави масажи и кревај му ги нозете накај мешето без разлика дали во моментот има грчеви. Пробај да спречиш.
Читав најизразени се до 6тњ недела валда после тоа ќе намалуваат Многу ми е жал штп ве читам алал да ви е и на сила и на нерви Праќам многу трпение
Се тоа правам ама џабе... Не му давам дека ги почнав еспумисан и мислев само по потреба но се откажав и од нив, денес ќе ги барам колипрев да видиме дали ќе има спас
Еспумисанот ги шири уште толку цревцата и може уште толку да ти вреска да не се изненадиш иначе како што ќе расте нема да ги снема али на 3 дена една ноќ неспана ќе имаш така да спас нема само нерви, затоа ја со музика го нишкам за малце да олабавам иначе под нозе ќе го ставам со толку врескање
Знам мајка, верувам дека се правиш и ти ги знам фрустрациите посебно вака некој кога ти ги дава истите совети упорно. Исто се осеќав и јас ама стварно тоа е тоа, нема што да се прави освен да бидеш трпелива. Ставај му цело време нешто топло на мешето за кога ќе дојдат грчевите полесно да ги поминете. Насабајле кога ќе станеш одма свари литар вода со едно пакување ким и пиј го преку целиот ден. Прави си од бебешките чаеви против грчеви. Еспумисанот батали го штом не помага само запек ќе му направи. Најди денеска Колипрев прати некој до аптеката на Ремедика или јави се во Бети аптеките да ти кажат каде точно ги има да не луташ и пробај и со тие. Ставај го врз тебе на меше да лежи да си прдка полесно или на колено. Јади повеќе ориз, компир, банана и пиј и ти пробиотик. Држи се мајка.
Освен тоа јана што ти кажа пробај и со круши ако не јадеш. Бар кај мене ќе изедам крушки и после јадење одма кака и прди. Дали е случајност не знам но валда го протерува крушката...
Моето е 1 месец, 8 капки пред секој подој. Го свртев цел град, вчера ги најдов во Бети Ѓорче. Ама пак исто, страв ми е да ти кажам дури и бетер беше вчера со Колипрев.
Им се мислам на колипрев ама тоа што се дава на секој подој ме буни, бебево цица кратко и често, не можам да знам однапред дали ќе цицне или ќе се нацица