Што да ти кажам, еве незнам. Некогаш траат до 3 сабајле, некогаш до 5-6. Синоќа до 3 ипол не спиеше, помалку вриштеше, ама будна е и си испушта звуци и се витка. Од нурс харвеј сирупот сум задоволна само, од хистерично плачење за 2 дена сега е само нормално плачење. Сликата што ми е во глава од грчевите, ќе ми биде долго запаметена Денес 6 недели прави, уште само толку па да престанат
Не. Пишува пред подој да се дадат па да си продолжиш со доење. @K7M10J јас давам на преку едно, зошто и мојов нон стоп виси на града, ама не се смирува меше, кркори како лудо, а бебе се витка.
Јас нудев да цица и ако видам дека е гладен го прекинувам, капнувам директно од шишенцето во уста и продолжува да цица. Ако се тргне за кратко не давам зашто очигледно не планира подолго да цица. Кога беше помал давав пред секој подој 2 капки, како порасна се намалија подоите и давав 4 капки пред секој подој. Не знам дали е правилно ама јас така ги давав.
И кај мене е така, па денес кога знаев дека ќе цица добро дека гладно му дадов 5 капки и бидејќи за саат пак бараше му дадов само 3 пред цицање незнам дали е правилно ама нема уште ред во цицање
Леле немој викаат до кај 6 недели се најинтензивни после е полесно јас се тешам дека само уште 4 треба да издржам,дај боже да ви се намалиле веќе
Пишува колку капки по оброк,а не после оброк А наведено е пред хранење. Т.е ензими секогаш пред јадење се користат. Јас кога сум доела на час и пол да речеме давав 3 капки. Битноне да има ензим со секој обеок. Затоа тие што доите на почесто давајте по 3 капки да речеме ама со секое хранење. Погрешно е еднаш 5, еднаш ниедна
После 6 та недела ќе опаѓа интензитетот на грчевите кај нас до полн втор месец ги снема...исто бевме хорор со грчеви и раатот си го најдовме со сирупот.
Го читам ова и се тешам дека уште две недели треба да издржам ако е навистина така... Иначе спобудалев...
Ова е од google информација и јас се тешам декс е така инаку и психа и се ми се поремети, кај нас цел ден ги има барем да е само ноќе... Еве нишам 3 саати веќе а каде е утрото
Не би рекла еве ние за некој ден 7 недели ќе правиме сеуште е токсичен вчера до 4 се нишавме и јас и мм готови бевме се откажавме веќе го легнавме викаше викаше и заспа сам да се надеваме на сончеви денови
И кај нас низ цел ден, и преку ноќ. Константно го фаќаат на саат време, нема определено време за грчеви и тоа не измачи и двајцата. Нема мирно спиење, ако заспие се буди на 10 мин од грч. И така во круг.
Мојот на 2 до 3 саати цица кога како ама страв ми е да му дадам да цица веќе, ќе се нацица и почнува викањето пак си мислам јас нешто му правам а веќе се живо престанав да јадам
Пробувам на два саата да давам, не ми иде, бара почесто и цело време сака на цице.. Не можам вода да се напијам, цело време во раце се држиме....
И јас исто забележав, колку почесто сака да цица толку повеќе се грчи. 2 до 3 часа е одлично време и јас исто се трудам на толку часа да давам да цица, па има ефект и помали се грчевите Баш почесто давање и висење на цице знае да прави вакви проблеми. Труди се со анимирање колку што можеш да не е нонстоп на цице
Рачунај дека они кога цицаат голтаат воздух после тоа дополнително им прави проблем,што почесто бара да цица повеќе и воздух ќе голта и грчеви...пробај со Колипрев може ќе помогнат ако при секое цицање има грчеви
Мене за првиот син ПопЛазарова ми наведе во извештајот доење со анимација. Што значело тоа,измеѓу секој подој минимум да правам паузи од 2 часа,да го анимирам некако тие 2 часа за да не му се собирало млеко врз млеко не сварено па дополнително грчеви да ствара. Бидејќи и со првото имавме мака со грчеви. Кога го напишав ова следеа коментари дека не е точно дека бебе треба да цица кога сака и колку сака. Оваа беше на контрола од 2 месеци до тогаш беа страшни грчевите после 2 медеци олабавија. А и сега кр го носам мали на педијатар. На ад уште пострашни се грчевите. Неможам формула да погодам еве цела ноќ се нишаме не е какан дополнотелно. Ако не плачи кемка и така во круг Лудило
Знам ти го користеше nurse harvey имате ли ефект сегде ли се продава? Да пробам веќе и со тој деновиве пошто колипревот 2 дена не смири еве наредниве 2 пак исто синојка врескаше од 8 до 2 не се трпи веќе
И нас ни кажаа кога сака и колку сака бебето да цица. Но јас сепак внимавам и на времето. На половина час до час не давам да цица. Во денот има 9-11 подои и гкедам да се на минимум саат и 40 минути, се што е над тоа, според мене е ок. Следејќи го бебето ова го правам, секогаш не плачи за цицање, многу пати е заради грчеви, заради внимание и гушкање, заради полна пелена.