Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грчеви кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 9 мај 2010.

  1. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    Не давам количина да замени оброк, измеѓу, да не бара утеха од града и да полни меше. Јас не сум за тоа дека не се давало вода ако детето цица. Сметам дека е потребна на организмот. Шеќерот исто не го сметам за никаква опасност, со првото бебе тогаш се притресував :) сега гледам само да помогнам. А околу капкиве, веднаш гледаш дали симетикон делува или бетер прави со самото тоа што ги шири цревцата за гасовите да можат да излезат. Нормално, нема лутиш:)
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    А замисли мојов кила на папок извади од стегање. Ништо ама ништо не помага.
    Ми кажаа и да не фрлам пари за никакви капки. Дека е до детето. Некои побрзо и полесно ги разработуваат цревата други како нашите.
    Само во раце и вентилација го смирува.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    И моето прво дете исто, кога му рипна папокот, па стегач до 7 месец носеше, абе стресови невидени. Затоа се ќе сторам да му помогнам, ама рацеве ми откажуваат веќе.
     
    На Ava.84, Happyinlove и Alishan30 им се допаѓа ова.
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    118.953
    Пол:
    Женски
    Јас широк повој само навечер, ставам и за да не се напнува, тој е над папок па знам дека е заштитена така.
    Колку толку ќе го држи папочето
     
    Последна измена: 2 ноември 2020
    На Ava.84, Brpbrp и Happyinlove им се допаѓа ова.
  5. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    Ставав и јас ама направи кила првото дете. 40 дена плачеше дење ноќе. Памтам бевме на 40 дена во црква и баба ми рече:ете сега попот ја испеа, нема ништо да ја боли. И стварно баш до тогаш беа грчевите. Сега со ова дека машко не редам повој.
     
    На Mihaela123456, Happyinlove и Alishan30 им се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Бебе уште нема ни една недела а веќе му се јавија грчеви, сирото од вчера без престан плачеше, денеска исто цела ден.
    Бидејќи уште не сме биле на педијатар, денеска разговарав со патронажна сестра и и кажав, ми рече да си продолжам да го дојам, а освен тоа може и превриена водичка да му давам, ми беше страв имам негде прочитано дека на бебе не се дава вода ама морав премногу ми е жал кога го слушам како вришти, едвај го пресоблекувам, не беше ни јадено, ни спиено како што треба, и среќа малце му се намирија па сега си цицаше и заспа.
     
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    За жал спас од нив нема прочитај страна две наназад пробај види дали ќе помогнат али додека не ти искочи душата нема спас после 1 недела од раѓање можеш да даваш чај од анасон,термофорче и думкање по цел ден ако треба и соблечи го кожа на кожа со тебе и тоа помага, јас касно приметив али на моево компирот ужасно му сметаше кога престанав да го конзумирам еве има плачки на секој трет-четврт ден али без вриштење види дали му смета нешто што конзумираш ти
     
    На eli.karameli, Alishan30 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Бидејќи е една недела и тебе уште ти е тазе, прво провери дали убаво напредува, да не плаче од глад. Имаш млеко? Убабо цица? Лесно е се да се препише на грчеви.
    Вода не му треба на мало бебешко меше. Празни калории и дување на мешето не се потребни.
     
    На Thallia, 0ли, Brpbrp и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Имам млеко, еден подој му трае од 20 до 30 минути, сестрата ме праша ако ги витка ножињата накај стомачето дека се грчеви во прашање, и приметив дека цело време ги витка ножињата затоа дадов малце водичка, среќа му помогна па си цицаше и заспа.
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Битно е да голта, не време на цице. Можно е водата да му дала привремено чувство на ситост. Вода не се дава на бебиња дур не почнат со внес на цврста храна. Закажи си на педијатар и доктор нек следи.
     
    На Mantub и Thallia им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Штом се смирило од водата не се грчеви туку може не се дојадува
    Да помагаше вода за грчеви еден куп пари и нерви ќе заштедевме Пробај со дохрана 30мл следен пат и следи ситуација дали пак ќе се смири или ќе се грчи
     
    На PurpleMind, kukla21, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Моето бебе е 10 недели и од пред 2 недели почнаа се намалуваат грчевите. Саб симплекс ги користев од старт, беа ок, но ги открив Миликон италијански се и се многу ефикасни. За тие што не може да му погодат терапија, ако можете набавете ги. 20201104_093353.jpg
    Инаку, сум му давала вода кога ќе поврател мене тоа ми е нормално, дури сува слива му имам варено да ја испие водичката (долго не беше какан), чајче од бекутан исто може не секој ден, и све си е ок со бебето. Сепак тоа секоја мајка си одлучува.
     
    На Snowflake97, Alishan30 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Вода не се дава на новороденче, не само што не помага за грчеви, може сериозни проблеми да му направи. Не може секоја мајка да си одлучува, ако нешто не смее, не смее.

    Едит: сега читам дека патронажна сестра дала совет за превриена вода.
    Сачувај боже, страшно неодговорни здравствени работници :whew:
     
    На K7M10J, 0ли, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Јас живеам во Хрватска, тука на предродилни советувалишта учат дека вода се дава и не ја поддржуваат теоријата дека мајчиното млеко содржи се што е потребно и дека не треба вода да се дава дополнително. Во Македонија не даваат, затоа велам како мајка одлучуваш што ќе прифатиш.
    Ние вчера се вративме од море и направивме и преглед таму, здраво бебе, прекрасно напредува без никакви сериозни проблеми. Тука, кој живее на море имаат начини на растење на дете што во Македонија мајки би се преплашиле од сама помисла. Вода давам, чај бекутан, слива сум му варела 4 недели кога имаше...
    Секоја земја различно, мене ми се допаѓа ова учење.
     
    На Stressed Out, Snowflake97 и Happyinlove им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не зборувам за Македонија.
    Има далеку подобри земји од кај што излегуваат научни докази за штетата што може да му ја направи водата на новороденче.
    Твоето бебе може е здраво, ама не се базираат доказите на едно бебе.
    Ни Македонија ни Хрватска не се ништо специјално.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Бидејќи ситуацијава е таква што не е препорачливо многу да се оди по доктори,а јас не сум мирна што да не ми се напиња детево,што за мир во куќа само читам и барам спас од грчеви и денес во аптека давај жено уште што не сум пробала бидејќи ме знаат више секојдневно се гледаме,на ти сме. И ми вика абе мајка како да ти објаснам,време треба а и до самото дете е. Некои побрзо некои поспоро им ја превземаат цревцата улогата. Сите капки и сирупи се наменети за вас мајките да бидете поспокојни дека помагате на некој начин. Демек еве дадов лекче чекам да му помине. А нема лек. Бидејќи не е болест
    И така е.
    А неможам више. :drunk:
     
    На CatL4dy, K7M10J, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    И јас тој муабет често го слушам, ама искрено може на среќа али му ги погодив капкиве. Ми ги кажа пријателка што има 3 деца и тврдеше дека грч не осетила што значи, и навистина многу ми помогнаа.
    Јас ги купувам од Италиа, ако сакаш пиши ми за бебуле ќе најдеме начин да ти ги пратам. Исто така тука ги има и Саб Симпекс и тие се многу добри.
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ако не се дава вода на новороденче тогаш АД нели се прави со вода? Многу глупа теорија е тоа чисто вода не смее а АД кога раствараш тогаш смее:clap: нема смисла муабетов...
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Боже, па и мајчиното млеко е над 80 посто вода.
    Не е теорија, докази се, чистата вода не можат да ја преработат бубрезите на бебето, па во крвта го намалува нивото на натриум, па постои опасност од хипонатремија, а ако тоа се случи може да дојде до незабележливи симптоми кои ќе ги препишеш на нормално однесување на новороденче, како повраќање, раздразливост или во некои случаи до грчеви, напади и кај некои е забележана и смрт.
    И не зборувам за литри вода, туку за мала количина.
    Тебе ако ти се ризикува нешто толку сериозно и докажано, за нешто кое си го слушнала како совет од рекла казала, а не дека стварно помага, ризикувај.
    Ама ако нешто не ти има логика вака од прва, не значи дека нема, за да ти има треба ептен да ја разбираш темата.
    Не се растат деца со совети од баби од пред 50 години.
     
    Последна измена: 4 ноември 2020
    На K7M10J и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Мајчино е едно јас зборам за формула таа се раствара со вода ако веќе бубрезите не им преработуваат вода како ја преработуваат формулата?