Како е мајчиното едно, а формулата друго, кога и мајчиното е 89 посто вода? Вода е вода, H2O, не може да е една во мајчино, друго во формула. И во формулата е точно наведено со колку вода да ја мешаш. Ако ја измешаш со повеќе вода, истата грешка ја правиш и истите проблеми можат да се случат, електролитен дисбаланс да му направиш на бебето. Во формулата се содржат толку електролити за одкако ќе ја измешаш со толку вода колку што е напишано, да нема ризик од дисбаланс. Најпросто кажано, се "неутрализира" водата со електролитите што ги содржи формулата. Чистата вода со што ќе се "неутрализира"? Сама од себе? Не мора мене да ми веруваш, отвори читај. Овие совети за вода на бебе, мед на цуцла се бабински совети и не треба да се применуваат, нема ништо лошо во тоа промени да прифаќаме. И од мед ништо нема да им се случи на 9 бебиња, ама на 10то ќе му се случи. Ти ако сакаш ризикувај, јас не би пошо е скрос неодговорно. Не дека ризикуваш со тоа што му даваш вода бидејќи нешто можеби ќе добиеш. Ништо не добиваш, само се лажеш себе си верувајќи во некое суеверие. Грчевите се средуваат со лактоза, а во водата нема ни л од лактоза.
Со шприц го давам, но не тој од сирупот, зошто не испушта убаво млаз. Купив обичен шприц од 5мл од аптека и со него давам. Ставаш на крај на ивиците на устето, не на средина за да не му надојде веднаш па да не се засркне. Туку полека од страна кај букалната слузница. Јас вака го давам и има ефект, се додека не и текне на мојата мома да си прави тапанчиња со него па да го подплукнува Со паузи го давам за 2-3 минути, наеднаш не.
Абе знам ама на син ми му го шибнав наеднаш и го засркнав и страв ми беше сега за ова и да го купам. Но ајде го земав. Адаеуште поинтересно на првото му го давав но никој не ми имаше кажано дека прашокот од капачката се раствара во течноста. И сега врти врти го растворив
Прашокот е сода бикарбона и пени, јас го промешав и оставив убаво да се раствори, потоа давав. Уште ми е страв да дадам цели 5мл. Само по 3 мл и давам 2 пати дневно Само постепено давај, голема количина е, тие и на цице се засркнуваат не па нешто ново кога им ставаме па и 5мл наеднаш
Како ги давате колиефот со адаптирано? Ја ставам 4 капки во оброкот ама стои треба да отстојат 30мин Ама некогаш бебе знае на 3ипол некогаш на 4 саати да бара и не може секогаш да ми стојат 30мин. Некогаш и знае да остај да не допие и се сомневам воопшто дека ги пие... Инаку до кога да давам капки ако нема грчеви? Дали превентивно до 6та недела да го клукам? Не знам далј е паметно да прекинам па да не го фатат
Така се ставаат, 4 капки во шишето, чекаш пола саат и повремено протресуваш. Од прилика прави го пола саат порано, нема секогаш да погодиш нормално. Капките не ги прекинувај нагло, намалувај по 3, па 2,па 1 и тогаш прекини ги. Ако почнат грчевите врати се пак на 4 капки.
Спреми ја лажичката со ко лактазата и малку мајчиното млеко. Почнете со цицање и за 1 минутка одприлка тргни го бебето од цице, дај му ги капките со млекцето и продолжете со цицање. Ние вака правевме, имаше ефект.
А колку често да давам и по колку капки... Немаме регулирано цицање и никако не мпжам на 2, 3 саата да давам да цица, многу почесто бара.. Два дена по смирен беше еве од вечерта од 3 саат уште не е смирен, и не можам веќе
Јас мерев барем да има 4 часа од капки до капки. Не давав на секој подој кога беа на блиско време. По 4 капки се даваа. Те сваќам како ти е, издржи. Истово ни се случуваше, и сега е така ама еднаш во 3 дена имаме лош ден. Над 6 недели поднамалуваат грчевите
7ма за 2 дена полна, помалку се. Ама ги има. На 3 дена еден е хорор со плачки без престан. Денес е таков
Ќути заспа 10 минутки, може ќе дремне подолго денес Вие како сте, се навикна ли бебушко? По апликација пишува и денес дека ни е прв ден од скок во развој. Како да разликувам јас скок од секојдневие
Јас давам пред цицање - лапнува и одма на цицка. Дозата е 7 пати по 4 капки. Давам на секој подој ама бебе цица 6 или 7 пати во денот, па таман излегува. Ние немавме некои страшни грчеви, ама и тоа малку што го имаше се изгуби. Се надевам ќе ви помогнат
Да денес е добар ноќеска не спиеше кенкаше многу се будеше ама пак му пуштам тие бели звуци и го хипнотизираат Не се жалам супер е веќе е бебче зајакнато