Ако можете да најдете трици да направите како термофорче ,го затоплување во микро и ставаш на меше. Нас многу ни помогна.
Јас му давам по малку чајче кога ќе го фатат грчевите ама искрено помага само да заќути да земе душа од врескање едно 5 мин и пак е иста песна пошто тогаш ни цицка ни цуцла ништо не сака од врескање, а дека му смирува да нема не му смирува затоа и гледам да не му давам само кога ептен нема друг начин да се смири
Два дена е само во раце смирен на 10мин. Се друго е плачење,стегање,тешко прдење,вриштење,бљуцкање од стискање,црвенее на лице,се гребе и плачи,плачи,плачи,дигање нозе и плачење,плачење. Зомби сум. За некој ден ке полни 6 недели до сега најтежок период. Масирам,термофор му ставам,сирупот му го давам се е џабе. Нека се стабилизира зошто неможам
За 4 дена 6 недели ке прави, таков период ни беше до пред два дена. Кошмар ненаспиени и двајца.. Вчера и денес цело време мирен дали два три пати се стегна само. Не знам што да мислам дали им се ближи крај на грчевите или ова е само залажување...
Ние сме 8 полни недели и верувај подобро ќе биде преку ден со мене се закача се нишка разгледува плачките веќе се и по ретки да не кажам какво бебе беше какво е сега...можеби дека почна да гледа убаво да загледува работи рачињата се смешка по цел ден али вечерното спиење тате си го заспива и си го нишка а преку цел ден е со мене, може да прескокне некој ден да си заспие со мене на гради али тоа е само кога има грчеви. Од кога го префрлив цело време на шише молзено млеко мир во куќа е и си имам среќно бебе сега кога размислувам си бикам да беше така од почеток можеби и немаше да има толку врескања и нервози али бидна веќе муабетот ми е идат подобри денови
Бебе синоќа ми се измачи со грчеви. Обично од 5 сабајле почнуваа ама прв пат од 1 ноќеска почна да се витка црвенее едно време лицето мокро му беше од што се потело...гревови Сакав чајот на бекутан да му го дадам иако давам колиеф...можам ли? Која од вас го даваше чајот? Како се дава? Само навечер ?
Јас давав чај од ким сварено и ставав бекутан чајче, два пати на ден наутро и навечер периодот пред да почнат грчевите зошто во исто време почнуваа. Плус колипрев, сеуште си пиеме. Пробав да ги намалам капките но почна многу гасови да има да се стега да плаче па пак ги зголемив
Знам има еден чај бекутан од анасон за грчеви што е 0+ може да се дава одма. Тој го даваше и плус ким вареше?
Кој од педијатрите дозволил да се дава чај, вода? И колку мл се дава тоа чудо? Ниту еднаш не посегнав по чај за неа. Јас пиев, не таа. Бидејќи сите работи ги пробавме најмногу задоволни сме со Nurse Harvey сирупот, пробајте и вие. Сеуште го користиме и тоа поретко веќе, еднаш дневно.
Не сум прашувала педијатар тука читав уназад во темава сите го давале на бекутан со анасон. На цимерката педијатсрот од ремеидка исто и посочила чај валда секој различно кој како учел се пединатриве ја сум скроз разочарана од многу... @eli.karameli имаше некое лошо искуство со сирупов или што беше? Нешто ве читав со пената од уста ама не памтам ... Знам @LadyC и тебе те читав низ групава за чајот од бекутан ама одамнаа валда за првото детенце. Искуство да споделиш? Од старт ли го даваше?
Јас сум скептик за овие работи. Сепак е течност плус, нас не учеле дека се си има во млекото па и во формулите кои се даваат, се друго е вишок и јас не дадов. За сирупот и јас знаев за пената ама не се случи кај нас. Самото капаче содржи сода и треба да се истури во сирупот на почеток и протресе, тоа прави пена, го оставивме да се стабилизира па дававме. Ниту еднаш не пенеше од уста кај неа. И за 15тина минути и делува, па и најдолго ја држи некако, за разлика од другите. Составот е ким, анасон и сода.
Да од тој. Варсм чај од ким 50 мл со 7зрна и после додавав малку од анасон во него. Максимум 100 мл на 24 х. На нас ни помага и за столицата. Кај бебињата на ад некогаш има потреба од екстра течност баш заради можноста од запек . Но секој со свое мислење
Од старт со двете. Едното додуша второво од некаде втора недела ама така испадна не дека планирав (ако памтам добро веќе сум лост ин спејс) .
Значи си делува така? а како и колку даваш? На ад сме на 4ч пие 135мл па не знам како да му дадам да не ми прескокне оброк
Лејди ја прашав баш како дава ти како му ги делиш тие 100мл? Кое време ги даваш? Да не ми скокне оброк да не го заситам ми е
Па обично на та авозрсст пиеше околу триесет мл на сред меѓу оброците. На пр тој јадеше ис еуште јаде на 3х на едеенипол час одприлика. На кутијата чај пишуува пола час пред оброк. Значи не би требало да прави проблем на оброците. Три пати му доаѓа по 30 тина мл наутро на пладне и навечер. Сега на пример почесто по 10 тина мл само спремам помалку па з аодреден период ако не го испие спремам нов. Не сака повеќе одеднаш.
Давав прво 50мл еднаш на ден пола кафено лажиче, сега знам да понудам и 100ка со цело , ама не ја пие цела. Само на Константин ништо не му помогна, Мика не ни имаше грчеви (бебево) П.с. не ги заситувал чај моиве, обично оброк па измеѓу можеш да понудиш