Јас го давав тој на бекутан ми го препорача педијатарка од чаир но искрено нема ефект сега му давам по 20тина мил само кога ќе го фатат јако за да се смири за момент пошто вреска со саати без здив да земе и нејке ни цице ни цуцла само чајче една голтка да голтне запира за момент. Не велам дека е правилно но јас давам по малку кога го фаќаат но дека помага да нема кај мене не е така
Кај нас среќа не е до толку работава ама ноќеска се измачи ми падна жал еве го со подочњаци е отечено не спие. Последниве 24ч дали 5-6 е спиен тоа е ептен малце. Ќе заспие и станува со болки. Сабајле кога се искака после друго бебе. Сега само прди како што пиша @Snowflake92 убаво ми какаше одма после испиено шише ад сега се мачи повеќе. Ајде ќе пробам нема штета 30мл ако дадам ако не бива и тоа тогаш одам со сирупот што го пиша алишан .
Прави му вежби да се прди и кака. Тоа на Мика ептен му помогна да надмине се. Тоа иде вака, вози точак (ти го вежбаш) 10 пати, му ги исправаш ноџињата неколку секунди и му ги стискаш према меше да напне. Има да летаат прдешки. Ти среќна и бебе среќно. Оваа магија сеа со второ ја открив.
Јас давав чај од анасон по препорака од педијатар 50 мл сабајле 50 навечер али ги давав 30 до 1 час после јадење ако го дадеш пред јадење после нема мн да јаде нас ни помогна водата од ким не ни помогна воопшто и сега кога се смирија грчевите еднаш на ден ако сака да пие ја му нудам некогаш 10 мл ќе испие или па воопшто некогаш и сите 50 зависи како е расположен али сега дека претежно е повеќе на јадење немам простор да му го вметнам ти бидејќи си на АД можеш саат време после оброк за да не ти го бљуцне и гледај да биде одприлика навечер кога го даваш пред да почнат грчевите од прв ден нема ефект кој знае што ама со неколку дена користење се смирува. Знам дека повеќето се скептици околу чај за доенче али реално ако гледаме ако се толку штетни зошто педијатрите го препорачуваат и зошто воошто се произведуваат сепак ако предизвикува и смртност зошто би нагласувале дека е за доенчиња сепак прават испитувања дали смее или не смее да го конзумираат.
Prvo se izvinuvam za latinicava,nemam Mk font na telefonot.Bebe ima skoro 2 meseci i se macime so grcevi sekojdnevno.Ne se jaki ama se konstantni so grcenje,tegnenje i razdrazlivost.Za spienje ne komentiram,ni jas ni pa toj sme spieni od koga e rodeno,a plus kako da ima reflux i stalno go macat kako kiselini.Doktorot veli deka ne e strasno,ke se sredi ponataka.Me interesira dali e normalno sto stalno se vlece,se grci kako da boksira kako da se brani so racijnata.A plus od spienje cesto znae da se strekne i da place pretpostavuvam deka e Moro megjutoa mozno li e i od grcevite?Veke pocnav da skrevam so umot i ne znam sto e normalno i sto ne i pametot mi odi nasekade.
I moeto na spienje taka praveshe mrdne so racinjata i se isplashe moro se aktivira i se razbude , zatoa za spienje go povivav taka spie mnogu pomirno i i popomku se budi ama treba da se vnimava pravilno d ae povieno. Ima pozebni kako pernicinja za refluks kosi da bide so glavata na podignato i pposle jadenje okolu 30 min ispraveno da e. I moeto se teglese za usi se grcheshe se grebeshe vrkje ne skoro 3meseci e
Se nadevam nema uste dolgo da trae,me plasat dvizenjata,kako da se bori da se grci nanazad so glava,na doktorot se mu e normalno a jas sekakvi dijagnozi najdov na google...Fala ti na odgovorot
Јас дадов вчера бекутсн чај 2*30мл и да ви кажам го смири ноќеска. Се искака ниту грчеви ниту се малтретираше спиеше без проблем. Дефинитивно не сум за давање чај ама ете кај нас помогна
@Milkiway за сирупот неќам да чујам.Бебе ми направи алергиска реакција со гушење и пенење на уста.Педијатри ми рекоа да избегнувам билни препарати. Давам само Бекутан чај. Мака мачи бебево 5ти ден не е искакан. Све пробав. И топломер!! Ќе јаде чепче изгледа.
Не знаев алергија дека напрајл. Мене ми беше страв бекутан да не му напрај алергија па дадов малце и гледам ок помина нема промена. Кај мене од бекутан одма се искака одма му олесна и му праев масажи на меше за полесно да се искака. Чекај нели до 10 дена може на доење да не какаат.
Јас ова за 10 дена го имам прочитано само тука што не значи дека не е точно, како и да е 10 дена се премногу да не се искака и треба да му се помогне. Го боли мешето. Се надоврзувам само на муабетот.
Во теорија да, јас не би чекала,тој сега се мачи не па 10 дена. Бекутанот не помага, не знам што да му правам.
Нормално е да се грчи тоа му е од грчевите. Напорно е ама тоа е, ќе помине. За второто мислиш на Моро рефлекс? Ако мислиш на тоа, Моро не се јавува кога спијат и се плашат во сон, друго му е тоа, и тоа веројатно нормално, сум го читала често на форумов, јас не сум имала слично искуство. Моро рефлекс се јавува кога осеќаат дека ја губат подлогата под себе па шират раце и нозе.
Да пробаш секој ден да го бањаш, моево после бањање обавезно кака, топло на меше, ти да јадеш сливи, круши (лупени) ма да ова мач со две острици е, може и грчеви да направи, јогурт нешто такво.
Мајки после скоро една недела мирување од грчеви, вчера вечер пак го фатија од 4 до сабајле.. Дали тоа значи дека може пак да му се вратат констснтно? 6 недели е бебето.
Нема да се вратат истата недела и кај нас се проретчија на 3-4 дена еднаш ќе имаше па после 1 неделно али овие еднаш неделно не се такви како што беа до 6та недела