Моето помало повеќе пиеше чај и млеко. Сега едвај испива по 20 одеднаш. А во последните денови гледам добраа му е столицата па не го ни нудам
Па мислам како растат и грчевите се намалуваат ги снемува и столицата се повеќе регулира. Кога приметам потешко дек акака му давам чај го нудам често. А ако е во ред не му давам. Ќе се среди само си треба време.
Јас вака не му давам пошто кога почнува да вришти од грчеви успева да запре само ако се напие чајче и го залажувам некоја голта па цуцле и ќе земе здив 5 мин па пак одново, ако му дадам повеќе наеднаш нема ефект кај него само ќе немам средство за смирување
Од 2 месеци смее да се дава на бекутан е за добра ноќ има камилица маточина и анасон исто се конзумира како и тој од анасон што е
Не вришти зошто гледам да јаде прво па после поча саат до саат време му го давам чајот и мир во куќа е
Моето сега 3 месеци уште од самиот почеток пиеше чајче на бекутан затоа што е само на адаптирано,на почеток помагаше но подоцна грчевите станаа поинтензивни и најмногу ни помогнаа бекутан капки против грчеви во секое млеко што го пиеше ставав по неколку капки бидејќи се направени само од маслиново масло пробавме и со ColiPrev но бекутан најдобри 295 денари со пишете малку давај ќе го видиш ефектот. Се надевам помогнав и некое друго бебенце.
Дозата на капки во секое шишенце е иста како колипрев или 20 капки дневна доза му ги делиш на оброците во текот на еден ден? Јас сум на комбинирана исхрана и ми ги пофалија овие капки на бекутан, па следно би ги пробала. Инаку, колипрев ставам по 4 капки во шишенце.
Со што го давате чајчето? Ние сме на доење 95% плус АД повремено. Пробав со цуцла, се засркнува, а со лажичка морам да го ставам во обична чаша, така многу малку пие (неколку лажички)? Вчера и давав и се утепа од прдењеСабајлево пак имаше грчеви, не толку интензивни, ама сепак ги имаше. Досега и давав био гаја, ко-лактазе и плус капки бекутан, немаше некој ефект, планирам се да исфрлам. Сета надеж ми е во чајчево. Маж ми вика му мириса на узо, се утепавме пиејќи остатоци, демек не сака бебето да пие Вчера баш јадев туна и испив некои 50мл што беа останати, одма ждригнав
Саб симплекс на нас ни помогнаа ,а чајчето со шише гледам да е или млако или за нијанса по топло и си го пие а кога ќе се олади не го сака
Јас ги користсм сеуште. Во процес на намалување сме. Од кога почнаа грчевите додека ги најдов мина околу недела и нешто.претходно пробав со бекутан и еспумисан немаше промена. Од како почнав со овие не можам да речам дека исчезнале скроз грчевите но се трпеше. Кенкаше и се стегаше да но не вриштеше како претходно. Јас сум многу задоволна од нив. Еден период ги користев и во комбинација со еспумисан доддка да го дотрошам шишенцето. И чај од ким со анасон.
Од кога почнаа грчеви кај вашите бебиња? Ние утре правиме 2 недели па да знам кога да ги очекувам? Се мислам меѓу еспумисан капки и бекутан..