Ако пишува 5 капки ти 30 ќе даваш само за да не плаче и ќе велиш Не гледајте многу како пишува? Ако не и седатив да им даваме, нема да плачат, што ако
Кога било можат да почнат. А може и да нема воопшто. Немам некое особено мислење ни за едните ни за другите. Од читање мислам дека колипрев им одговара на повеќе. Или сирупче Nurse Harveys.
Ако нема грчеви не му давај ништо најубаво еспумисанот знае да направи проблем ги шири уште толку цревцата и од тоа може да почне да ти плаче. Се додека нема грчеви нема потреба да го труеш со хемии
Тука сите специјалисти доктори порано нашите баби така биле чувани баш сте чудни.И од такви децата пекмези ги направите
Абе аман со тие муабети нашите баби како биле чувани.. нашите баби во ниви раѓале, па ај и ние така да праиме, што одиме во болница да раѓаме?! Ве молам не охрабрувајте мајки да даваат лекарства На бебињата надвор од пропишаното бидејќи вие мислите дека така треба. Лек препишува педијатар. Доза препишува педијатар. Тука може да се даде лично искуство, но не треба да се препорачува од ракав нешто - шесткратно поголема доза за новореденче!
Бабите што ги спомнуваш, кога плачело бебето од грчеви го трпеле пошто тогаш немало триста видови капки како денес, не ги клукале бебињата со лекови ко што викаш ти "дај му и не гледај колку пишува". Јас најмногу разбирам дека константното плачење изморува премногу, ама ќе си најдеш друг начин да се справиш, некој ќе те замени, неможе "решението" да биде на сметка на здравјето на бебето. Убаво ти пишаа, бабите па бабите во секоја тема, зошто не се породи ти в нива како бабите, туку одеше в болница?
Не знам кај кој педијатар ги носите децата навистина жално и вие велите шест кратно повеќе сум давала ,ја си знам како сакав да помогнам ама ништо уживајте си, инаку деца со поголема килажа не им се доволни моето втор месец имаше 8 кила и исто ли треба со некое од 4 кила ,педијатар рече дека супер си е крвна слика екстра,а за бабите поздрави луѓе биле тогаш, сега како ги храниме добри сме
Аман со бабиве, стварно. Еве, ако толку им било супер, зошто одеше на контроли на гинеколог и воопшто се пораѓаше во болница! Ако требало да се дозираат капките по килограми, истото би било наведено во упатството. Вие повеќе знаете од производителот на капките! Некои последици не се гледаат веднаш или на крвна слика, па така да се тешите демек се е супер. И ние возрасните сме некои 50кг, некои 100, ама доза на парацетамол, антибиотик и сл не зависи од тоа. Боже еј!
Во болница ми препишаа Биогаја капки против грчеви...кога почнав да ги давам кога дојдовме од болница, уште немаше ама сега некако последниве 2-3 дена се грчи, плаче...само на града и во раце се смирува и ако се искака. Кое време од денот ги давате капкиве? И пред или после оброк?
Јас давав пред оброк и вриштеше ненормално и во аптека ми кажаа да пробам после оброк да ги давам иначе д3+К1 што се даваат ми кажаа дека знаат кај некои да направат грчеви но не мора да значи дека од тоа би биле. Јас што се не давав па после месец и пол му се намалија.
Чудо не ти дадоа Рекол? На мене и тука на уште неколку на Рекол пробиотик сме а за грчеви башка користам колиеф имаш и тука низ темава препораки за капки овие колиефот како најдобри ги викаат мада индивидуално е се. Ја му давам и чајче од анасон ама ти бидејќи доиш можеш да земеш ти да пиеш таков чај за да нема грчеви
Моето дете е мирничко и кротко само еден час после бањање. Да земам на секој час да го бањам. Од 20:00 до 21:30 мислам е најстрашно. А преку ден е стенкање,будење за 15 мин, крици испуштање како да се кара со некого . Само да не траат до 4 месеци. Глуви ке сме сите дома. . Па после свечено ке се префрлиме на заби вадење
Не бе, биогаја ми дадоа. Зависи од докторката што прави испис од болница може А баш од завчера и ги воведов тие Д3+К капсулите и од вчера почнаа грчевите, како што рече @Brpbrp може и од нив да е. Јас од старт фатив навечер да и го давам пробиотикот, баш пред 2 саати и дадов и мирно си спие, а цел ден не преспа убаво. Ај ќе видам како ќе е деновиве па ќе земам и нешто друго ако треба.
Здраво мајки. Сакам да ве прашам за искуство со грчеви. Кога се роди бебе ми кажаа кравјо млеко никако, стварало грчеви. Еве 4 месеци скоро не се имам ни капка напиено и страв ми е да пробам. Во глобала внимавам и на храна, не јадам ништо што прави грчеви кај бебе. Какви се вашите искуства?
Јас бидејќи само нескафе пијам млеко ставам во него до сега не му направило грчеви само од компир грчеви имаше ненормални, а од млекото ништо дури и два пати во ден пијам, според мене не прави грчеви млекото пробај и ќе видиш