Jas davam Normia posle preporaka od pedijatarot posle tecna stolica i so niv prodolzivme. Mislam deka najubavo mu deluvaat posle Recol i Waya sto probavme.
Млекото знае да прави проблем кај бебиња кои имаат алергија на протеини од кравјо млеко. Тие се ретки и додека не пробаш нема да знаеш.
И јас се немам напиено капка млеко, грав, грашок, патлиџан, леќа, цитрусни овошје...се живо што може да предизвика грчеви и малата пак ги има. Сите видови капки, чајчиња (ги повраќа). Земавме и термофор со семки од цреша...и пак ги има. Не плаче кога има грчеви, само се витка и вцрвенува. Најмногу и помага гушкање свртена накај мене со свиткани ноџиња. Едноставно е фаза додека да има се развие дигестивниот систем ќе си имаат мака. Кај некои повеќе, некои помалку ама не верувам дека храната има големо влијание, ама .ете како мајки се што можеме ќе направиме да им олесниме на душичките
Моето искуство е дека јадам апсолутно се освен грав кој мене ми прави проблем. Бебе нема грчеви. Имаше 2-3 дена околу третата недела некои мали грчења кои поминаа со термофорче. Тогаш почнав да дава колактазе кои денес ги прекинувам по фаза на намалување на капки и прескокнување на давање. Верувам дека и тие помогнаа. Значи целосна доза само 1 недела давав. Забележав само туршија дека му прави проблем - карфиолот нормално. Премногу ми е жал кога читам какви маки имате и само се молев моето да нема грчеви бидејќи знам колку е стресно и за бебе и за мама. Ние правиме 2 месеци за неколку дена и се надевам дека нема тек да се појават, а на сите кои имаат мака испраќам многу поддршка, гушки и сила да го издржите периодов
И јас исто. Ништо од тоа не јадам. Засега добро поминавме до 4-5 недели наутро малку се грчеше и си викам ради тоа што пазам да не нема, да не му направам проблем со млеково. Ама па од друга страна мора да се проба.. А до кога би имале грчеви да не знаете? Ние сме 3 и пол месеци.
Баш е тешко, мн ми е страв да не и се јави кила на папок, мн се напнува кога има грчеви Добри сте ви се приближува крајот на оваа агонија До 4ти месец би требало да престанат.
Моето имаше грчеви од кога дојдовме дома до 4 ипол месеци ама вие штом се немале досега проблеми, сега на 3+ шансите се скоро нула. Требало одма да си почнеш со секаква исхрана штом си видела дека нема грчеви, така да почни си сега полека да јадеш секаква храна. Јас грав првпат јадев сега пред една недела, а малиот за некои 10 дена прави 7 месеци, салати почнав пред еден месец ама јас сум со трауми од грчеви
Да Многу ми беше тешко. Накај 3ти месец се смирија т.е. само се грчеше ама без плачки. Мене плачењето ме убиваше психички. И се опуштив, ги прекинав капките и почнав да јадам салати за да ослабнам малку. Го памтам и денот 12ти август кога јадев краставица и попладнето толку вриштеше што снемуваше воздух и го носев во болница сама по дожд зашто мислев дека нешто лошо се случува. Најлошиот ден во последните неколку години, се ежам. Тогаш го држеа уште еден месец и полека ги снема. Така да, ве разбирам многу, само држете се психички и барајте помош од блиските. Имајте време за вас за да соберете сила
За грчеви користам ваја капки препорачани од педијатар но сепак мн има ми кажуваат за некој капки од бг но незнам дали да давам од тие и дали ако почнам од. Нив треба да ги прекинам ваја? Има премногу грчеви старо е 25 дена и на ад формула сме
Па пробиотикот обично од сабајле се дава на гладно, а капките против грчеви се ставаат во млекото ако е на ад или се даваат пред цицање повеќе пати на ден според упатство.
Сега видов дека е на ад. Значи сабајле кога ќе стане ќе дадеш Ваја (претпоставувам 5 капки на ден треба) и можеш да пробаш со Колиеф капките, за бебињата на ад ги фалат доста. Колиеф се става по 4 капки во шишето со млеко, максимум 28 капки во 24 саати (значи во 7 шишиња ќе ставаш, ако даваш на 3 саати ад, за едно шише ќе ги скокнеш капките). Ќе почекаш пола саат да се активира ензимот и ќе го промешуваш шишето повремено. Доколку не можеш да чекаш, ќе си земеш Колипрев (или било кои други капки, не ги знам сите) и ќе даваш според упатство пред да дадеш ад.
Бебе уште го држат грчеви баш мислев после 6-7 недела скроз ќе исчезнат и ќе можам да баталам капки ама јок Не се премногу јаки ама се мачи преку ноќ Како е кај вас @Alishan30 @eli.karameli @Happyinlove вие сте пред мене, се смирија/проретчија грчевите?
2 месеци и 1 недела, намалија да, грчевите кај мојата бебушка. Давам саб симплекс капки до 2пати дневно, ептен намаливме. Ноги прими првите вакцини, и заради ротата имаше посилни дури грчеви кои се во вид на ненадејно згрчување и вриштење, до зајдување. Тоа се случува 3 пати дневно, повеќе не е. Смирено е. Денес 7ми ден од вакцината, само што се искака обилно и проливесто, и боди и шпикозни и мушама се менував. Сега заспа. Ќе стане кај 12, цица и потоа е будна до кај 2, заспива и спие веќе сама во креветче до нас до 7 за следно цицање.