Супер штом така да бидам спремна на тоа и јас за некои 2 недели Тие саб симплекс кои се ги има кај нас или тие бугарските се што ги пишавте? Баш ми е мило што намалиле грчевите
@Jana06 И јас се сеќавам на краставицата и мене уплав ми се направи од краставица поради грчевите на твоето и не каснав цело лето и ден денес немам во уста ставено иако моето немаше некои проблеми со грчеви. И сега од грав немаше грчеви? Обожавам грав, но јас имам проблем и го избегнувам. Не можам ни да претпоставам како им е на мајкиве со плачења од грчеви, но читајќи ве колку се измачивте, ептен криво ми беше. Добро е што помалку ве има во темава, значи намалиле малку. Моето ич не плачеше, само малку ќе се свиткаше, ќе испрцкаше и толку. Дали Колиефот помогнаа или такво е детето, не знам.
Хаха, сори што сум те исплашила. Првиот пат кога јадев грав не забележав некоја промена, а еве и денеска јадев тавчето на гравчето (кој гледал Преспав, знае ) и цицаше многу од двете гради, се разбуди со плачење. Му дадов пробиотик, кенкаше уште некое време и заспа. Нема гасови сеуште ама немам ни јас. А јадев грав и зелка Мислам дека веќе е безбедно да јадеме било што.
@Milkiway од Германија ми ги донесоа, добри се. Гледам генерика се симетикон. Се трудиме да ги намалиме, несакам нонстоп да е навикната на капки некакви. Почнува вториот скок и незнам веќе што да очекувам. Таман се смири малку, дали ќе има пак турбуленцииќе видиме
Ах луѓе ни спијам ни јадам, моето бебе изгледа има мака со грчеви, само денес намелен и е апетитот јади и се грчи после тоа нормално ли е да е од грчевите, имам закажано за на доктор во Понеделник, ама јас ќе се мрднам до Понеделник ми е страв да не изгуби во килажа. Премногу се стреснувам, таа само плаче и никако неможам да ја смирам, не ни кака како шо треба еднаш на два дена веќе побудалив, мм се кара со мене дека премногу се стреснувам, ама како кога ни спие ни јаде како шо треба,сакам да ја носам на ултразвук дали претерувам незнам аа и од време на време блуцнува
Ќе може ли да ми пратиш слика како изгледа пакувањето па да молам возачи низ ЕУ да ги бараат по аптеки Ја се изнададов пари на Колиефот на 5 дена ново паковање ама не верувам да му помага баш
И тебе кога те боли стомак од добиено грчеви кога имаш ти се јаде? Не. Исто и бебето, дали сте на Ад,цицање или комбинирано? Колкаво е бебето? Највеќе помага масажа на стомаче,стапала пробај со термофор кревај му нозе накај стомак да прдне највеќе се смируваат кога се во раце свртени према нас
Еден месец е, малечка е родена, па сега има 3кг на адаптирано млеко е, да еве цел ден сме со термофор се покажа дека најпоќе помага ни капки ни ништо друго. Незнам мислам ќе пукнам готово
По препорака од овде, тргна шоферот да бара вакви капки Ги немало како такви, овие ги имало во Италија, па му понудиле саб симплекс во Германија. Еве ги, овие ни ги купи на нас тој, 8,72 евра се Отворени ми се веќе 2 недели а до пола ми е шишенцето, има доста внатре. По 15 капки е дозирањето, над минимум 4 часа се даваат. На почеток давав на 4 часа. Сега сме 2 пати дневно до максимум 3 пати
Со какање како е да не и прави тоа дополнителен проблем и како што ти пишала Алишан и јас ги користам Саб симплекс и тоа само кога има мака од 15капки му поминува за помалце од пола саат делува па доста често и се кака тогаш Ако можеш да ги најдеш супер ќе бидат
Нема веќе грчеви, буквално ново бебе имам. Јас ги баталив сите капки, не помагаа, џабе ќе го труев бебе. Си спие по цела ноќ уште со мене на спална,треба да го ставам во креветче ама вака ми е мене полесно со доењето. Ние со продолжена жолтица се мачиме и запек. Луѓе детево не кака без чепче. Џабе храна,вежби,масажи ништо не помага. и Со жолтицава се секирам, денес пак на проверка крв, а од главче му земаат За неколку дена прави 2 месеци а уште е жолто по цело тело. За грчевите Милки само трпение и шетајте надвор на воздух, џабе ти се капки,сите се исти, ниту кај двете деца не помогнаа, само ќе се залажуваш.
И јас гледам дека џабе хемии му давам ќе ги најдам тие само што ми ги пишаа девојкиве ептен за ротата кога ќе ја прими да не полудиме тогаш Он немаше ама сега му кркори стомакот се слуша и ќе почне да вришти. Среќа па не трае многу се тоа и се трпи. Дај идеја за на воздух низ скопје. Кај да го носам по загаденово ми рече педијатарот никако вадење
Не бе како дома,секој ден во 12 без разлика на времето го вадам 1 саат. Низ населба шетаме, Водно, парк, на Козјак го носев, нема шанси да не го извадам. Така правев и со прво дете, ептен им годи студ и воздух. Инаку тоа се скопски деца, цел живот овој воздух го дишеме,не бива дома да се затворите.
Знам дека е така ама барам да одам кај што е бар малку почисто. Многу неубави работи се начитав за бебиња и изложеност на загаден воздух а ние па скоро и први во Свет сме Треба да прекинам да читам
Да сега видов и Унгарија, Чешка ги има натака одат возачи што ги знам така да супер. Да беа отворени границите ќе запалев колата до Ќустендил хихи
И ние имавме продолжена жолтица, по очињата најмногу се гледаше. Без некој ден 2м направи пред да му се исчисти. И јас бев загрижена како тебе, но кога се појавивме за вакцина кс му беше стакло. Убаво што правите прошетки, гледај да го искористуваш сонцево максимално, итоа директно изложувај го. Ако има полни пелени од мочкање и напредува како што треба, на добар пат е.
Пикот е кај нас . Не ми пие ни млеко од што се стиска. Вчера верувале или не пд 7 сабајле заспа во 9 вечерта. Цело време плачење никако ни во раце ни во количка ни во релаксатор. Јаки грчеви се по тоа што од кога ке прдне траг на пелената остава ми се мачи детето многу. И пробиотик давам сменав рекол со провен. Него колактазе каде ги има?
Исто и кај мене кога прднува траг остава и ја мислам како што скоро и немаше сега ептен го фати. Му ги слушам цревцата Само за среќа уште има апетит ама со какање многу се мачи да се искака се грчи прво едно 20мин па после кака Од 2 ноќе до 6ч е највеќе Ај валда е ова крајот