Има една ана на фб што ги носела и пишев но ми кажа дека ги немала сега на залиха. Ако успееш некако да ги најдеш вака пиши. И во делчево во аптеки као ги имало. Ако имаме некоја од делчево нека ни пиши
И нас не држеше жолтица месец дена. Многу е важно да цица, или АД сеедно, побрзо се прочистува. Буди го навечер ако многу спие, расоблечи го не го облекувај премногу, дополнително се успиваат. Држи го на сонце најмалку 10 мин дневно (јас ја држев мојата на прозор). Срце ме болеше кога ќе ме погледнеше со жолто во очињата, ама ама поминува, само редовна хидратација е потребно. Забележав дека мојата има грчеви од омегата. Тоа смрди корне на рибино масло, очигледно не може стомачето да и ја свари, па ја стопирав сега за сега
По некоја логика и паланка/струмица по аптеки да не ги има? Важи ќе барам и ја по некои по делчево што ги знам и ќе ти кажам. @Happyinlove да се едитирам Паланка нема
Ај да го сефтосам nurse harvey и него да го прецртаме на листата Колку давате на едно месечни бебиња цела доза од 5 мл? Аптекаркава не сакаше да ми го даде ми рече помала доза да давам не 5мл ама така има ли ефект
Јас ниту еднаш не дадов 5мл. Давав 3 мл наутро или на ручек и навечер 3 мл. Количински ми беше многу и со шприц ова, одвај ми го испиваше а не па 5мл. Имаше ефект кај нас и со помала доза.
Не од скопје сум ама имам познаници делчевци па се распрашувам да ми проверат по аптекиве Една што прашав и таа лани од БГ ги зимала
И јас имам земено Колиеф капки. Не ми се отворени уште ги зедов за секој случај. Го имаат тој ензимот што помага. Овие спрема тежина се дозираат или кај сите бебиња исто по 28 капки во 24 часа. ? Ние сме три недели кај да е ќе почнат ако не се и почнати веќе, бебе се грчи се вцрвенува знае и да заплачи од тоа. И уште ова,дали може во шишето заедно со пробиотикот биогаја да му се дадат колиефот, наутро секако.. ?
Дали ги има некој користено по колку пати во денот ги давате и по колку капки ставате бебето за 4 дена е 1 месец ама мн грчеви има инаку на ад формула сме..
15 капки за колкаво бебенце? Моето за 4 дена прави 1 месец ги имам капките но ме интересира по колку и на колку часа?
Па јас ги давав до кај месец ипол мислам и така беше дозирањето. Не знам дали се зголемува дозата после, мислам @0ли може да ти помогне.
@firequeenn Во упатство на кокиеф нигде не прочитав дека е по килажа ја си ставам по 4 капки цело време...
@firequeenn Не се дозира според килажа, секогаш 4 капки се ставаат и се чека половина час пред да се саде млекото. Потоа не се прекинуваат наеднаш, јас ептен постепено ги прекинав. Почнав по 3 една недела или две, не се сеќавам точно, па 2, па 1.
Моето е 2 месеци, немаат врска месеците. Се даваат по 15 капки на минимум 4 часа. Јас гледам да има поминато 4 часа, но доколку нема грчеви и го растегнувам периодот за да биде на подолго време.
Мами, да прашам сите што сте го користеле или го користите сирупчето Nurse Harvey's на кој мачин сте го користеле, кога и давам на ќерка ми се задавува и се закашлува и неможам дс и ја дадам до крај дозата. Го пробав и кас, сирупот е преблаг и за мене а не па за неа, а и помага доста... Дали може да се стави во млекце? Или помош како го давате вие сирупчето?
@firequeenn Сега ми текна дека имаше прашање и за пробиотикот. Колиеф ставај во шише, а пробиотикот ќе го даваш од сабајле на гладно, директно во уста или во лажиче.
Со шприцот од сирупот ни беше тешко и се задавуваше. Купивме од аптека обичен шприц и давав по 3 мл на неколку пати. Се става кон краевите во устето, не на средина за директно да не и отиде кон душникот на средина. Значи странично полека ставај и во рок од 1 минута на неколку пати ќе го дадеш
Тие што користите Еспомисан капки по колку пати смее да се дава знам дека 25 капки е дозирањето ,ама колку пати во денот смее, три ипол месеци сме пред извесно време ги земав и имав дадено неколку пати и одма се смирува само што ќе ги испие и заспива ...