Јас ги користев сега веќе не три пати на ден ги давав или пред оброк или после оброк ако има почесто грчеви давај ги и на 4 саата не е проблем
Јас давам и пиев но немав некој ефект ама кај него ништо посебно не помогна сами од себе се поднамалија иако еве уште има, подобро пробај колиеф колипрев или некои други за грчеви капки може ќе имате ефект кај доста бебиња помагаат
Не сум во мк, и имам пишувано дека овде за грчеви не препорачуваат ништо од страна капки и чај, само масажа и гушкање на бебе, контакт кожа на кожа. Капки велат не препорачуваме, ако сакате можете сами да си купите... Пиев чај сега, почнав од денес па ќе видам дали ќе има ефект.
Мајки на 05.01 правиме три месеци, дали е можно сега, да, ги има, нај јаките грчеви? Се смири некое време минимални грчеви имаше ама деновиве посебно денес вриштеше 3 саати.. Па нели требаше да се намалат и да ги снема....
Кога веќе еднаш ќе поминат тие грчеви Беба ми е месец и пол и имаме грчеви веќе три дена по ред од 6 часот наутро до 12 часот и после е мирна, како темпирана бомба. Давам пробиотик Биогаја и чај од Анасон од Хип но не гледам подобрување. Таа исто се мачи, плачи постојано со многу заоѓање Сега ќе земам сирупче Nursey Harvey's, какво искуство сте имале со него и дали им помага? Не можам веќе да ја гледам кај што се мачи толку, жалче едно а и јас мислам дека ќе се распаднам кај и да е - ниту спана а ни раце ни грб ни половина не осеќам Кога вас ви поминаа грчевите?
Скоро 4 месеци и знае пак да го фатат грчеви само Саб Симплекс ни помогна на нас али имаа пишувано и за тие што сакаш ти да ги земеш имало ефект пробај ништо не губиш комшии едни кај мене до 6 месеци имаше малата и бабите и родителите истоштени беа. Само психички биди прибрана иако е тешко цел ден некој да ти плаче и смао да плаче кај нас после 2ор месец се поднамалија
Кај нас се намалија после 2 месец, сега сме со полни 3 месеци и се изгубија. Почнувам постепено да внесувам храна како краставица, грашок и тогаш знае да изреагира. Ќе се погушкаме малку ќе и правам масажи, ќе се испрди и готовоникакви капки не давам, понекогаш пробиотик. Ќе помине бргу, не се секирај
Исти сме и ние сабајле од 6 до пладне. Исто давам биогаја и чај бекутан ама вчера се префрлив на хипп, моја грешка е што чајот го давам претежно навечер и накај 3 часот ноќеска почнува да му се чисти стомакот почнуваат грчевите се витка цел, и до пладне сме ужасни. Мисла дека и тоа ми е грешката навечер престанав да давам чајче. Само наутро по 20мл колку да му помогне да исфрли гасови и да се искака да му олесни.
Кај мене кака сабајле во 3 само кога е во скок и се буди за јадење тоа го имам приметено и ужасно нервира али ќе издржите
Дај помагајте неможам да го спуштам на кревет дпална количка, вришти, а кога ќе го земам ќути, по тоа мислам дека ништо не го боли сака само близина или се лажам? Ноќеска не е спиен убаво, од утрово од 6 ккао е станат не е заспан на двапати по 1 саат во раце ми спиеше и толку, ноќеска се грчеше цел Дали грешам нешто?
Си пробала да го повиеш со ќебенце или вреќичка? На ќерка ми кога и се стегнати рачињата спие многу помирно отколку кога ја оставам така и не ми се буди веднаш.
Мал е грчеви го мачат,надворешен свет додека се адаптира. Изнеди го надвор кога ќе се најаде може ќе заспие така. Му даваш нешто за грчеви?