Да пробаш да го завиткаш и така да го нишкаш па да го спуштиш во креветче Јас имам вакво специјално со лепенки е ама немам видено кај нас како бебешка вреќичка и со тоа сум го легнувала Сега има 3мес и се успива во раце па го легнувам во кревет прв пат.
Имаш ли помош? Менувајте се со маж/сестра било кој на 15мин за гушкање. Тешко е, ама ќе помине. Ако е најадено, пресоблечено и со соодветна температура не правиш ништо погрешно, едноставно сакаат близина и гушкање.
Ке помине мајка, се навикнува на светот надвор од матка. Цревцата се разработуваат. Синко 3 месеци имаше грчеви, се пробав а си поминаа сами од себе.
Сама сум со мм ама него му е страв да го држи и само во мене е, пресиблечен јаден иако денес сменив ад од хипп на новалак антиколик, друго се е среден Веројатно сака само гушкање зашо само во мене неплаче онака вришти
Не сум пробала следно ми е да пробам некој капки што не се на природна база веројатно нив ќе ги пробам
Од многу слушнав дека биле добри и јас ги нарачав од Македонија да ми ги донесат затоа што ги нема тука. Пред некоја вечер мојата имаше грчеви, со капките и масажа на стомачето за 5 минути мислам дека се смири.
Мажите имаат посигурно држење од нас. Кога ќе се ушушка кај него не мрда, ужива. Кај мене само прета не можам да ја сопрам. Постепено нека се учи и маж ти инаку кај ти е крајот. После кога додават на тежина е уште потешко. Подбери го на време, не е толку страшно што па толку се исплашил. Нека го држи седнат на почеток, потоа со шетање.