Ееее мене ми се сврте со бебе така од нрјаденост,замор падна имунитет бидејќи 24/7 плачеше и само нишквме и на крај кажав не можам веќе и маж кога почна да го успива се просветливме,а го имам и оставано да поплаче кога не сум можела и доста често само се смируваше
Ако ми веруваш еве уште така се успиваат кога е он фома и дневни дремки со него се успива кога он не е дома со мене се успива пробај ништо не губиш
Јас уште од прв ден му ја давам, си се научи. Нормално и мене ми беше страв посебно на почеток, ама не се толку кршливи, не е ништо страшно. Мораш да чуваш сила, ако си ти преморена, стануваш нервозна, бебе осеќа, плаче повеќе и така во круг. Дај му го на маж ти на почеток биди и ти до нив демек да надгледуваш и нека се чуваат. Исто е добро да се поврзат. Мојата е татина маза, некогаш кога ја гледам како му се радува кога ја зема просто им љубоморам. Јас и здосадувам не може да ме гледа по цел ден.
Кога имаше грчеви мм го држеше и мислам само кај бего се смируваше Ние сме поише под стрес и како што викаш си плачеш се нервираш осеќаат и може не плаче толку од грчеви колку од вознемиреност Сега сум ок 3мес има ама до скоро секое плачење и грчење ми беше стрес па затоа мм најчесто си го нишкаше и успиваше Мора да пробате
Еве сме ние 3 месеци и 4 дена и ушге се грчиме по цел ден и ноќ... Престанаа се опуштив и оопп ајде пак од почеток.. Мислам не онака со вриштење како на почеток (коса ми се дига кога ке ми текне) ама се стиска се грчи доволно за да не спие мирно и да плаче за у раце( у раце сака да спие)... Најново е дека има премногу гасови и додека да ги испушти е процедура виткање тегнење... На крај и плачки и така еве веќе цела недела не сум спиена повеќе од 3-4 саата преку ноќ.. Како да му помогнам со гасовите освен со масажа нон стоп правиме? Веќе во 4ти влеговме уште не им го гледам крајот...
За гасовите најмногу помага правилно поставување на града/цуцла. Ако цица да ја фати убаво брадавицата, со добар вакуум, а ако е на АД секогаш отворот да биде исполнет со млеко. Избегнувај да јадеш храна што предизвикува гасови, дополнително може капки со симетикон и пробиотик.
Моево немаше грчеви долго време,еве го сега полно меше гасови,а уште една иста храна вртам и секогаш убаво е наместен на града. 3 ипол месеци е, до кога траат прдешкиве? Дури прдне коа ќе почне како чигра се врти, аман веќе.
Исто се справуваме со тоа некогаш дури и плаче се жали за да прдне некогаш на вртење си прди без проблем...сепак мислам дека повеќе од што плаче или кенка гуга лапаат воздух доста па после проблем имаат
Еспумисан не давај. Единствено нешто што прави е групирање на воздушните меурчиња во цревата. Како тие се движат така предизвикуваат болка. Целта е да се спречи нивното создавање. Кога цица гледај убаво да е брадавицата фатена за да голта што помалку воздух. И земи си колипрев да се решат грчевите и да се спречува флатуленција плус, зошто може и варењето на млекото да му го прави тоа.
Здраво, ве молам за совет, давам капки Infacolic на база на симетикон дали да додадам и пробиотик имам Биогаја? Овие денови има запек, претходно ок беше, бебе е 1 жесец и сме на АД.Размислувам да сменам и АД, користиме Хип комбиотик, фала