Можно е да има запек од капките со симетикон. Ако има грчеви подобро пробсј со тие на база на лактаза. Штом ена хип комбиотик не би требало да има. Потреба од плус пробиотик.
Здраво мајка, ние сме исто 1 месец, на АД Аптамил 1, давам јас инфакалм 3 пати на ден по 20 капки ама не секој ден, кога ќе осетам дека ги мачат мешињата, и давам биогаја секој ден по 5 капки. Последниве два дена ние имаме потврда столица, какаме ама не како пред овие два дена. Од што би можело да е..?
Како што пиша @Snowflake92 погоре. Исфрлајте симетикони. Зошто воопшто ги препорачуваат за новороденчиња не знам Мајка што даваш аптамил 1, тој нема пробиотик,така да тоа најдобро првите месеци редовно. @Babymama2020 немате потреба од пробиотик плус, формулата содржи што ја даваш. Ама за двете важи лактазата да давате место тоа симетиконите Топла препорака за Колипрев
Дали и вашите бебиња во периодот кога имаат грчеви сакаат да спијат само кај некој на гради?Откако почнаа грчевите никако не сака во креветче да спие, малку ме фаќа страв дека ќе се навикне на вакво спиење и после ќе биде проблем да си спие во кревет, а супер беше првата недела откако дојдовме од болница.
И ние сме само во раце не ми е проблем да го дежам ми е страв да не го искривам од толку држење А сеа дека имаат болки сакаат само во раце зсдо тска им е топло на меше и уживаат
Уште се мали за да стекнат навика или рутина. Ние до 3ти месец се носевме нон стоп, исто ми беше страв да не се искриви. Заспиваше исклучиво на гради, па ја преместував.Престанаа грчевите, малата си спие во креветче, веќе не сака на меше. Гушкајте си се слободно, има време за рутина.
Здраво мајки дали го има некаде nurse harvay сирупчето? Го користевме за грчеви помагаше, и по првата рота вакцина зашто имаше грчеви неколку дена од неа. Сега ни иди втората доза. Имаме 3м и 10 дена, грчеви класични нема, но има мн гасови и е кенкава постојано. Не спие воопшто преку ден, сега почна и навечер да додева. Мислев да пробам со сирупчето ама немозам да го најдам. Нешто слично на природна база да ми препорачате за гасови. Инаку сме на ад, земаме и waya. Може ли да е од капките пливит д3, или скок?
3 месеци и 8 дена, веќе две недели само гасови, додека да се испрди се витка, грчи па дури и плаче некогаш.Навечер се буди на пола саат и сака на цицка, веќе ми е пренапорно. Се надевам дека е скок и дека ке помине.За сирупот негде прочитав дека е дефицит и ке го нема веќе. Јсс читав за Гас Бимби ако ги има користено некоја мајка нека пише искуство.
Првите два месеци освен така не знаеше друга положба за спиење, и цело време во раце, дури во третиот месец малку олабави ама еве сеуште има проблем со стомачето и кенка за во раце. Тоа им е утеха, да те осетат дека си близу.
Зами Колипрев, ротата знае да предизвика оштетување на цревни ресички и затоа така е секогаш. Betty аптеки колку што знам имаат или нека ви порачаат. Со лесно
Јас рекол бимби користам како пробиотик, но гас бимби содржи нане и камилица. Кај новороденчиња со недоразвиен ГИТ тоа што јас го имам читано е дека не е добро да поминува низ цревата кај бебиња помали од 1 година.
Повлечен е од продажба заради рок до 01.02. Би требало денес да ме известат дали ке има по аптеки во скоро време. Ке ви пишам
Значи никаде го нема сирупчето, најверојатно нема во скоро време да го има, немаат аптекиве од каде да го набават, тоа ми беше одговор даден по аптекиве. Не сум од Ск, незнам како е во Ск. Педијатар блиска моја која работи со вакцини ми даде зелено светло за гас бимби. Мене конкретно ми треба нешто за гасови, нема грчеви, уредно си кака,и пеипрема пред втора доза рота, така да овие ке ги земам. Според педијатарката нема потреба кај нас од препарат на база на лактаза, поздрав
Нас многу ни помогна што почнавме да им зимаме Aptamil 1 comfort- за помалце грчеви е, заедно со co lactasa капки и био гаја пробиотикот. Многу ретко им даваме и чајче бекутан
Малата е еден месец. Грчеви имаше многу малку ама глас немаше од неа. Исто така си какаше редовно и гасови испушташе. Почнав да и давам од капките на бекутан и пробиотик ваја. Грчеви додека трае дејство нема ама после тоа целата се грчи. Стомакот и е камен, многу ретко кака и гадови испушта. Планирам веќе да не и давам ништо. Ќе и правам масажи и ќе ставам термофор.