Јас силиконски од Зегин земав 330ден две се внатре на томи типи имаат и во дм на бејби лав само не знам дали се силиконски нека пишат тие што имаат веќе купено такви
Јас му дадов на моето Еспумисан,Биогаи и Колиеф и повторно ми плачеше.Сега не му давам Колиеф и еспумисан му давам саб симплекс и био гаи пак плаче изгледа додека не го прават грцевиве своето не престануват да плачат
Мајки повторно го има во продажба nurse harvey сирупчето, јас сум презадоволна од него. Сега сме 4 месеци нема плачки и грчеви, но мн гасови и мислам затоа и одбива да пие млеко, понекогаш ми делува и ко да ја боли меше кога прди ама мн прди. Незнам со што да пробам, правиме вежби, масажи... дали би ми помогнало чајче од ким? Како го приготвувате?
Тие треба последни да ти се на списокот за давање на база на симетикон можеби му пречат, земи на база на лактаза нешто колеф,колипрев,колактазе или нурс харвеј.Моето повеќе вриштеше од еспумисанот и не ми падна на памет уште еднаш да му дадам Дали цица или на Ад? Ако цица да не не го местиш убаво па да голта доста воздух, а ако е на ад барај цуцли антиколик со отвор на цуцлата.Топло на меше и нозете стискај и ги нагоре за да прди.Смао види ја причинта зошто голта толку воздух
На ад сме, хип комб, пробав и друго млекце слична ситуација. Кака еднаш дневно, претходно како помала какаше повеке пати и немаше толку гасови, можеби со каките ги исфрлаше. Сите антиколик цуцли ги пробавме. Можеби е затоа што се молиме со пиење полузаспана па немам можност да ја дигам да ждригне оти заспана е, можеби и до млекото е. Али океј си напредува до сега, задоволна сум колку толку, родена е 2900 , прв месец 1100, втор 1000гр, трет 500гр и четврри 700гр
има и 4ти скок сега да не е и до него што одбива да јаде.А за какањето и мојот кака еднаш на ден пиеше по 200мл на ден сега му намалив на 170 на три часа и малце му олесни на мешето.По колку мл пие твојата и на колку саати
Мајки како се даваат саб симплекс капките ?Ми ги донесоа од бг.во упатството пишува по 15 капки на секое доење.Како ги давате вие?
15 капки се даваат на бебе над 5 недели. Претходно по 10 до 12. Максимална доза за новороденче е 4 пати по 10 или 1,6 мл Над 5 недели 6 по 15 капки или 3,6мл Се препорачува размах од 4 до 6 саата на давање. За мене до сега најдобрите капки. Бебе се смирува веднаш.
Мојата е два месеци,навечер и се грчевите,може ли само еднаш да давам по 15 капки? Пред доење или по доење се даваат?
Од кога почнавте со капки? 12 дена е малата, почнаа грчевите од вчера. Се стега и мешето и се прави тврдо.. кака 3-4пати дневно, но некако течна столица е,не е кашеста. Педијатарот освен Биогаја ми рече друго не,во смисла на чаеви, а дома имам само термофорче.. На секое менување пелена има трага од кака, изглеа се напнува цело време а не може да се олесни..
На 13ти ден ја однесов на контрола и педијатарот ми рече да и давам капки ако има потреба. Јас почнав од 17ти ден, тогаш приметив дека има мака
Кај кој педијатар ја носиш? Неделава сме на контрола ќе прашам баш, дотогаш термофор.. Како и што не јадам ништо, се чудам што и предизвикува грчеви. Кои капки ти ги препорачаа тебе?
Др Симонида во Систина. Колиеф ми рече да давам. Откако ги потрошив земав Колактаза, скоро дупло поефтини беа. И кажав и на неа дека сум сменила, ми рече немај гајле, исти се само друга фирма ги прозведува, слободно продолжи со вторите.
Јас имав во Биофарм(мислам така ср викаше) последно земено кога бевме таму. Карши балонот на туристичка. Мислам дека ординација некоја имаше до аптеката...или Мерифарм и таму имам купено
Ние сме со капки од сам старт откако си дојдовме дома и искрено имаме грчеви сма се во многу блага форма пу пу да не го заречам Така дс мислам дека можеш одма да даваш за да си биде мирно детето Ние користиме колиеф
Јас се породив во Ремедика. И баш прашав, веднаш од раѓање и дале колипрев. Па така и јас кога си дојдовме дома си продолжив да си давам. Инаку имам пишувано ама да ти олеснам малку. Храната што ја јадеш е битна но не и пресудна. Бидејќи единствена храна на бебињата во првите месеци е млекото. А кога ќе се родат цревата не им се со полна физиолошка функција, т.е панкреас не излачува доволно ензим, цревни ресички слабо развиени... Млекото нормално има шеќери, кои нема што да ги разгради. Почнува феементација во цревата итн да не должам. Значи сите нови мамички. Не давајте било кој симетикон, чаеви итн. тоа ништо ама баш физиолошки не може да помогне. Топло да, масажи да, пробиотик и се разбира ензим лактаза. Се друго ви е фрлање пари. Јас лично колипрев не го менувам за ништо. Сепак изборот е ваш како и бебињата, ова е само стручен а и совет од искуство. Поздравче