Ги користев Еспомисан капките и беа добри на почетокот и после почна пак да има мака. Ги сменив со Pediacol и 15 дена поминаа малата нема никаков проблем. Топло ви ги препорачувам.
Мајки мене бебулето од рота вакцината ми се изремети скрос. Толку силни грчеви има што првиот пат кога врисна помислив дека сме исчашиле рамо и трчав на болница. Од тогаш секое пладне до вечер го фаќаат. Само овојпат ги препознавам и давам еспумисан капки. Прима и биогаја секое утро. Прашањето ми е до кога вака? Еспумисанот моментално му ги олеснува и испаѓа секој ден мин 2 пати да мора да му давам. Има ли нешто плус за да ги надминеме побрзо да не се повторуваат? Само на мајчино млекце е а јас не сум променила ништо драстично со мојата исхрана веќе 3 месеци па да речеме од мене дека му се. Исто така немав претстава што е тоа грч кај бебе и како изгледа бидејќи ги немаше до пред вакцината на 2 ипол месеци. Знаеше да се стегне да нечка некоја минутка додека да му се придвижат цревцата и убабо да се испртка без плачење. Сега ужаш...
Зимај лактаза, Колипрев. Еспумисан не давај... храна ако не менуваш едноставно ротата го прави своето. Треба време дур се среди цревна слузница. Скоро секое бебче минува низ истото. Симетиконот само може плус запек да му направи.
Еспумисан капките како ги дававте по колку капки колку дневно и дали пред подој или после? Ние сме две недели и од чера почнав со еспумисан давам по 10 капки 3 пати на ден. Дљли е ок така или??
Здраво, бебе е 3 недели, почнаа грчевите, давам ваја пробиотик, чај бекутан ама нема ефект. Сега земав Колиеф капки, како ги давате? На комбинирана исхрана сме, ја доам плус хипп комбиотик после секој подој.
капнував во лажичка со измолзено млеко можеш и во шишето со АД ама откако ќе излади, капни и промешај мислам дека беа 5 капки ама не сум сигурна, прочитај на упатството околу дозирање, да не се случајно 4...
Смрни ги еспумисанот бетер грчеви прават можеби ти изгледа дека се смирува бебе ама после е бетер од што било
Од тие давав по 3 пати на ден по 20 капки.Приметив дека не секогаш и помагаат затоа што ќерка ми продолжуваше да има грчеви. Ги сменив со Pediacol кои ми ги препорача докторката тука (не живеам во Македонија) и ги давам после секој подој. Јас 15 дена како да немам бебче, многу е мирна, и јас одморена и бебе среќно.
зошто еспумисанот го бие лош глас? мене тоа ми препорача педијатарот доколку имаме проблем со грчеви.
Да на секиј оброк до 12 капки по оброк максимум во екстремно лоши случаеви. Моето на ад беше 8 пати по 8 капки ставав кога беше 3м.
Точно. Ако доиш прво капките, па си продолжуваш да доиш. Ако сте на ад во формулата веќе подготвена ставаш. И не се секирај не е многу. Плус даваш нешто што е составен дел на телото, нити хемија, нити билки. Давај си по табела за да ви делува најдобро.
Затоа што им останало навика да го спомнуваат. Инаку не е за еспумисанот, туку кој било симетикон. Хемиски дејството му се знае дека само може да направи бебе да испрди. Ама тоа гасовите групирани низ црева да ги исфрлат е болно. А потоа прави и запек. Барем кај многу голем број од бебињата. Затоа сите што сме се мачеле после симетикон реагираме така