јас давам 2 вечери по ред, 15 капки директ во усте и ноќеска имаше 2 протекувања, изгледа експлозивно исфрлила измет дур се мачела да се испрди. ќе го прекинам со време тогаш, пред да почне да ѝ прави запек. кои други капки се подобра варијанта, колипрев?
Земи пиј чај од анасон имаш на хип на бекутан или бекој друг ако најдеш по билниве аптеки ако евентуално сакаш можеш и на бебе малце да дадеш. Мене ниедни капки не ме спасиле како чајот од анасон. Тие грчеви кај нас трааеа 3-4 дена и ќе помине. Евентуално да смениш капки колиеф...
Мислам дека е зашто е симетикон. Мене па педијатарката ми рече да не го давам да давам колиеф колипрев нешто слично, дека според нејзе еспумисанот било повеќе за повозрасни да им олесни дека е со симетикон. Иако јас ги имам пробано немавме запек ама немавме ни некој ефект
Давам биогаја капки веке 3 дена ама бебе како повеке грчеви да има од капките. После колку време делуваат капките?
Смени ги и на нас ни правеа проблем икао продолжив по препорака на педијатри ама за некои работи и подобро да не ги слушаш.Смени на Ваја,Линекс...ние користиме плус Линекс мислам дека сто пати подобро му делуваат одколку биогаја (напумпан е брендот дефинитивно)
Zdravo.. nova sum go forumot a I vo majcinstvoto isto taka.. bebeto mi e 5 nedeli go dojam I plus dohrana nekogash po potreba koga moram.. sakum da prasham Kako primetuvate koja hrana mu prechi na bebeto sto ja konzumirate vie..ima grchevi no ne sekogash ne sekoj den I nemozam da primetam od Sto..Fala vi odnapred ❤️
А за што е пробиотикот? Јас од тој страв дека полошо ќе му е, не му давам капки. Вчера поплачи 3 сати рацете ми паднаа да го смирам и на крај се смири и заспа и биогаја не му дадов. Ми иде да ги фрлам низ прозор затоа што може да се излажам и да му дадам некогаш ко ќе го фатат грчеви.
Пробиотикот е за нормализирање бактериска флора. Корисен е да, посебно бебиња родени со царски. Додека грчевите настануваат од лактозата во млекото или голтнат воздух. Тука пробиотик нема како да помогне... Едноставно нема такво дејство. Ако фати грчеви, т.е да не фати давај си ензим редовно.
Добредојде. Овде ќе најдеш поддршка и совети сигурно. https://www.grcevikajbebinja.mk/intolerancija-na-laktoza еве ти мал прирачник, како д препознаваш грчеви, што да не јадеш и слично
И ние мака мачиме со грчевите, претходната недела 2 дена таа плаче, јас плачам, што го гледам како се мачи. Од синоќа пак ми станува цела ноќ на секој саат, бара да цица, цицне 2 пати и заспие, и пак се буди... дури сеа ми заспа пред 1 саат, ќе ја успијам за 10 минути вреска, се грчи, вцрвенува во лиценцето. Ја ставам на меше на ногата и си заапива. Душата ме боли кога ја гледам така и на секое цицање ептен и кркорат цревцата, едвај се искакува. По еднаш дневно, или ни еднаш.
Па добро. Ако сте на доење и не мора да кака секој ден. Немој да се плашиш ако не кака и 5 дена. А грчевите се друга приказна, кркорењето на цревцата значи дека ферментира млекото што не е баш добро. Имаш и линк погоре баш видов. Прилично корисен е прочитај го
Истово сакав да го пишам, бебе мое е 34 дена, имаме мака со грчевите ама со ваја пробиотикот и колиеф капки подносливи се. Вчера и купив Биогаја , ај да сменам, леле тоа беше хорор, плачки, грчење без престан, нит спиеше асално, не сврза сон повеќе од еден саат,никогаш не било вака. Сега му реков на маж ми ваја да купи, не се осмелувам пак да и дадам од Биогајата.