Здраво, бебето е два месеци. Многу плаче кога има гасови, а има многу, постојано. Кога би требало да престане ова? Поради гасовите цел ден е нерасположена и лесно се буди
Ние сме 5 месеци уште ги има само со Nurse Harvey's малце полесно ги поминува не се толку чести како на 2 месеци али сепак уште ги има
Може ама подобро земи било што друго одколку еспумисан можат само повеќе болки да му направат додека да му олесни(испрди)
Да ве читав доста со негативни искуства , ама па и позитивни слушнав од други , и секое дете различно ипак е , една ден давам до сега нема сменето на полошо , си пртка се кака , ќе видиме 2 3 дена како ќе реагира ако му сметат одат у корпа без размислување одма , со ќерка ми само едно слушав и тоа , не испробував мн , сега ќе пробувам се што може и кое ќе му одговара тоа , он нема мн јаки грчеви сега за сега , ама си има тегоби 2 3 дена кенкав е и се , линекс иам дома па ми беше дали е ок да давам и од него плус да комбинирам , пошто не ми се користени овие претходно ..
Линекс е пробиотик немаат врска со грчевите тие се за столицата, од кога почнав да ги користам два пати во ден кака без напрегање за разлика од Био гаја што запек му правеа само
Да јасно ми е тоа , јас и општо сум За давање пробиотик и до големки , нема негативно од нив , и ќе давам секако и да нема грчеви , добро влијае на цревна флора и на се општо , не се дава само за какање , а линекс имав дома па да не земам др да го докористам него , не знаев дали може да се комбинира со еспумисан , првпат ги користам па малце збунка во ум ми се случи .. Фала сепак
Дали е можно од капките за грчеви да нема редовна столица бебе? не е какана веќе 2 дена. И колку пати ставате во млекото од капките?
Да можно е , давај и пробиотик или прекини ги капките пробај без нив .. Масирај меше , чајче евентуално дади или ти внеси чај , супа , нешто сливи ако доиш ..
Откако ја прими ротата бебе машко кое до 2 и пол месеци незмаевме што е грч. Сега секој ден по три пати епизоди. Со носење во раце да е превртено на меше, масажи, прво еспумисан па колиеф па сега и nurse's Harvey. Нема си го фаќаат можда не толку јако и побрзо му ги смирувам олеснувам ама редовно. Ме уморува. После и да ми се смее и да игра јас сум исцрпена. Разбрав дека со втората доза рота стомачето откако ќе се избори се враќа во нормала. Можно ли е? Има ли нешто а да не сум пробала? Бебе расте напредува едино ми е страв дека со развој касниме од што пола од времето е пренервозен за вежби од типот да седне со исправање или сам на стомаче.
Ќе му се смират. Моето имаше грчеви многу . Му се смирија па со втората доза ротс пак имаше ама не толку изразени освен пробиотик редовно ништо др не деавав се смирија по една недела одприлика. Ќе помине не фрижи се вежби топло на мешето пробиотик доволно е
Случајно ми излезе ова, може од помош ќе ни е. Ќерка ми вчера и некни страшни грчеви имаше, до сеа ова беше најлошо виткање, пискање.... таа писка јас плачам и така . Гледав една емисија за грчеви, велат максимумот се достигнувал во 6та недела, а до 12та би требало скроз да исчезнат. Бебчето е полни 5 недели и 1 ден, се надевам дека полошо од ова нема да биде.
Ние до 5 месеци ги имавме нормално зависи од бебе до бебе ова моево со нежни црева е изгледа горе пишува компир дека не предизвикува, а јас се утепав компир јадење а он од вриштење кога го тргнав компирот од исхрана одма имаше подобрување , си имаше грчеви али не беа до зајдување
Не се опуштајте мајки, пазете на исхрана, кај моето на 3ипол месеци му беа најстрашни грчевите, а почна да ги снемува во 5 месец... Кога исфрлив млечни производи му беше подобро.
Јас мислам дека секое бебече различно си реагира на одредена храна што ја внесува мајката во однос на грчевите .Еве на пример јас пијам и јогурт и млеко па на бебето мое не му смета и не му прават грчеви.
Да, секако. Јас само споделив искуство, можеби на некоја мајка ке и помогне зошто знам каква мака е борбата со грчеви.
Јас до сега се имам напиено неколку пати навечер што легне да спие. Секако не бара да цица во текот на ноќта, па се измолзував и тоа го фрлав, за секој случај...