Скоро 2 месеци. Почна пред крај на прв месец да врзува сон 6-7 саати, бевме 2 пати на мерење од тогаш, супер напредок има, по 40 гр на ден качува во просек иако едно ноќно цицање прескокнува. Бара да јаде дури накај 5, 6 сабајле.
Јас утре првата вакцина, леле што ќе тргам мајко моја знам секогаш ми се паѓаат најтешките работи мене, ќе видите..
Како сте задоволни од Колиеф ? Морав да земам, цел ден се мачи бебе. Едвај прднува, а си кака нормално по два три пати на ден. Плаче и се стега а не може да испушта гасови
ОК беа ама ги заменив со колактаза, во Еурофарм 380 ден се и некако подобри ми се чинат иако у принцип треба да се исти со Колиеф
И јас пратив маж првично по колактаза, немало, па му реков земи Колиеф. Составот е ист да, досега само пробиотик давав ама нема фајде. Барем да ми се смири малку дете.. Како се даваат, пред секој подој?
Со ќерката ги користев задоволна доста , сега бебево имаше еднаш мака така 2 дена поеќе го мачеше мешето и заплачуваше дури прдне , давав еспумисан и линекс комбинација , и термофорче му ставав по малку , па после тоа прекинав со еспумисан , сега давам линекс само еднаш дневно приквечер , и јас пијам од чаевите мн ( за лактација тој и бебешки хумана или хипп што ми се погоде ) и мислам дека многу значат и они , до сега е добар со мешето без јаки грчеви , минимално го маче некогаш .. Исто и го масирам со маслото на хип на меше секоа вечер..
Ма ова не дава да го допрам на стомаче не па масажа Уште толку посилно плаче ако пробам да ја масирам,или само ставам рака на стомак. Ни термофор помага.. Чаеви и јас пијам ама нема ефект.
Ох душичка , ептен изразени има Да пробаш со сирупчето што е Нурс Харвеј како беше тој или капки ако има кој да ти најде Саб Симплекс ги фалат и тие ама и они се на база на симетикон исто е и еспумисан си е , можиш и со него да дадиш ден два да видиш како ќе реагира .. И чај пробај мајчина душица пиј чист по чаша две или од липа по една чаша , имаат добро дејство и тие . пример јас некоа ден пијам од нив некоаш лакта микс ( оти и лакта микс содрже мајчина душица па да не претерам ) Ја се долевам буквално со чаеви
Ја некад пред, некад после подој давам. Не на секој оти сметам нема потреба во одредени делови од денот. Научив кога почнуваат грчевите и со капките почнувам во подојот пред грчевите, терам до вечер. За вечерното цицање пред легнување не давам и така терам до следен ден до кај 3-4 саатот. На почеток кога рикаше давав на секое....
Капки за грчеви колку пати ги давате во рок од 24 часа? И по колку време ги оставате да отстојат во млекото?
Зависи од капките.. Ако добро се сеќавам на Колиеф во упатството пишуваше да отстојат пола саат во АД пред да го дадеш, а за мајчино молзеш, ставаш капки и одма даваш. Колактаза исто се постапува со мајчино, за АД не знам.
Зависи од капките. Само колипревот може одма без да чекаш или се молзеш. Јас во лажичка и после си се доиме. Ако е ад во шишенцето и бебе одма пие
Давам колактоза,повеке сме на ад и капки во ад ставам и оставам да отстојат 10-15 мин ако баш гладна и расплакана,ако не оставам и по пола саат. Валда е тоа ок
Сеа баш го читам упатството за колактаза, вика да се промеша само со АД кога е на темп за хранење, не мора да се чека а има и инструкции како да постапиш ако однапред го подготвуваш млекото па го чуваш у фрижидер. Ваљда ова што го правиш ти е исто ок
Неколку работи само вртам на мени за јадење, и пак на се ми реагира. Вчера и земав и Бекутан капки против грчеви, пошо вчера го достигнавме максимумот во плачење и грчење.. Кај нас нема одреден саат, цел ден си плаче и црвенее Кои чаеви беа за јас да ги пијам, анасон и ким само ?