Давам Ваја,Колиеф и ајде и Бекутан да му дадам шанса.. Што е по состав тој сируп? Вчера и спремив ад мислев од глад вришти, неќе да и ја допрам цуцлата до уста не па да повлече да пие. Како да и дадам чај кога не знае да пие од шише?
Сигурна си дека се грчеви? Да не е и во некој скок дополнително па да одбива.Мојов со 3+ проток млеко пие,а вода со 0+ се дави така да пробај со варен ким или анасон ако мислиш сека е до грчевите топло намеше и вози точак до ноџињата(ова највеќе помага за грчеви). Евентуално да пробаш вака најди го на јутуб не можам линк да пратам
Дури не може да се нацица убаво од што ја боли. Дадов од бекутан капките, и 4 капки колиеф, направивме вежби како да вози точаче, се изнапрде ко старо чиче, се нацица убаво и заспа. Раат и двете ...
На бебе мое му давам ко лактазе, последна доза пред пола саат, дали може да и дадам одма Nurse Harvey сируп? И уште едно прашање, ова прашоков сода во капачето, треба да го истурам во шишенцето? Ајј хелп @Alishan30 мислам ти го користеше сирупов, ако сум грешка извини Или @Brpbrp
Треба да се истури прашокот да. Ама на моето тој сигуп не делувапе добро. Инаку може да се користи во комбинација со колактаза.
Да треба да се стисне да се измучка убаво и се чува во фрижидер јас дваав по 3мл некако многу ми се видоа 5мл
Ја за 7€ ги најдов во австриа и герм мисл поевтини се така не се 10€. Само не ми се стигнати , ги нарачав да ги имам на база на симетикон се и тие како еспумисан ама со подобро дејство се , мн препораки има за нив.
Да доста се добри и помагаат иако се на база на симетикон, за разлика од еспумисанот што повеќе одмага
за Eспумисан не би да коментирам лошо , само ќе кажам Секоја мајка нека си пробува се доколку има мака бебчето , секое бебе е различно ако кај две три реагирал лошо незначи кај секое исто ќе е , треба шанса да се даде на се . Моето искуство ( ако се рачуна како искуство ) од 3 дена давање еспумисан не е ич Негативно , не давам поеќе сега и кога давав , давав 2-3 пати во дента со комбинација линекс еднаш во ден и океј беме , ама не ни имаше силни грчеви , онака беа .. Од такви муабети ова лошо ова добро , ќерка ми 2 недели ако не беа и 3 се отепа вриштење и мачење од што не зимав не пробував др раб туку само "извиканите" оти нели најдобри се. Ама едно е само точно дека секое бебе , секое меше си е своја приказна Бидете опуштени и ризикувајте некогаш
Се мислам кои да ги земе мм капки бекутан или колиеф. Со кои сте имале подобро иакуство. Колиеф имаме земано, ама тогаш ни немаше некои грчеви. Сеа само со пробиотик сме. Јас тотално ќе менам исхрана, оти цела ноќ на пола саат ми станува, се грчи, црвенее, плаче..
Јас давам од сите три. И пробиотик и колиеф и бекутан. Почна да ги испушта гасовите, и ниту се грчи ниту вришти овие три дена.
Здраво, дали некој знае како се употребува сирупот Nurse Harvey's сирупот? Воглавно ме интересира дали може и ваја пробиотик и ко лактаза со него? Или само сирупот? Не ми кажа педијатарот ништо околу тоа.
Ги имате ли користено овие, како сте задоволни? На мм му ги препорачале во аптека и ги земал. И вчера си спиеше цела ноќ. Преку ден имаше грчеви, а ноќта си отспа од 21:30-03,03:30-04:30 04:45-08. Е сеа дали од капките или инаку и се смириле не знам.