По ова што кажуваш, личи на грчеви. Земи Колипрев, меѓу најефикасните се, а и повеќемина имаат добро искуство со нив. Со нив и Ваја можеш од 1 ден да тераш. Прави му "точаче" вежби со ноџињата за да ослободува гасови полесно, додека да му се навикне мешето на млекце.
Од Ваја пробиотикот му дадов веќе, за грчеби да земам денес, секако нема да има фајде до вечер, после колку време ижа ефект?
Кај нас веднаш делуваше, првиот ден. Не сум сигурна точно за колку брзо делува, но би требало да е брзо и кај вас, секако. Претходно користев и Био Гаја -од нив беше само полошо, потоа се префрлив на Еспумисан, се додека не разбрав за нивниот состав, а и на синко почнаа да му прават проблеми со запек по долгорочно користење. Со Колипрев завршивме со грчеви целосно, какаше најнормално и до почетокот на 3 месец веќе немаше потреба од никакви капки.
Како читам лоши коментари за Био Гаја се уплашив. Бебе има 12 дена, секој ден и давам од нив, до сега никаква реакција нема. Баш е мирно бебе само цица, кака, спие. Кога отприлика почнуваат грчевите? Ме плаши тој период, се надевам нема многу лошо да поминеме.
Секое бебе е различно. На моето (3+++) од почеток му давам Био гаја, исто нема никаква реакција. Не се плаши може и грчеви да нема, инаку тие можат да се појават било кога.
Не да не сфатиш погрешно. Ниеден пробиотик не е штетен, само кај некои бебчиња други пробиотици се покажуваат како подобри. И тоа е сосема во ред. Не дека е правило ама околу 3 недела најчесто почнуваат грчевите. Мој совет ти е паралелно со пробиотикот да си даваш ензим и воопшто да не стигнете до грчеви. Имаме доста позитивни искуства од колипревот (мој предлог)
sekoe dete razlicno .. na vtoroto nas ni pomognaa na prvoto ne .. od prvata nedela pocnav da davam probiotik
Од болница ништо не ми кажаа. Патронажната рече може од одма. Така да, накај 10ти ден почнав да давам. Кога отидов на прва контрола, бебето беше околу 2ипол недели старо, педијатарот рече добро си направила со пробиотик.
Мислам дека членката прашаше до која недела /месец не од која.. А и јас би сакала да знам до кога може да се дава
Нема одредено , колку си сакате . Некогаш е добро мала пауза ако се дава подолго , можиш до година две пет . Не смета , влијае позитивно .. На провен има добри и за тодлери за пред школска возраст , за бебиња си е добар и тој ..
Се мислам дали да дадам чајче за грчеви, тие што давате чај може совет по колку мл се дава и колку пати на ден, дали по оброк, кога се дава....? Друго прашање имам во врска со пробиотиците, се даваат во комбинација со капки кога бебето има грчеви, или се дава само пробиотик за да ја регулира цревната флора. Дали се даваат само по потреба кога детето има потешкотии да кака, или се дава редовно секој ден пробиотик?
Пробиотикот се дава секој ден редовно. Може во комбинација со капки. Конкретно за чај против грчеви не знам да ти кажам. Моето имаше проблем со какање и педијатарот ми рече да пробам со чај, 100 мл во текот на цел ден измеѓу подои да давам. Среќа, не стигнавме до таму. Ако доиш би ти препорачала да пробаш прво ти да го пиеш чајот, да видиш дали ќе помогне преку твоето млеко.
@Bicka77 може да ми кажеш како се даваат капки? Ги нарачав а сега ја дојам, може ли после доењето или од утре да почнам да и ги давам?
Јас секогаш после подој измолзувам неколку капки млеко во силиконско лажиче па капнувам од капките и така давам. И тие против грчеви и пробиотикот така, оти е мрсен па ако го ставиш само него се лепи за лажичето а вака се сврзува со млекото
Зависи какви капки се. Ако е лактаза треба да се дадат пред подој, а не потоа. Тоа со одмолзување или не е како ви е полеснони попрактично, така...