Со одмолзување ми е полесно оти ако и ги давам директно многу ми мрда и го плука пробиотикот. Инаку за лактазата во самото упатство пишуваше во млеко да се стават, и за АД и за мајчино.
Земавме капки Colactase, тие што ги користеле ако може да ми кажат како се дават пред подој ли, после подој...?
Епа еве @Leksikon вика дека треба пред подој. Јас секогаш веднаш после подој ги давам и гледам дека помагаат ама можда грешам со давањево... Откако ја прочитав Лексикон, решив во понеделник за се јавам на педијатар да прашам.
Ние од денес почнавме со Colief, синко има 15 дена, и педијатарот ми рече пред подој во лажиче со капки млеко, или во АД да ставам. Чисто како инфо,може ќе ти се најде
Пред срц. Всушност треба да има ензим во цревата кога ќе стигне млекото. За да ги разградува шеќерите. Затоа треба пред или ако е ад внатре во него. Јас користам колипрев пошто тој е веќе активен и побрзо делува,во смисла да не се чека.
здраво мајки, моите близначиња се 2+ и се на адаптирано, до сега користев само ваја капки но неколку ноќи многу плачат и виткаат нозе , педијатарот ми препорача бекутан, ве молам искуство како ги давате со ваја капките, и како делувале кај вас
Симетикон се бекутанот. Јас лошо искуство многу. Најдобро земи колипрев. Секако ензим им фали на бебињата. Јаа сум презадоволна и сите што ги користеле исто.
Ах кога ќе се сетам колку мака имавме со грчеви.Во точно определено време,секој ден два месеци.Само тогаш немаше капки,освен бекутан чајче.Се сеќавам педијатарот ми препорачуваше 3-4 зрнца ким во малку превриена вода за ослободување на гасови и масирање на мешето ,(претходно раката со витаминска маст)нежно околу папочето во правец на стрелките на часовникот.
Двете се лактаза, но различно е добиен ензимот, и кај колипрев дозирањето не е исто(може да се даваат повеќе капки-табела во упатството), има и активен ензим што е огромна предност, посебно за тие на АД. Јас сум далеку позадоволна од колипрев.
Тогаш кога бев загрижена, се искака 10тиот ден. Пробував со топломер во газе на 7ми и 9ти ден, ништо не се случи. Пробував цело време масажи на стомаче и вежби со нозе, преку моја исхрана ама ништо. 10тиот ден педијатарот ми кажа да дадам чај од анасон, не стигнав ни да купам, девојката се искака тоа сабајле. Следно какаше после 7 дена... Без плачки, без ништо, само ќе се напне 3 пати, ќе поцрвенее во фацата и после се смее како да знае што направила
Па добро им доаѓа и затоа се смеат а пред тоа напнуваат и се црвенеат. Моево вториот месец ми какаше на 4ти ден ама со чепче после го почекав само да се стабилизира одеше до 5 дена, ама третиов месец добар е секој ден кака.
Колку пати во денот давате капки против грчеви? Јас земав Колактасе, и пишува на секое хранење нели е тоа премногу? Бебе цица околу 10 пати во денот.....па незнам колку пати да му давам...
Јас почнувам од првото цицање после пладне и ги давам до последоното цицање таа вечер. Преку ноќ ако се разбуди да цица не давам. Приметив дека рано сабајле и околу пладне нема грчеви и затоа не давам тогаш.
Значи сите си имаат проблем со какањето. Јас и ставав топломер пред 2 дена за да мериме температура и ништо од какање денес 4ти ден, до вечер се надевам ќе се искака.