Ги има во аптеката Ани фарм во Капитол,јас само таму ги најдов,види на нивната страна ако може и онлајн да нарачаш.
Колипрев имате во сите Betty аптеки...тие што се со Бети ознака...а кои аптеки се Бети побарајте на Гугл
Како што читам повеќето мами даваат капки плус пробиотик, е сега капките ќе ги ставам во неколку капки измолзено млеко во лажиче, пред подој, а пробиотикот кога се дава, во исто време ли кога се даваат капките? И да препорачате пробиотик..
Дали сирупите Nurse Harvey's COLEX и Nurse Harvey's FOOD SUPLEMENT е едно исто? Од аптека ми дадоа food suplement, а сега гледам на нет има сируп на којшто пишува colex.
@Brpbrp А како и ги даваше? Гледам 15 капки пред јадење пише, ама ние дневно од 10-12/13 пати си цицаме, многу ќе е тоа. И даваше ли плус и друго нешто со нив или не? @sunmoonstars Ќе пробам, ќе видиме. И сеа имаме проблем со какањето, ете 5ти ден нема ништо.
Му ги давав по потреба али размак да има барем 4 саати најмалце .Обично сабајле и навечер ги давав немав потреба од повеќе пати да ги давам зошто се смируваа грчевите
Жени, ги имам Колиеф капките, ми кажаа дека сме на доење демек поретко се давале, дали ги дава некоја што дои, и како ги давате по колку капки навечер, и дали со млекце ги оставате да одстојат? Ми рекоа да земам Еспумисан, ама читам дека немале некок ефект.
Јас сум со доење и АД, кога го дојам ви лажиче пред доење ставам 4 капки, и капнувам од млекото мое и му давам, и одма на цице, а навечер кога давам АД, 4 капки во шише ставам, чркам некои 5,10 мин и му давам. Максимум 7 пати во денот по 4 капки му давам.
За АД мислам пишуваше да стои пола саат а во мајчино може одма. Ако го има некоја упатството да го сподели, ја го фрлив.
Не фрижидер, ензим се чува на собна температура до 25°C. Нити на жешко, нити на ладно. И тоа важи за било кој производител. Инаку треба да се почека кај колиеф, колипревот одма може.
Ги ставив 4 капки во мајчино млеко, постојаа пола саат и му ги дадов со лажиче. Кај мене се отворени веќе една недела.
Нема врска, ионака ќе ги потрошиш кај и да е. Не ги ставај во фрижидер Рокот е секогаш 3 недели од отворање.
Ако не грешам мислам дека на упатството од Колиеф си пишуваше после отварање да се чува во фрижидер. Моментално користам Колактаза и нив ги чувам во фрижидер оти така пишува на упатството а како да се сеќавам дека и колиеф ги чував така-ништо на своја рака, се според упатство терам.
Не ми текнува на упатството, го фрлив, а на нет колку што најдов пишува до 25 степени мах. да се чуваат, и три недели од отварање. Не знам сега...
Пишува сепак во фрижидер да стои, а менр врќе недела дена ми стојат така, отворени. Не знам што да правам...