Јас еве веќе трети месец како ги користам и бебче стварно има мн.ретко и мали грчеви ,е сега дали е од капките или такво си е бебенцето не знам
Засега сме со пола доза Бекутан капки, еднаш сабајле и еднаш попладне и ок сме. Не се непостоечки грчевите ама многу се ублажени.
Ние земавме термофорче вчера, и Еспумисан Л капки, и подобар беше малце од малце. Сакам да пробам чај од ким и јас да пијам и на него да му дадам, како го правите ако знае некој да каже?
Јас наместо да ѝ давам пијам чај, итоа 2 лажици во толчник ги толчам и ги ставам во 300мл зовриена вода. Си го мешам со сокче или со ладен чај и толку. Се секирав едно време да не е многу, ама педијатарот ми кажа дека е апсолутно безбедно, плус кимот е богат со железо што мене ми одговара дека железото ми е многу ниско.
И помага така кога пиеш ти? Дали од грчевиве може да поврати, едно по друго како цицаше така исповраќа, и пак му се јаде, како ништо да не јадел.
За повраќаното само да ти кажам, на нас ни изгледа многу а уствари малце е реално. Поистовети го со отварање кисела вода на пример - ќе испрска се лом ќе направи а кога ќе го погледнеш шишето пак е полно.
Помага, да. Дали користите анти рефлукс перница и дали ви помага? Мојава само се гади, не повраќа ама педијатарот ми каж на таква перница да ја ставам...
Ме е добра според тебе? Дека многу повраќа и не знам дали е паметно да ја земам. Како би го наместила душекот во таква положба?
Добра е. Пишав дека ја препорачувам, објаснив и зошто ја користам - поради повраќањето (кое се среди со користење на перницава). Под страната кај што му е главчето стави ја анти рефлукс перницата и ќе се подигне душекот. Можеш и со постелнина да го подигнеш, ќе ја ставиш испод душекот, само внимавај на падот.